1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трицикли и точачиња

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 7 април 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Сакам сега да земам трицикл за малата, па може ли да споделите искуства, какви имате, на што да обрнам внимание, од кој сте задоволни од кој не?

    И како се со цените, гледам и по 7000 има, ама се мислам многу е некако.:?:
     
  2. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.863
    Допаѓања:
    134.392
    Пол:
    Женски
    Немој толку многу пари да даваш. Мислам дека е мало твоето во секој случај земи си од оние со рачка што после може да се извади и само да си вози. Ние направивме утка со синко за роденден нарачавме од оние како чоперчиња од вучко ич не се практични само го тркалаше безвезе по дома. Надвор слабо го возеше положбата на седење не е згодна за возење па бидејќи немаше рачка врзував каиш да го влечам, уф. И на крај се дупна една гума и никако не можевме да ја направиме :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    За таа возраст и јас би ти препорачала такво со рачка и ти да можеш да го управуваш од позади, додека не почне самата понатаму да ги врти педалките . Има некои (барем нашето беше) со седишта со додатни бебешки дел, да не може да се протне од седалото.
    Тие со рачките ќе ви бидат одлични за прошетките. И тоа е до 2 години, 2 и пол, толку се користи.
    По мене 7000 е многу бидејќи бргу ги прераснуваат, а и не е реална цена. Има добри и знатно поефтини.
     
    На Bozica1980, ♡BuBaLe♡ и RainBow им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.225
    Да се најде поефтина варијанта.
    Дали ќе сака да се вози,некако 7000 многу се за трицикл.На децата се им е интересно по два дена.
    А тие со рачка,не ги препорачувам,еве зошто:
    4700 се,а ако го расклопиш и ја извадиш рачката,не е веќе тоа што треба да е.
    Дали ќе сака да седи?
    Не се склопуваат па да можеш лесно во кола да го ставиш и да го носите на пр во парк..габаритно е.
    Ако е за седење и возење подобро количка која се склопува како чадор купи отколку точаче со рачка..бар ако ти заспие детето во подобра положба ќе седи.

    Имавме трицикл со рачка,го дадовме на пријатели.Нашето искуство е не баш ..

    Препорачувам да се купи обично точаче на три тркала ама после 2години и 4-5 месеци кога може само да си вози.
     
    На КикиМаус, ♡BuBaLe♡ и RainBow им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Ние имаме едно од оние со рачка позади, не многу квалитетно. Го добивме на поклон за крштевката на синко. Додека не се роди малата многу слабо го користев. Сега двајцата ги возам истовремено, едниот во количка другиот во точаче.
    Еве син ми е скоро три години и уште не ги досега педалите убаво. Некако ми е многу долго и несразмерно. Друга мана е што рачката не се продолжува и ми е многу ниска, подгрбавена го возам. За подолга релација исто не го користам да не заспијат, многу е незгодно.
     
    На КикиМаус, ♡BuBaLe♡, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Имаме трицикал од оние кои се буткаат, му се вади рачката за да може и сама да го вози. Некакво кинеско производство е, го купивме оклу 6000 ден, се врти седиштето напред-назад, одговара за возраст од 1,5 до 3,5г (ќерка ми е скоро 18 кг и уште се вози во него) и можам да кажам дека се покажа како добар! Ние многу го користиме! Го земавме минатата година пред да наполни 2год, па пролет,лето и есен во него се шеткавме. Оваа лето пак го возиме, поточно јас ја буткам ама знае и она да направи напор да го вози (повеќе наназад :lol:).
    Недостаток е што не може да спие во него (нам ова и не ни беше некој пробем) и е погабаритен за пренесување во кола, не се расклопува.
    Наместо точаче може да се земе летна количка, ама кај нас малата многу повеќе сакаше да седи во точаче отколку во количка, немам поима зашо!

    Јас сум задоволна, дури сметам дека трицикалот ни е едно од најискористените работи купени за детето!
     
    На alana, ♡BuBaLe♡ и RainBow им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.163
    Пол:
    Женски
    Мало ти е детето за трицикл. Подобро, како што ти кажа @referentka летна количка, отколку точаче.
    Ние лани купивме трицикл, цело лето фаќаше прашина. Зимово изрази желба да го вози, па се надевам летово ќе почнеме да го користиме. Имаме скоро три години.
     
