Спојлер: Мужган Не. Садик ќе ја избрка. Мужган ќе ја крие во малата куќарка оваа злобната не ми текнува како се вика. Мајката на Мустафа.Садик ќе дознае и ќе ја избрка.
И мене. Ради овој лик и не гледам редовно, само колку да видам што се дешава. Незрела е и многу го тупи кога не е за тупење. Дури и глумицата ми станува иритантна оти се нафаќа да глуми све такви глупи и незрели девојки иако е доволно талентирана за подобри улоги.
И мене, многу. На почеток ми се допаѓаше, мислев дека е силна, борбена личност, но сега делува буквално како ниско интелигентно створење, селска лепотица. Не знам со кој памет е заедно со Сомер, кога со мајка му и го одземаа по судски пат детето со измама, ја бркаше со пиштол обезбедувањето од нивната куќа, мајка му ја претепа до болница, овој Мине бремена ја чуваше со месеци во нивниот дом и ја лажеше Туркан дека друг бил таткото, ја обвинуваше дека се гледа со други мажи, не и даваше да работи, да продолжам ... Едно е да простиш, ама да куќиш куќа со тие што те клоцаат, треба да си малку, така повеќе... Друго, се замислува дека е прелепотица, дека сите во неа се вљубени, па Дерија никој не ја сака.Така беше за Мустафа сега и за Картал. Дерија е најнеправедно напаѓана од сите, најобразована, борбена и бунтовна е, ама овие две сосе тетката вода да и носат.Туркан со два дена курс и три грама мозок, бизнис жена ја направија.И цела серија, како срамота е да се работи, не работи ќерко, не се изморувај, не работи, биди жена и мајка, оној Донер вреќи крева, сиромавиот, тоа тажна музика во позадина. А Донуш не можам бре да ја слушам, патетика до максимум. Ќе ја догледаме, ама стварно глупо сценарио .