Еве и ние уште се молиме да купиме, некои му се високи дури и на најниското ниво на седиштето, еве овој ме бендиса ама го немам видено да ги видам тркалава...фала ти на мислењето
Ние го земавме и ич не памтам како го одбравме . Мислам дека немаше мали со гуми на пумпање, мојата немаше ни 18 месеци, овој и беше некако таман, другите и беа големи, зборам за распонот од седиште до волан, а седиштето секако и е поткренато. После 3 год планирам да земам друг па затоа не вложував многу во балансов. Во суштина овој има полни гуми ама не се такви мазни да се лизгаат, внимавај на тие со полни да не се лизгаат. Исто така не планирам офроуд да иде со баланс па да и е неудобно возење, во тој случај само со пумпани гуми. Едит: сега гледам на линков на енци менци дали сликата е таква или е друг модел не знам, еве вакви се нашите гуми
Гледам мали дечиња помало од моето, скоро 2 годинки е, возат тротинети. Каков да земам? Многу е ситна, гледам има некои по маркетиве дим, рамстор, до кај 1000 ка, или баланс точаче?
Тротинет и баланс точаче се различни. Баланс точачето е да научи да вози точак (после баланс за ден/два возат точак без помошни тркала). Тротинетот си е тротинет. Ние тротинетот го користевме и како превозно средство кога беше уморен за подолги релации. На одење го возеше сам на враќање он качен на тротинет ние го влечеме. Побрзо дома се стига така. Имавме некој најобичен тротинет купен од продавница за играчки за деца и супер издржа. Уште може да се вози иако веќе е надраснат.
Супер. ќе земам и јас. им ги зема тротинетите на другите деца на лулашки. а не да вози туку го турка за да се сопне и падне
Имате искуство со ваков тротинет? За 2 годишно, ситна е, малечка. Гледам се подесува рачката. Дали е стабилен?
не сум разгледувала таму, не знам ни што пари се, ама искрено не ми се лупаат многу пари оти знам дека нема ни да го вози барем сега.
Нешто околу 3000 беше тој што го купив, а мислам дека имаше и поевтини. И по калдрма го вози, маста му ја вади и гајле нема. Ѕирни ги ако имаш време. А за возење мислам дека ќе го вози. Ако не одма, со тек на време. Обично децата обожаваат тротинет.
Здраво мајки, каде можам да најдам поповолен баланс велосипед? Ми треба само за месец-два и не ми се даваат 4000 Или користени би требало да има на некоја од апликациите?
Јас сега го зедов овој за подарок https://www.encimenci.com.mk/tochak-tech-balance-bike-yellow-qplay-bk00115 Немам лично искуство ама се надевам за брзо ќе добијам од роднините кај кои го подаривме.
Овој го земавме ние, тука се со возраст со син ми, го убива од возење, ептен му се погоди дека е поширока основата, постабилен е, се врти со рачките, се подесува рачката. QPLAY ТРОТИНЕТ MIKA GREEN QPLAY (encimenci.com.mk)
И јас со дилема, поскапа летна количка или поевтина плус трицикл? Имав замисла да земеме поскапа летна количка до 22кг што и за патување би ја користеле. Е сега деверите се запнати дека "морало" детето да има и трицикл и многу ќе ни користел посебно следно лето на 1,5 година. Во овој случај и количка не многу скапа до 15кг ќе ни брка работа. Тоа што очајни се тротоарите каде што живееме е една приказна. Што сме со мала кола бар засега друга приказна. Предлози за трицикл во случајов - претпоставувам со рачка би ни одговарал и дали воопшто до толку се искорисливи? Напомена: додека да стасам од една до друга точка имам еден куп симнувања од тротоар на улица, па враќање на тротоар. Па некаде 2-3 скалички. Едно шетање со бебе цел тренинг ми е од кревање и спуштање на количката засега. А и со трицикл би било исто.
Ако е стабилен трициклот, нема да ти е проблем качување/симнување на тротоар. Ние имаме коколе спектра, ама јас не сум задоволна, иако скапо го зедовме. На qplay имаше трицикл што се собира без расклопување за в гепек шо е многу практично. За летна количка не би знаела да кажам, моето не сакаше количка воопшто, па затоа и го зедовме трициклот (годинава го сака, на 2 и кусур години ). Ако планираш да го користиш за дремки, да знаеш дека ич не е практичен. Нашиот и се спушта, ама џабе, не е детето фиксирано ко в количка.
Јас сум за летна количка поскапа. Живееме во центар на градот каде се ни е на 5мин и купивме трицикл од qplay од тој што мубсе собира рачката и се прави многу мал и секаде го собира. Зошто ти викам летна количка, ќе сакаш со бебе да пазариш по маркето,продавници,ташма да носи, облека и сл. И за тоа е многу практична летната, додека трицикалот тоа го нема и се мора да макниш во раце. Мене ми е супер трицикалот и детето го сака многу ама ќе напоменам се ми е на 5мин од мене и ми брка работа, плус не спие мојот дечко во количка па затоа и го купивме
Летна количка од Локо кроко-кика бу либро. Лесна и многу практична. Околу 5000ден. Трицикл Q play rito од Енци менци. Се склопува за во кола,се трансформира во точаче. Исто околу 5000ден. До сега двете максимално искористени. Кога престана да се вози во количка,околу 2,2ипол год потоа се возеше во трицикл. Кога веќе порасна и не сакаше да го возиме го собравме во подрум. По некој месец го извадивме и го обожава да го вози како точаче.