1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трилече

Дискусија во 'Рецепти' започната од irena.1, 14 ноември 2012.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Риниа Дуе во чаршија... 20 денари парче. ^_^ Се наоѓа од страна на факултетот за ликовни уметности, 3-4 дуќани погоре. Многу слатки има за 10 денари, а превкусни се!
     
    На Abrakadabra, rainbowec и Mishela им се допаѓа ова.
  2. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Карамел има на зелено пазарче во продавничките кај што се продаваат семиња, (брусница, ореви лешници и сл.), тие трите споените. Мислам дека е 200 денари кило , на мерење е. А убаво трилече јадев од Специјал , и од Рамстор во трговски, мада мислем дека тоа е истото од Специјал.
    Пробав да го направам дома и имав проблем со размачкување на карамелот, бидејќи не ми се впи целосно горниот дел од млекото. Карамелот ми дојде како промешан со млеко. Мислам дека приината е слатката павлака која треба целата да дојде во долниот дел, а јас ја поделив на пола (како што беше и рецптот). Инаку пред да го нанесете карамелот треба да го размешате со малку вода.
     
  3. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Ние дома редовно правиме трилече :inlove: ....А за карамел, со шеќер правиме.. :D :D
     
  4. Consultant

    Consultant Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    101
    Најдоброто трилече во Скопје е во Ресторант Кораби кој што се наоѓа во Ѓорче, и истиот има отворено на ул. Цветан Димов пред старата маалска фурна :)
     
  5. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Се сложувам со ова! Дефинитивно во риниа имаат најубаво трилече,ама и најубаво толумби :clap:
    А да не ве лаже господ да пробате кајмачина,поодвратно нешто немам пробано :puke:
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    До сега направив еден обид за правење трилече, ама можеби испадна нешто трето :lol:
    Тестото го направив што го направив, го одлепив и извадив од тавата, внатре сипав хопла и го ставив тестото. Откако ја впи хоплата одозгоре сипав млеко, но во него додадов цимет и малку кафе за капучино, дека нели требало три видови на млеко, од кои едното да биде во прав. Ама утка направив што одозгора го посипав со претходно направен пудинг од карамел, кој и не ми испадна баш благ а и не одговараше со тортата. Подобро ќе беше да направев сама карамел со шеќер и млеко, но немав никогаш правено карамел па не се ни обидов. Малку му наоѓаа мани, ама тестото полно со млеко беше вкусно и се изеде целото "трилече"
    Сега сум на идеја за нов обид за уште повкусно трилече. :lol:
    И јас го имам пробано тоа од специјал во Рамстор во ГТЦ што е, убаво е, ама моето иако не личеше баш на трилече, беше поубаво, бидејќи го направив со домашни јајца и тазе млеко. 8)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Неможам да најдам млеко во прав ... Нешто во замена за него ???
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Епа јас ставив капучино во прав, ама тоа и не е толку битно. Кога ќе се наполни тестото со млеко и хопла, мммм преубаво е, па уште ако е и со тазе млеко а не она од тетрапак. Нема некоја посебна улога млекото во прав, барем јас така мислам, битно тестото да е помеко и убаво да ги упие состојките.
    Дали ова значи дека морам да правам трилече во најскоро време? Даааа, само да поминат постиве, нема смисла неделава да правам мрсни работи. :lol:
     
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ние кога го правевме дома воопшто не ставивме млеко во прав туку,обично млеко тетрапак,хопла и од млекото во лименка (грчко,концентрирано со висока масленост се продава во Веро).
    Инаку карамел се продава скоро во сите поголеми маркети,во пластична кантичка од пола кило.Не е тврд туку баш онака течен,така да не е проблем да се нанесе и размачка убаво.
     
