Мајки, мојата има 19м, со количката сме скарани, едвај ја ставам кога треба да одиме негде, сака да трча. Што мислите што е попаметно да купам: трицикл со рачка или баланс со 3 тркала??? Страв ми е дека нема да го сака и трициклот како количката па да ми се џабе фрлени пари?
Ако имаш од некого да позајмиш трицикл со рачка земи да видиш како ќе се однесува, за баланс точак со 3 тркала мислам дека е мала. Ние имаме scoot and ride ама тргни-застани сме кога се со него. Не се уште свесни дека е превозно средство па повеќе им е како игра за брм-брм
Керка ми е 3 години, кога шетаме се уморува и сака во раце, не знам дали да купам троцикл или летна количка? до кога ги користевте вие ? до колку год?
Подобро трицикл. Ем ќе го вози,ем кога ќе се измори има рачка за да ја буткаш ти. Трицикалот уште го користиме,скоро 5 години е. Низ двор го вози ама помошните делови му се извадени : рачката за буткање, насрешницата за сонце, пречникот што е за заштита при седење. На 3 години сама го возеше,а кога ќе се измореше јас ја буткав.
Да, истото го имаме. Дефинитивно не вреди за цената, се наоѓа и за поевтино ама што знам, ок е ако детето е мирно и си седи. Лесно за возење, управување со една рака... За поголеми дечиња е, педалите се далеку. @0ли Стигна точакот, преубав е Мислам дека е рано за 2 години, на најниското ниво е седиштето ама пак е неудобно се уште за возење. Го вози еве 2 дена, не се откажува ама гледам дека не е тоа тоа, се мачи.
Исти се, разликата е во тркалата, ако не ти е тешко да провериш делот кај што ги става малото ноџињата дали се клати или е статично? кај нашето се клади, се си мислам да не испадне, да не треба да ги затегнам
Искуство со овој трицикл? Се мислиме за овој да го земеме. Со гумени тркала е, а скоро сите што ги гледавме беа како со пластични.
Лесно се склопува? Зафаќа многу место за во гепек? И дали се спушта наслонот за грб како за дремнување?
Па го гледам маж ми лесно го склопува, јас не сум пробала Фаќа место ама не колку количка, а наслонот ептен малку се спушта, не е за спиење.
Женски каде има трицикли ама со раЗумна цена ? Јас што гледав некои мислам дека малце повќе претерале со цените