и јас сосема исто го печам...за да не ти падне работата е го редиш во веќе загреана рерна и воопшто не ја отвараш до крај...воопшто...имам приметено кога и да ја отворам вратата за да проверам до каде е одма ми паѓа и нема назад....и се обидувам од око да оценам и после исклучувам рерна и оставам внатре да седи некое време...ама штом велиш како живо ти е значи рерната не ти е доволно јака и му треба повеќе време
Белките прво ги матеш? И јас имам 1 л пресно млеко, 320 кондензирано и 500 л хопла. Во ред е за кора со 6 јајца? Или дајте ми точен проверен рецепт. И готив карамел купив и како да го ставам. Досега немам пробано трилече, ни домашно ни купечко.
Би рекла дека доста ти е млеко.. знаеш, не е се до количината.. некои јајца се поголеми, некое брашно впива повеќе.. Најубаво е посебно да ги матиш а карамелот само се премачкува на крај
млеко јас мислам ти е доста..за секој случај можеш и малку вода да дотуриш ама мислам дека ќе ти е доста...јас секогаш правам со 6 јајца (за моето тавче 6 јајца се скроз тамам) ама обавезно стоени надвор...имам правено и со од фрижидер и верувај има разлика...и посебно ги матам белките, тоа му ја дава таа воздушеста структура на трилечето...печам, ладам, потуривам со жешко млеко и оставам да поседи добри 2 сати надвор или во фрижидер...зошто ако е топол колачот и млекото не впиено кога ке го размачкуваш карамелот постои можност да почни да ти излегува горниот дел на колачот (да се лупи буквално)...во мојот рецепт пишува 300 гр шеќер и 300 гр брашно и едно пециво ама бидејќи немам вага одам со лажици големи...300 грама се некаде 20тина ама јас редам 15тина шеќер 18тина брашно имам со 300 грама шеќер правено многу благо ми беше
Супер ми излезе трилечето, а прв пат го правам. Нареден пат ќе скратам од млекото. А кога се јаде се цади млеко, баш како што се цади нели шербет. Убаво е, ама вкусот е исти како млеко и бискоти. А млеко и бискоти е ем поефтино ем побрзо.
Го направив моето прво трилече пред две недели, откако го пробав во Старата Скопска чаршија, се вљубив, па толку вкусно нешто! Дефинитивно ќе си го правам често, лесно е а е преубаво.
Може, еве го мојот рецепт, досега го имам правено 7 пати и секогаш е истиот вкус, истото тесто. Потребни состојки: -6 јајца -300гр брашно -300гр шеќер -1кг млеко -1кг хопла -1 ванилин шеќер -1 прашок за печиво Белките се делат од жолчките. Во белките се става шеќерот и ванилин шеќер и се матат како шлаг(за да бидете сигурни дека е убаво изматено превртете го садот во кој матите и ако шлагот стои не паѓа тогаш е убаво изматено). Потоа се соединуваат жолчките со белките и се додава брашното и прашокот за печиво. Се меша убаво со лажица да нема грутки. Во тавчето ставате хартија за печење и го ставате тестото во тавчето. Се пече 10 мин на 200 степени а потоа се намалува на 180 степени и се пече 20 минути. Потоа се топли хоплата(да биде млака а не да врие). Тестото го вадоте од тавчето и ја ставате хоплата во тавчето. Со вилушка избуцкајте го тестото и ставете го во тавчето со хопла(ќе впие побрзо). Потоа исто така го топлите млекото, го ставате брз тестото да впие, 10 минути е доволно а потоа тестото го премачкувате со карамел( јас го користам карамелот на мирана бидејќи е течен и убаво се премачкува) го ставате во фрижидер да упие и можете да јадете
Претходниот пат правев трилече но мала доза беше со 4 јајца и многу малку испадна а големо ми беше тавчето. И плус да прашам колку време е најубаво да се пече? Јас пред да ја ставам смесата во тавчето, тавчето го посолив со брашно и кога ја извадив од печење нели треба да се преврти но не сакаше да се одлепи а и мислам дека малку повеќе време ја печев па одвај ја одлепи од едната страна се распадна оти изгледа ја препеков и почна да се сипе. Бидејки ми остана карамел ќе направам уште еднаш со дупла доза и ќе ставам хартија за печење. Се надевам овој пат ќе испадне како што треба.
Ја печеш 10 минути на 200 степени а потоа намалуваш на 180 степени и печеш 20 минути. За да ја превртиш а да не ти се залепи треба да ставиш хартија за печење а потоа го ставаш тестото врз хартијата. Кога ќе биде готово само ја одлепуваш хартијата и тестото не се распаѓа. Пробај по мојот рецепт направи, превкусно е.