1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трилече

Дискусија во 'Рецепти' започната од irena.1, 14 ноември 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Пробав кога бев на одмор во Албанија и очекував да биде многу тешко и благо за јадење, напротив, преубаво е лесно и многу вкусно. Карамелот е многу погоден, ниту премногу тврд, ниту се растекува.
    Интересно и слатко благце. :)
    Во Тетово и Гостивар го правеле исто добро, а мислам дека и во Чаршија го има по слаткарниците. ;)
     
  2. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Се купува готов карамел во поголемите маркети, јас имав избор од турски и бугарски , со цени од 230турски и 190бугарски
    Нормал турски купив
    арно ама дури да направам трилече внуците ми го мафнале, па ајде трчај по друг
     
  3. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    kaj go kupi gotoviot karamel? jas nemozev da najdam :^)
     
  4. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    11.949
    Готов карамел имате во Принц маркетот (во населба Топанско Поле се наоѓа). Цена 200 или 220 ден, не ме фаќајте за збор.
     
  5. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Прв пат го пробав пред 7-8 месеци и се заљубив многу е добро а и карамел обозавам
     
  6. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Најубавата слатка на сите времиња :)
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Вистинското три-лече се прави од 3 типа на млеко, како што вели и самиот оргинален назив на шпански (tres-leches). Дехидрирано млеко - содржи само 40% вода, кондензирано млеко и слатка павлака а која исто се добива од млеко.
     
  8. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Јас го правам трилечето и стварно немате појма колку е едноставно..значи попроста торта за правење амин... :)
    Еве рецепт..
    тесто..
    5јајца се маткаат со 15 с.л шеќер
    се додава 3 с.л гриз
    1 пециво и 1 ванила
    и на крај во смесата се додава 15 с.л брашно
    НАПОМЕНА да не ве буни доколку смесата е премногу густа..таакаа треба! ;) и плехот да е помал и повисок..32
    тестото се печи на 200 С околу 10тина мин..
    Откако ќе се олади тестото се вади од плехот(караванче), се премачкува целиот плех со шлаг(хопла) и се враќа тестото во плехот..
    Настрана се затоплува(не да се вари) 1/2 кг млеко(трајно) и 1/2 кг масно млеко(од оние што се користат за во кафе...околу 10% масти има) и 500гр шлаг(хопла)...се тура над ладнаата торта и се премачкува со карамел..

    BON APETITE!
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Ова во трилече гриз да се става првпат слушам ,навистина.
    Го направив вчера за првпат ...и ...не сум воодушевена.Искрено мене подобра ми е обична „сунѓерка„ со гриз и прелив од обичен шербет.Ќе го изедеме трилечево ама нема да го повторам. :|
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Според рецептов ова ми изгледа како раванија,таа така се прави со гриз и се прелива со шербет од шеќер и вода(а може и со млеко)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Па тестото не е главното нешто во рецептот...самото име си кажува од што се состои "главниот дел" ..3 видови на млеко.. јас ја сакам и ја правам..вкус е во прашањее :)
     
  12. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека вкус е во прашање.... Но... Трилече нема никаква врска со раванија, воопшто не е благо шербетосано како раванијата и има посебен шмек од хоплата и кондензираното млеко... нешто што не може да се најде во ниедна друга слатка.
     
  13. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    Еве го и мојот рецепт, синоќа го правев преубаво испадна
    500 мл, млеко, 500 мл хопла и 340 мл кондензирано млеко се варат, но не да зовријат.
    5 белки се матат со 150 гр шеќер додека се добие цврст снег.
    Потоа се додаваат жолчките 1 по 1 и 1 ванила.
    На крај се додава 150гр брашно измешано со 1 пециво
    Се истура во плех со мрсна хартија и се пече.
    Се прелива жешко трилече со ладните млека

    откако ќе се олади се премачкува со фраситура од карамел, јас најдов од ким најблиску е како таа во слаткарниците
     

    Прикачени фајлови:

    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ставаат некои и гриз, не е ништо страшно. Набубрува тој во тестото, повкусно и поголемко доаѓа и поубаво е за сечење. :)

    А, има ли трилече без јајца ? Некој сличен рецепт? :?:
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Го обожавам, да можам секој ден би го јадела. И не го сакам она од Апче со фил горе, туку само со карамел како во Рамстор на пример.
    Инаку никаде не сум слушнала да се става гриз. Тоа е повеќе во стилот на раванија. А тоа е сосема поинаку.
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Кај има убаво трилече во Скопје? Не ми викајте Апче, таму не ми се оди.
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Јас купувам од Специјал. Не сум пробала од друго место, освен домашно ама ми се допаѓа. Дечко ми има пробано од повеќе места и вика дека е прилично добро, а и во Палма не било лошо.
    Ние обично го комбинираме со толумба, преубав вкус.
     
    На t-sweet и karina8 им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Мене ми е најубаво во Рамстор, ама во овој супермаркетот што е во трговскиот. Имам земено и од Рамстор во ГТЦ ама не е истото. Има фил под карамелот, а јас така не го сакам многу.
    Не дека ќе остане неизедено ама... :$
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Трилече од Апче ммммммм.... :mm: :mm: :mm:
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    По мене убаво трилече има во слаткарницата во Ѓорче не и го знам името точно. На главната улица во Ѓорче кога одиш накај Тетово само што ќе го поминеш Дома Мебел од истата страна, до слаткарницата има неколку кладилници.