    На alana и referentka им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Па, и јас мислев на таков со рачка. Се мислев за летна количка или точаче, ама почна многу да ми се исправа во количка, па мислев во ова поинтересно ќе и биде и ќе седи. За подолги релации не ми се гледа и мене дека се погодни, посебно ако и се приспие.
    Не знам, ќе разгледам. Па може некое поевтино да земам колку за до овде-онде, а да купам и летна количка.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.225
    Летна количка и обично точаче ти се топ комбинација.
    Бар јас имам такво искуство.
     
    На ♡BuBaLe♡ и RainBow им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Имавме и од тие со рачка, за подалечни релации за шетање не го биваше, само за низ двор, ама не се покажа баш некоја добра инвестиција. Трицикл имавме на две годишна возраст, исто низ двор се возеа, ама од толку склопки и штрафчиња често се отштрафуваа. Она - поефтина варијанта = си се зезнал, бар мое искуство е такво.
    За шетање сепак набавив летна количка, а за точаче две плус две помошни сме спремни сега на 3 и пол години.
    Јасно, како родители сакаме да им удоволиме на нашите деца да имаат се, но од такви одлуки подобро неколку поефтини ...само џабе фрлени пари. А 7000 за она со рачка, ако размислам добро, да го купев тоа на Чико место она од 4000 со првото дете, сега бар тоа скапото и за третово ќе го имав
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Мислам дека лани онака уз шетање гледавме трицикл...и искоментирав за еден дека е убав, ама за подолги релации дека не се трициклите поради заспивањето....а продавачот ми искоментира дека се спушта како количка....ама и скап беше колку количка. Најубаво линк да ви ставам па ако некој го интересира да праша во порака дали има трицикли што се спуштаат (да не не ме служи па мене паметот :rofl:)
    https://www.facebook.com/pg/Bebe-Centar-Alf-Kids-876972512383728/photos/?ref=page_internal
     
    На mal.ecka и RainBow им се допаѓа ова.
  12. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Ние лани земавме трицикл од енци меци со таква рачка што се вади. Цена не памтам но беше малку поскапичок. Метална конструкција има ептен е квалитетен. Сега учиме са втриме тркала за сама да си вози. Ние ептен го искористивме, го сака многу. Летна количка не купивме, секако не спие во количка. А и кога е време за спиење сме дома. Едино за одмор ми беше проблем но и тогаш ја земавме бебешката количка која тежи само 7кг. :) Не жалам ни денар за тирциклот, ептен ни е искористена инвестиција.
     
  13. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
  14. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2017-10-02-19-12-47.png
    Го има некој овој трицикл?
     
    На mal.ecka и kankus им се допаѓа ова.
  15. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Да ние, многу не квалитетен рачката за помалку од еден месец се искрши слаба тенка пластика не сум задоволна воопшто
     
  16. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Леле јас за поклон го нарачував, значи катастрофа е..
     
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    да нас ич не ни се погоди а го купивме 4800 ден (узалуд фрлени пари)
     
  18. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Да и јас толку го порачав сега им викам друг да ми понудат оти за поклон ми е несакам да се срамам. Ме убедуваат како бил добар.

    Screenshot_2017-10-04-10-37-24.png а за овој некој искуство?
     
    Последна измена од модератор: 4 октомври 2017
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.549
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Ако е истиот.. вака ми изглеа како нашиот, само зелен имаме. Гумите се на пумпање така? Ние некаде 6000ден го земавме, имаше сличен некаде 4000+ па незнам дали е истиот. Нас ни е погоден, нема гајле еве веќе возен 1година, од наредна год ке го расклопам и сам да си го вози :)
    Мене ми е супер искрено, рачката му е железна... синко е 17кг и не се скршило ништо :) (дури има и наврнато неколку пати во двор) :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Верче4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Го имаме исти, гуми на помпање, се врти седиштето напред назад, инаку кинеско производство. Значи од пролет до есен секојдневно го користевме 3 години, колку километража има извозено овој нашиов и мака нема. Ептен ни се погоди и е едно од најискористените работи кои ги имам купено за ќерка ми.
    Пред три години беше околу 6000 денари, сега можеби поефтини се!
     
    На mal.ecka, mariz и Верче4 им се допаѓа ова.