Јас овој филм го гледав до таму кога Марија Десперада роди дете и отиде со сликарот да живеат некаде потоа ја прекинаа Пинк и не можев да ја догледам. Сега ќе си чекам да дојде до таму каде што прекина
И јас треба да го чекам викендот за да можам да ги гледам епизодите насабајле сум на училиште. Аман па овие од сител наместо Триумф на љубовта Езел ми даваат ја претераа со турскиве веќе ! Ми недостигаат времињата кога имаше мексикански серии
Да си е*еш векот, од толку турски ми фалеа шпанскиве, малку Ако сум на факс од 11, 12 ја циркам по малце Овие двајца мислам во секоја ги спаруваат, амн више. Сеа кога прочитав за што се работи, одма ми се одмиле, значи со овие шпанциве не се знае ни кој јаде ни кој пие, ни чие дете чие е! А па што очеував јас па, смотана. Сабајле ја дават у 9 да си знаете. Шител не се со сите, милион серии даваат, ццц
Подобро ќе ги гледам овие серии отколку турските и индиските. Но серијата не може да се спореди со Право на љубов, чиј римејк е. Право на љубов, ако се сеќавате беше првата најпозната серија на А1 од 20 часот, со манекенката Кристина и мајка и Лусијана Дувал, сопственичка на модна куќа. Овие нови римејци не се знае кој од кој е поглупав и полош, пример оваа или Клон. Дури и смешни ми се, како некој се осмелил воопшто да прави римејк на такви квалитетни серии како Клон и Право на љубов.
Наутро не можам да ја гледам,па си ги гледам репризите во сабота и недела.Не е лоша за римејк,имало далеку полоши римејкови.Ама сепак со оригиналот не се споредува,баш вчера гледав на јутјуб некои епизоди од старата верзија и дефинитивно не е ни блиску до тоа.Главните улоги ми се најпромашени.Каде на Маите и личи да глуми манекенка,ситна е и ниска за таква улога.Не се ни споредува со Адела Нориега.Исто и овој лигавиот Вилијам го нема тој шарм што го имаше стариот глумец.Викторија ми е премногу фина некако а би требала да биде остра и антипатична.Единствено сестрата на Макс е погодена,слични ми се актерките.Цезар Евора ми фали во улогата на отецот,многу ми е добар актер.
Случајно ја начекав едно сабајле и изгледав 10 мин. (толку имав време) и веднаш ме потсети на El Privilegio de Amar. Како што кажа BlackSwan погоре главните глумци се промашени, овој Леви не да ми е геј до крај, не знам што да кажам за него. Оваа Мајте може да и носи вода на Адела, а Руфо може на Елена Рохо да и се фати на малечкото прсте Ич нејќам римејкови, така што и оваа ќе ја прескокнам ма колку и да е добар римејкот и колку и да се добри глумците (Даниела Ромо ја поштувам ) Ух, едино за Освалдо Риос ми ја гледала
Сега има во 19.00 на Сител тројка а реприза мислам има сабајле,исто на тројка.Мене овој термин повеќе ми одговара.
Jас сега начекав 1 епизода, ама заврши прен 20мин и сега почна друга серија. Mе интересира кога игра? само викенд? 5 епизоди за викенд или како иде? инаку до 57 епизода е едит- сега видов 17:20 18:10 19:00 ова време игра во недела, за сабота не знам
Сега преку работна недела ја дават,во 19 часот на тројка.А сабота и недела изгледа репризи дават,барем вчера што затекнав малку реприза беше од четвртокот. Мене Фер ми е многу убава. Ако се сеќавам убаво требаш инвалид да остане во серијата,мислам се сеќавам дека нешто собраќајка имаа со тој дечкото и она инвалид остана.Ама тука нема нешто такво.Не ми се верува да ја промениле малку серијата.
Да, таму Лизбет остана парализирана. Инаку може да менуваат работи, такви се овие новосоздадени римејџи на прекрасни серии, како што е Право на љубов. Добро, таму Лусијана ја остава ќерката како бебе во сиропиталиште, а овде гледам дека Викторија не ја остава како бебе, туку девојчето кога има неколку години, се губи, малку глупаво.