1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трихотиломанија (Trichotillomania)

Дискусија во 'Психологија' започната од LiLPixiEe, 25 ноември 2013.

  1. LiLPixiEe

    LiLPixiEe Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Тоа е некој вид на self-harm ,или наштета на себе си поради нервоза тага итн..
    Всушност,кога си нервозен,ја откинуваш косата,вегите,трепките..колку и да звучи ненормално,не ми судите ве молам.Дојдена сум за да побарам помош а не да ми судите и да ми наштетите.
    Всушност..се осекјам ко да сум единствена во мкд што го има овој проблем.
    А тоа не е убаво бидејки нема ни еден за сега што ме разбира како ми е ,и колку е тешко да се одвикнеш од тоа.
    Дали некој имал сличен проблем?
    (НЕ судете ако не знаете како е) :(
     
  2. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Трихотиломаниа-Trchotillomania

    Не верувам дека си едниствена во Македонија која го има овој проблем. Едноставно средината во Македонија е таква што некои ретки заболувања - особено психосоматските заболувања, се сеуште табу тема во разговорот со средината.
    Никој нема право да суди затоа што сите имаме некаков проблем. А тука сме за да помогнеме доколку можеме.
    За ова болест прв пат слушнав пред некое време и тоа во една серија. Пред тоа не ни знаев дека постои.
    Станува збор за опсесивно компулзивно нарушување за кое за жал не се знае причината. Од она што можев да прочитам на интернет, кај некои пациенти се јавува уште од детство. Дали како дете си се соочувала со овој проблем?
    Доколку возраста која ти е наведена на профилот е точна, тогаш пубертетот кој сам по себе носи и депресија, анксиозност, чуство на тага, само допринел за зголемување на симптомите. Имено , пациентите кои страдаат од ова нарушување често имаат проблеми и со горенаведените.
    Во секој случај те советувам да посетиш психолог. Терапијата се состои од комбинација од бихевиорална терапија и лекови.
    Ти посакувам се најдобро и многу сила да се избориш и ја ставиш болеста под контрола.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Трихотиломаниа-Trchotillomania

    Не LiLPixiEe, не си само ти..
    Одамна се борам со ова. Како мала си ги корнев трепките и веѓите, некое време престанав и јас не знам како и од што, најверојатно тоа беше периодот додека гризев нокти..
    Косата ја корнам веќе долго доолго време, дур имам и места на главата кај што веќе поретко ми излегуваат нови влакна.. Лани живеев со цимерка, и нервно ја оболев од "тепихот" од коса низ цела соба, нон-стоп..
    Многу читав и по форуми по интернетов за тоа што го предизвикува.. Некои земаат лекови, некои пробуваат со друг тип на терапии, али сепак, сума-сумарум мораш да го најдеш тоа што ти прави немир и анксиозност и да се решиш од него.
    Јас не успеав да го најдам, и уште сум со косата во раце :lol:
    А и јас мислев дека сум само јас..
     
  4. LiLPixiEe

    LiLPixiEe Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Трихотиломаниа-Trchotillomania


    Фала,иначе да уште од 9 год. се соочувам со ова,имам бидено и на психолог но ке се обидам повторно:/ :)
     
  5. LiLPixiEe

    LiLPixiEe Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Трихотиломаниа-Trchotillomania

    Мade my day :D потполно те свакјам,јас и коса и веги и трепки што е најстрашно.
    Исто така и смачено ми е секој ден да каснам сегде зошто?
    зошто морам да се нашминкам за да се покријам ,бидејки порано сум пробала да излегвам каква што сум и сите ме викаа ваква таква..
    Ти посакувам и тебе успех :) !
     
  6. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Трихотиломаниа-Trchotillomania

    Низ форумов ја барав токму оваа тема..си викам па не сум ваљда единствена во Македонија со трихотиломанија. Во странство конкретно Америка имаат цел развиен систем за помош на луѓето со оваа болест од книги, едукативни видеа, групи за помош и разни организации, но кај нас за жал нема ништо. Иначе кај мене започна кога имав 13 години, но на почеток беше несвесно. На лекар кога бев не ми отркија болест -трихотиломанија, прв пат пред неколку години прочитав еден текст во весник за тоа, но многу не му посветив внимание и оваа година на факултет учев за ова и малце повеќе почнав се насочив барајќи низ интернет. Јас ја кубам само косата во горниот дел на скалпот..тоа е неопишливо чувство, ах, но се борам секојдневно и горе доле ми успева.
    Иначе ова растројство спаѓа под групата на растројства во навиките и импулсите, а не е опсесивно - компулсивно растројство.
    А сега кога сум сигурна дека не сум сама во ова, се надевам на меѓусебна поддршка :) :)
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Трихотиломаниа-Trchotillomania

    Не знаев дека ова се смета како болест. Порано јас си ги гребев рацете, ама тоа беше најчесто од нервоза. Кога некој знаеше да ме изневира јас да не почнам да плачам или да се карам си ги гребев рацете. Имав нокти и секогаш се правев лом. Знаев и те како длабоко да се пребодам па после да одам со завои на рацете. Додека ги носев завоите на рацете никогаш не посегнав да се гребам на било кое друго место, и тогаш со тек на време се откажав.