  10. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.436
    Пол:
    Женски
    И јас да ви пишам рецепт за трилече кој го правам редовно и секогаш преубаво испаѓа :) Значи вака:
    - За тесто : 12 јајца, 300 грама шекер, 380 грама брашно, 1 пециво (ова е за цела мера од која излагаат 30 парчиња и се пече во поголем плех. За помала торта од сите состојки упола и во помало тепсивче).
    - За прелив: 1 литар +300грама алпско млеко, 1 литар хопла (за цела мера).
    Јас ги турам во поголем сад заедно и прво половина турам во тепсивчето па го ставам печеното тесто и другата половина ја прелевам одозгора. И на крај секако карамел :)
     
    На Mekuska и irena.1 им се допаѓа ова.
  11. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Рецепт некој за карамел ? :( Ми треба итно
     
  12. Pink.Barbie

    Pink.Barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    23
    Трилече, нешто преубаво... :inlove:
    Ова ми е едно од најубавите слатки што ги имам пробано 8)

    Да не бидам офф топик-
    Според мене, многу убаво трилече има во Рамстор (40 ден.) и во Палма :lol:
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hurrem

    hurrem Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    dali mlekoto trebe da se zagreva
     
  14. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Не!
     
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Тортата е преубава морате сите задолжително да ја пробате :D . Не знам дали врз парчето торта ставате млеко, но преубаво е. :inlove:
     
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Најубавото трилече во скопје е во Апче.
     
  17. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    леле, баш интересно ми е дека ваков десерт станал популарен во Македонија, јас го немам пробано но претпоставувам дека карамелот што го кажувате дека се продава готов е тоа што во Русија го викаат „вареннаја сгушонка“ :) , мене исто ми е омилена блага работа, и се чудев како на некој не му текне кај нас да прави и продава или барем увезува :). Во Русија обично се продава во конзерви, а исто има конзерви со неварена сгушонка, тоа е всушност кондензирано млеко, и може да ја вариш конзервата (без отворање) во тенџере со вода неколку саати (5-6), и ќе се добие варена сгушенка :) Само ако снема вода а не приметиш може да бидат последиците катастрофални :D

    А па во Аргентина карамелот се вика дулче ди лече, и е како бренд на цела држава сите сувенири и десерти за туристи им се со тоа :)

    Омилени рецепти со ваков карамел ми се руските орешки
    [​IMG]
    и аргентинските alfajores
    [​IMG]

    Сега едвај чекам да си дојдам дома да видам каков е карамелот, а некогаш и ќе го пробам рецептот со пандишпан, досега немам таква комбинација јадено..

    На здравје на сите :)
     
  18. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски

    Значи обожавам дулсе де лече :inlove: Редовно го правам и нема поубав карамел на целиот свет :inlove: 1262289.jpg
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    (Вчера го правев и стварно испадна многу убаво, денес им однесов на колешките од работа сите го бендисаа

    Трилече

    10 јајца
    10 лажици брашно
    10 лажици шеќер
    1 пециво
    1 ванила

    1кг млеко (јас ставам Алпско)
    500 мл хопла (од онаа во плаво-зелено паковање... стандардна)
    150 мл млеко за кафе со поголема масленост (го има во Кам)
    сите овие состојки се загреваат (не многу врели )

    Карамел (од Ким)

    -Се матат белките со шеќерот и им се додаваат изматените жолчки, брашното и прашокот за пециво.
    -Се меша со лажица нежно да е се уништи пената од белките.
    -Се тура во плех од оние помалине (од калорекс) подмачкан со масло и попрашен со брашно
    се пече 20 минути на 180 степени.
    -Откако ќе се олади тестото се вади од плехот, се тура пола од загреаната течност во плехот па се враќа тестото, се сече на коцки и се дотура преостанатата течност.
    -Се премачкува со карамел.
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Sakam da go pravam desertov ama eden pleh e mn golem a drugiot mal(za pecejne) sakav da prasam da zgolemam od smesava pr:6jajca da dodadam uste 2 ke bide dobro ili nema da ispadne ubavo kako po mera sto e?