1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трилече

Дискусија во 'Рецепти' започната од irena.1, 14 ноември 2012.

  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    ^имало во рамсторе ;) ама после ми кажаа јас си прашав викаат може и вака.... :D важно има уште еден ред ..се маф направија :D
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.709
    Пол:
    Женски
    Колешке одма принтам рецепт, многу убаво ова изгледа. Ама јас ќе правам други блага сеа, ситни колачиња, ова за некоја друга прилика. Иначе мислам дека наместо ова многу убаво би дошло карамелизиран шеќер со млеко, не со вода :D
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ангел, мислам дека поентата е БАШ во водата - леснотијата на карамелот, не млечноста :)
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.709
    Пол:
    Женски
    Ааааа... Ја па мислев обратно, добро плавичка сум малку :lol: Иначе со вода карамелот ќе се стврдне и нема смисла мислам да се прави нели де, ќе треба да се крши и каша попара ќе се направи. Ама фино и излегло и на колешкава :)
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Да, затоа во „природниот“ карамел (тој со топен шеќер) мислам дека се додава и желатин, за да не се крши :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.709
    Пол:
    Женски
    И јас прво помислив на желатин ама не го сакам многу па затоа и не ми е чест гостин во кујната :D Иначе ќе го испробам гарант, многу си сакам да си пробувам во последно време, знаете де тазе невеста, мора да се покаже :lol:
     
  7. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Ммммм my favorite :inlove:
    Знае ли некоја каде има карамел ?? Охрид и Струга цели ги пребарав, а никаде не најдов :(
     
  8. victorijaad

    victorijaad Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    мислам дека во струга има оргинал карамел, пакувано во прозирно пластично, ( како пластичните кутии за маслинки во веро ), но го има и во тетово . но многу е скапо пола кило 250 ден (може да биде за два пати).
    во кипер маркетите има специјален карамел, се вари со вода и мислам дека беше 37 ден пакетче, како пудинг.
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека поубаво нешто од Трилече немам јадено.Толку е вкусно и убаво,абе прсти да излижеш.
    Инаку имам пробано во Албанска слаткарница во мојот град,каде што кажуваат дека го правеле вистински мајстори,а и Трилечето направено од таму е познато како најубаво во нашиот град. :)

    Не би пробала дома сама да го правам,затоа што знам дека никогаш нема да успеам да го направам,онака како што го прават во слактарниците. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Нели е лиги да ти потечат бееее...[​IMG]
     
    На Sweetheart87 и hermosa им се допаѓа ова.
  11. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Трилече е највкусен слаткиш што сум го пробала последниве години.

    И мислам дека се вика трилече поради трите вида млеко (кравјо, овчо, козјо), а не поради три вида брашно.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Карамелот се купува. Има по продавниците го носат и директно од Албанија, за него кажуваат дека е многу вкусен. Најмало пакување беше околу 60 ден.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски

    Не се прави со кравјо, овчо и козјо млеко, туку со кондензирано млеко, обично млеко и нематена слатка павлака - најчесто.

    Инаку, имаше рецепт на 24kitchen, Рудолф во неговата емисија правеше Pastel des tres leches, направи класичен пандишпан од млеко, јајца, брашно, ванила и шеќер, го испече и го попари со кондензирано, со обично млеко, и на крајот со слатка павлака. Ама одозгора стави овошје, а не карамел. А кажа дека карамелот се прави со шеќер, путер и млеко - путерот се ставал за да се добие кремаста смеса, инаку, ќе се добиел класичен прегорен шеќер.
    Инаку, кажа дека колачов е изворно шпански, многу е популарен и во Јужна и Северна Америка со тоа што таму прават tarta des quatros leches. Така што, ова не е албански ни турски специјалитет, туку шпански.
     
