1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трилече

Дискусија во 'Рецепти' започната од irena.1, 14 ноември 2012.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да почнам нова тема или во некоја веќе постоечка да пишувам.
    Ќе знае ли некој да ми напише како се право десертот *трилече*. Го има по слаткарите, а никаде не кажуваат како го прават, демек тајна фамилијарна. Тоа како тортичка попарена со млеко, но како точно.
     
  2. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Состојки
    Пандишпан
    6 јајца
    300 гр шеќер
    1 ванила
    300 гр брашно
    1 пециво
    Прелив од млеко
    1 л млеко (3.5% масленост)
    750 мл слатка павлака (нематена хопла)
    250 мл млеко за кафе (10% масленост)
    За премачкување

    Подготовка
    1. Белките изматете ги со шеќерот цврсто како шлаг, додавајте ги жолчките една по една и продолжете со матењето да се соедини смесата.
    2. Додадете го брашното заедно со пецивото и измешајте со голема лажица или со жица.
    3. Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет плех (35х20х6).
    4. Ставете го да се пече во загрена рерна на 200 степени првите 10 минути, потоа намалете ја [/u][/u][/u]температурата на 180 и печете го уште 20 минути.
    5. Оставете го да олади (но не премногу, треба да биде млак). Во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко.
    6. Млакиот пандишпан превртете го на крпа и во плехот ставете половина од измешаното млеко. Во него ставете го пандишпанот така превртен и над него до турете го останатото млеко.
    7. Оставете го да впие од млекото окулу 2 часа. Потоа исечете го на коцки, покријте го со фолија, и ставете го во фрижидер неколку часа добро да се разлади.
    8. Пред сервирање секоја коцка мачкајте ја со готов карамел.

    :D :)
     

    Прикачени фајлови:

    На zaMiG, Sweetlove_0312, blonde_supergirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Фала ти. А дали си пробала да го направис. Зошто и ние пробуваме дома, ама не ни излегува баш исто како во Апче на пример. Кај купечкото помеѓу тестото и карамелата има уште еден тенок слој, нешто како крем ама незнам каков.
     
  4. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137

    Maјка ми го имаше правено знам еднаш , јас не, го има и таа преписот , ама јас од интернет го извадив :)
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Во срце ме погоди темава :)
    Баш деновиве сум настрвена да го направам колачов и сега тргнав да барам по нетов како да ја направам глазурата од карамел.
    Ако некоја знае слободно нека сподели :)
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    јас го имам пробано кај моја пријателка турчинка....многу е вкуснооо :inlove: таа ми кажа дека се купувало готово брашно измешано со сите видови на млеко во прав и само се матело...ама :!: кај нас такво нешто нема...тие го носат од турција или од албанија..и јас го најдов овој рецепт од нет ама го нема пробано..ако проба некоја феминка нека кажува да го правам :)
     
  7. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Киттен можеш да си купиш готов карамел од Витаминка превкусен е и не е скап. Позз
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Баш ќе го пробам карамелот од Витаминка, фала :)
    уште тој едниот слој што е одма под карамелот дали знае некој како се приготвува
     
  9. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317

    како изгледа тој карамел на витаминка?каде да го најдам? и колку пари е? :)
     
  10. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Исто како што е кечапот ама амбалажата е во кремова боја . Мислам дека е 60-70 ден.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    ^^^фала тиии...кој од нас ќе направи трилече слика тука :D
     
  12. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Јас ќе ја правам викендов ама по овој рецепт
    Пандишпан
    6 јајца
    300гр. шеќер
    2 ванили
    1пециво
    400 гр. брашно тип 400

    Прелив
    0,5л слатка павлака
    2л млеко
    300 гр. млеко во прав
    карамел прелив

    1.Во четвртаст плех ставете хартија за печење.
    2.Одвојте ги жолчките од белките.
    3. Со миксер изматете ги белките и додајте го шеќерот и ванилата.
    Со стално миксање додавајте една по една жолчка. Продолжете со миксање додека стане густа смеса.
    4.Измешајте го брашното и пецивото. Полека додавајте ја смесата од јајца и рачно промешајте.
    Смесата истурете ја во плех.Израмнете.
    5.Ставете да се пече во однапред загреана рерна на темп. од 220степени . Повремено со чечкалица проверувајте дали е печено тестото. Кога кората е готова превртете ја во чиста крпа и извадете ја хартијата . Повторно превртете ја кората и оставете добро да се олади.
    Во плехот каде се печела тортата истурете ја слатката павлака и врз неа ставете ја кората . Оставете ја кратко. Во меѓувреме млекото во прав промешајте го со 0,5л млеко да нема грутчиња.Оваа смеса додајте ја во 1,5л млако млеко. Со млекото прелијте ја добро изладената кора. кората ќе ја упие целата течност.
    Колачот добро изладете го во фрижидер па пресечете го на коцки и н акрај прелијте го со карамел
    ДОБАР АПЕТИТ :lol:
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Никогаш не сум го направила бидејки ги немам потребните намирници,тајната во трилече е во брашното кое во слаткарниците го купуваат на големо и е мешавина од три врсти на брашно и се разбира за прелив мислам дека има некој сразмер на кондензирано млеко и обично млеко .
    Така да никогаш нема да биде тој вкус ако дома си земеме и си испечеме обична торта попарена со млеко.
     
  14. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Да тоа е брашно што го мешаат со млека во прав незнам какви. Битно е да се потрудиме да го добиеме сличниот вкус , да смениме малку ...
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Најубаво трилече што сум го пробала до сега е во Ринија во Стара чаршија :up:
    А дома не би пробала да го направам пошто знам дека нема да ми искочи како што треба само ке се изнервирам... :D
     
  16. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    јас редовно го правам дома. тоа на нашата трпеза е ептен често благичко. Премногу едноставно се прави. Класичниот пандишпан го ставам во тава скоро полна со чиста хопла- не мешана со млеко а одозгора го полевам со млеко во кое имам растопено малку карамела и една чаша обичен шербет.Потоа го премачкувам со карамела( онаа што е во шишенце како што е преливот од чоколадо ) и секако со прелив од чоколадо. До сега немало утка. Прво се плашев дека од толку голема количина млеко тестото ке ми се распадне ( ставам литро и половина ладно млеко ) ама не..колку повеќе толку поубаво испаѓа.
     
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Го воглавно го правев по рецептот на серпентина...само место 750 мл хопла јас ставив 500мл а место 250 млеко за кафе јас ставив 350мл ...така да скоро се изедначија :lol: и најважното 1.5л млеко 3.5% масленост...испадна врхунац....
    слика во прилог...тадам
     

    Прикачени фајлови:

    • IMAG0704.jpg
      IMAG0704.jpg
      Големина на фајлот:
      303 KB
      Прегледи:
      3.540
    На irena.1, Mayyya, vickyy90 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Конечно! Хелоу и на деколтето :rofl:

    Кој е тој „готов карамел“?

    Иначе јас (освен карамелот одозгора) ова го знам како Араванија, која може да биде или со шербет или со млеко потурена :)
     
    На Mayyya и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  19. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    ^^^ :rofl: деколтето не од мене ама од пробувачите е :rofl:

    готов карамел имаш како прелив исто пакуван како чоколадниот, ама јас пошто се отепав од барање и не најдов...се снајдов за карамел и направив пудинг од карамел со вода :D
     
    На Moira и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Барав и јас едно време, за слично нешто како трилечево, ама и јас не најдов, затоа и прашувам...

    Значи, пудинг од карамела со вода....доброооооо :wasntme:

    Фала ти на инфото :*
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.