значи темата ја направив бидејќи бев инспирирана од така наречениот Динамо, многу успешен магионичар, не ми е целта да правиме лоши магии да уништуваме животи ,туку трикови како исчезнување на паричка , претварање и други .... сакам да го видам вашето размислување за ова
Мене темава ми е океј, не знам што толку се потресовте. Може дека имаше лошо интро, не знам. Како и да е, ако иде на редактирање јас би ја крстила ,,Илузии и трикови'' црните магии се излишни за споменување овде, немаат благе везе со темава. Еве ви пар трикчиња... https://www.youtube.com/watch?v=G303o8pJzls https://www.youtube.com/watch?v=DRCMdnCr6h0 https://www.youtube.com/watch?v=M419D6LsqZU
Ајде да правиме магии (трикови) Да, и јас мислам дека темата е интересна, бидејќи пред се магичните трикови и илузиите се апсолутно извонредна работа. Конкретно Динамо, зборови немам за него, неговата магија е mind blowing. Само да, да се промени насловот, бидејќи звучи како овде ние на Фемина дека ќе правиме магични трикови, што со седењето и пишувањето мислења сигурно нема
Ајде да правиме магии (трикови) Можеби и на куб,но тоа со паричките не е магија,туку трик како што пишува во насловот на темата.Триковите постојат,магиите НЕ!И јас сакам да научам така со паричките да прам .Од секогаш сум била фасцинирана од тоа. Сакам да научам да правам трикови,но не и магии.
незнам што ви е проблемот, убаво си го кажете мислењето дека не ви се допаѓа името , дека мислите дека има по соодветно име ,другите како што кажаа . ок , мене не ми смета продолжете си Спојлер и магии пишав за да поубво го доловам тоа што го мислам бидејќи пиување меџик Динамо, но во ред е и што сте ја смениле и што сте ме сватиле што сакам да кажам позз
Па, онака се ставени, само како линкови, не знам зошто не се ,,претвараат'' автоматски у видеа. Ај некој нека ме информира како треба ако знае. Од овие симболчиња горе као - code, url ; [*] ; List = итн. кое треба да се употреби?
Јас успеав да направам два трикови... Еден со париче што исчезнува (овој е многу потежок) и еден друг. Еве туторијал за паричето: http://www.youtube.com/watch?v=fYyn5-zleHo А за другиот не можам да го најдам видеото, па ќе ви го кажам. Спојлер Ви требаат најмалку 3 кутивчиња од кибрит (едната мора да биде од кибрит, другите две не) и ластик. Испразнете ги двете кутии од кибирт, а другата зацврстете ја на раката со ластик. Облечете некоја блуза со пошироки ракави (долги) и одберете си волонтер. Речете му да одбере една од двете кутии. Кога ке одбере земете ја таа кутија и протресете ја со раката на која ви е закачена кутијата со кибрит. Нели ќе се слушне звук, како да има нешто во избраната кутија. Но отворете ја и БУМ! Нема ништо во неа. Ај белки ме разбравте
Јас сум буквално фасцинирана од магионичарите, и можам по цел ден да ги гледам, и да си ја трескам главата...т.е во минатото си ја трескав многу повеќе, кога бев без интернет. Секој трик е смртоносен, ако магионичарот и помошниците не се добро извежбани, значи за трикот да е успешен им треба само едно - пракса, пракса, пракса, саати и саати дневно, се до совршенство. Порано имало неколку смртоносни случаи, пошто немале бек ап план, или немале излез од одредени опасни ситуации, ама денес, мислам дека има закон или нешто слично за да имаат излезна ситуација во секој опасен трик. Еве видео кое добро објаснува некои трикови. https://www.youtube.com/watch?v=PUhglavOi-o
Во врска со Dynamo, јас ова не би го нарекла трик, не знам како да го наречам http://www.youtube.com/watch?v=VmYnl7FBEPo