    На friendy и artemis им се допаѓа ова.
  14. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    ТРИЛЕЧЕ е највкусното благо што некогаш сум го пробала во животов.... кој не пробал обавезно да го проба, незнам по кој слаткарници го има, но јас неколку пати сум го јадела во Тетово....

    ммммммммммм прекрасно нешто, најдобро меѓу најдобрите... вреди да се проба!!!!
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vesna007

    vesna007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Во Албанија го прават оргиналното. Кај нас по слаткарниците не е баш добро. Во Шехерзад највеќе личи до оргиналот.

    Ако некој најде рецепт од Албанија нека го напише.

    Поздрав
     
  16. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Моментално трилечево е хит.Прв пат го пробав во Охрид и не ми се допадна многу но кога го направи мајка му на дечко ми превкусно ми беше.Можеби затоа што имаше ставено и блага павлака и карамела одозгора а по слаткарите штедат сигурно :lol: Во Скопје го имам пробано само во Палма и ок е ама и тие дефинитивно не го прават со блага павлака.Денеска со мајка ми бевме во Веро и не слушна една жена дека бараме карамела и она се вмеша во разговорот дека барала насекаде и дури не посоветува дека од продавничките за здрава храна има млеко во прав на мерење(300денари 1 кило). :lol: Решивме денес да го направиме(од рецептот што е во Храна и вино) па ќе видиме што ќе излезе.Инаку за готова карамела, мајка му на дечко ми си нарачува од Албанија и е прекрасна.Му дава вкус а и преубаво мириса.Инаку слушнав дека почнала да се продава во кантички и во Охрид.Следниот пат кога ќе одам ќе купам обавезно. ;)
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    [​IMG]

    Потребно:

    Пандишпан

    6 јајца

    300 гр шеќер

    1 ванила

    1 пециво

    300 гр брашно

    Прелив од млеко

    1 л млеко ( пожелно е она со 3.5% масленост)

    750 мл слатка павлака

    250 мл млеко во прав

    За премачкување

    Карамела или чоколадо

    Подготовка

    Белките изматете ги со шеќерот цврсто како шлаг, потоа полека додавајте ги жолчките и продолжете со матењето додека смесата не се соедини. Додадете го брашното заедно со пецивото и измешајте со голема лажица или со жица за матење. Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет плех
    Печете во загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 и печете го уште 20 минути.
    Оставете го да олади (но не премногу, треба да биде млак). Во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко. Речиси оладениот пандишпан превртете го на крпа и во плехот ставете половина од измешаното млеко. Во него ставете го пандишпанот така превртен и над него до турете го останатото млеко.
    Оставете го да впие од млекото околу 2 часа. Потоа исечете го на коцки, покријте го со фолија, и ставете го во фрижидер неколку часа добро да се разлади.

    По потреба можете да го премачкате со стопена чоколада или карамела.

    Рецептот е од skopjeinfo.mk
     
    На irena.1 и Hipica им се допаѓа ова.
  18. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    јас знам со истите сојстојки се ама кога ке се испече секам да олади во меѓувреме ги месам млекатаи хоплата и земам со вилушка и го дупчам цел пандишпан за секои 3,4 сантиметри за да се впие млекото и го истурам врз пандишпанот и ке се впие цело зошто предходно е издупцено и се чека најмалку 3 4 саати да се впие убаво и после се премацкува со карамелот.
    Оргиналниот карамел го има во струга во Миса и албанските продавници, истиот е зошто пред тоа го нарачував преку пријател од албанија :D :D :D
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кога го правите дома, ставајте од млекото со мера и осетите дали е доволно. (тоа ќе впие многу), но најчесто е непотребно да се тури скроз целото млеко што е запишано во рецептот (бидејќи завиди и од самиот пандишпан, колку се кренал, какви биле јајцата). Значи, со мера фрлајте млеко, не мора скроз целото, за да не ви е премногу водесто.
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    и јас го правам дома :) преубаво е :)
    малце поразличNо од овие состојки,ама пак исто иде :)