    Пробајте и вие нешто слично. Опасно е тоа, можете несвесно и да се повредите и да ви останат лузни за цел живот. А доколку премногу насилно се однесувате кон себе си би можело да посетите и психијатар. Колку само за разговор, да се соочите со реалноста и да сфатите дека ништо не постигнувате со тоа ако се повредите самите себе си. За вас е, на вас е лошото.

    Еве зошто пак на пример не земете да скршете некоја чинија или чашка кога се осеќате така, и тоа помага.
     
  8. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Трихотиломаниа-Trchotillomania

    Не знам каде јас би се сместила и не знам дали воопшто постои некој со исти проблем може не е за темава но кога сум депресивна или кога ке легнам нервозна се гребам по лице во спиење колку пати само сум се разбудила од болка дури и полусвесно знам што правам... Дури имав и лузна до тој степен... престанав да пуштам нокти колу пати сум се разбудила со ноктите ставени на лице... ретко кој верува кога ке кажам ама здосадно ми е постојано да внимавам и да не можам да имам нокти како секоја девојка
     
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
  10. Gabz_bu

    Gabz_bu Нов член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја отворам темава бидејќи се осеќам како единствената во државава што има ваков проблем
    Веќе од 2016та кубам трепки, а скоро 2 год и веѓите...
    Се чувствувам многу грдо и грозно дури гнев ме фаќа сама на себе за тоа што го правам...
    Периодов ми е влошена состојбата поради немил настан, разговарано е со психијатар состојба: анксиозност и не е почната терапија затоа што се плашам од "навлекување" на лекови...
    Дали некој што ја има оваа состојба има некакви трикови за престанување, дали нешто ви помага?..
     
  11. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Машки
    Не верувам дека се работи само за "анксиозност".
    Секоја психичка состојба што трае долго и манифестира физички проблеми треба да се лекува со психијатриска терапија. Паралелно може да се работи и со психолог ама прво треба доктор.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Carry

    Carry Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    се нервираш без причина?
     
  13. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    805
    Од цел коментар ти сфати дека треба да ја прашаш дали се нервира без причина. Па пишала по немил настан ако сакала детално да го објасни ќе допишела нели?
    Дај бидете малку покоректни и ако имате совет и одговор на тоа што прашала пишете ако не заобиколете.
    Можеби тој немил настан неа срце и корне ама кој да укапира...

    Поразговарај со поискусни и постручни психолози, има тема со препораки за такви.
     
    На Angie1432, Medea., Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Трихотиломанија е повеќе како подкатегорија на опсесивно компулсивно нарушување бидејќи чувствуваш немир сѐ додека не скубниш влакно. Кога ќе скубниш влакно се намалува напнатоста само за кратко, но потоа се јавува чувство на вина, како што си рече и самата.
    Обрати се кај психолог, оти ова само од себе не се средува.
     
    На Angie1432, buba4e89 и Akapulka им се допаѓа ова.
  15. Carry

    Carry Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    само сакав да помогнам пошо знам како е да си аксиозен и под стрес јас стигнав и до опсесивно компулзивно нарушуње кој не го доживеал не знае, сепак мислам дека на девојчето најмногу би и помогнало самоконтрола во такви ситуации
     
  16. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    805
    Се убаво и на место напишано, ама првото мислење кога го пиша онака како од ракав треснато, а можеби не си читнал или земал во предвид што е немилиот настан, делуваше како неумесно поставено прашање.
    За се друго во облик на совети, препораки или одговори кои таа ги бараше би било убаво само на тоа да се фокусираме сите и задржиме и да ја посоветуваме, се разбира.
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Нема ни што да се плашиш ни што да се срамуваш. Ти кубеш трепки, друг гризе нокти. Не знам кој бил настанот, но треба да разбереш дека во животот има ситуации врз кои не можеме да делуваме и треба да ги прифатиме такви какви што се. Никој не е совршен. Не знам што совет да ти препорачам, но скоро гледав едно видео ако го најдам ќе го ставам овде.
    Еве друго поучно видео. Сигурно си гледала многу од нив, но нека го има.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.