Број на епизоди: 150 Содржина: Викторија е позната модна дизајнерка и сопственичка на модната куќа "Casa Victoria", која измачувана од сенките на минатото, решава да ја побара својата ќерка, што под притисок на околности пред повеќе од дваесет години ја оставила на прагот на една црква. Марија Десампарада е мила и наивна девојка, која откако ќе наполни дваесет и една година решава да се отсели од сирапиталиштето и започнува нов живот со две цимерки кои ќе и станат најдобри пријателки. Сонот на младата Марија е еден ден да стане познат модел. Играта на судбината ќе ја доведе пред Викторија, жената за која не знае дека всушност е нејзина биолошка мајка. Во модната куќа Марија го запознава Максимилијано, синот на Освалдо, вториот сопруг на Викторија и лудо се вљубува во него, иако неговите намери кон девојката не се најчесни како што тој ги претстаува. Кога Викторија ќе дознае за врската меѓу Марија и нејзиниот посинок, безмилосно ќе ја истера девојката на улица. Одкако ќе остане без работа и заштита, Марија дознава дека чека дете од Макс, а нејзина најголема поддршка во текот на бременоста ќе биде отецот Хуан Пабло, кој всушност е нејзин вистински татко. Улоги: William Levy, Maite Perroni, Victoria Rufo, Osvaldo Rios, Erica Buenfil и други. Од Понделник на Сител Тв http://www.youtube.com/watch?v=RpG7tb6rc10&feature=player_embedded
Конечно шпанска серија Се шалам . Туку серија со ваква содржина имаат веќе давано. А оваа не е оргиналната верзија. Туку не ми текнува која беше серијата, од толку многу што ги имам изгледано, не можам да се сетам на името . Сега прочитав, сте се сетиле која била серијата . Туку оваа Маите ја средиле овде, каква беше во напуштениот ангел .
Ова е истото сценарио за Право на љубов.Една од првите шпански серии кои ги даваа кај нас .Ќе ја гледам,чисто колку да се потсетам на оригиналната серија иако оригинал си е оригинал. Еве ви ја песничката од серијата,сигурно ќе се сетите. http://www.youtube.com/watch?v=roHBTb2ZzOA
Туку зошто баш овие одвратните Маите и Вилијам ги одбрале за главни улоги? Не одговараат воопшто на улогите.
Клон заврши... Пред недела дена имаше најава на СИТЕЛ демек - не ја пропуштајте денес последната епизода КЛОН. Ама не ја гледав А новава час ја има, час ја нема. Сакав да ја гледам вчера ама ја немаше во терминот во кој е најавена, па се откажав. Сителска работа
Мене не ми одговараат термините, јбг. Во 09:40 сум на школо, тоа во 13, 13:30 ретко го фаќам, зависи колку часови имам. А баш сакав да ја гледам... Или ако прецизираме, да се ѕверам во насмевката на Леви.
сабајле ја загледав серијава ми се виде интересна + глумците во глобала се сите познати ии главните личности се многу убави .. ама првите епизоди ги немам гледано па ако сака некој да ми каже некоја страна онлајн да ги изгледам првите неколку епизоди за да се надоврзам???
Па почнаа да ја даваат и тоа време накај нешто за 2, но укинаа. Еве преска баш сакав да ја гледам, и гледам Езел има
Даваат по две епизоди од Езел реприза во тој термин Како не сваќаат дека веќе станаа досадни со Езел ? И што сега јас во 9 сум на школо а во 3 спијам и ајде нека ми објаснат како да ја гледам серијата ?
Не само со Езел, туку со сите турски серии по цел ден се. Victorian, има репризи во сабота и недела навечер на Сител 3. Ако успееш, тогаш гледај си ја. Мене Право на љубов ми беше легендарна (првата серија на А1 во 20 часот што одеше ако се сеќавате), овој римејк ми е катастрофа.
Па добро може да поправат на страната дека нема во 13:50. И добро што не ја ставиле во 6 сабајле,9 е многу касно.
За сите вас кои сте љубители на мексиканскиве серии, освен Триунф на љубовта, на нашиве телевизии има уште такви серии. На Пинк 15 се даваат две мексикански серии: СИЛАТА НА СУДБИНАТА (La fuerza del destino) - во 17:30 часот ДВОЕН ЖИВОТ (Dos hogares) - во 19:00 часот А и на МТМ има една мексиканска MOРЕ НА ЉУБОВТА (Mar de amor) - во 21.30