Благодарам на идејата баш ќе разгледам. Бебе е околу 8,3кг на 7+ месеци и демек до следно лето таа од 15кг ќе и била мала Затоа ми беше идејата за количка од повеќе кг.
и јас така мислев и купив летна количка до 22 кила,мислев мала ќе му е таа до 15 кила,еве го 2.5 години 14кила има...јас ја сакав чико о лала ама тоа ме одврати,таа е до 15 кила сега ми е криво...натака стагнираат до тежина
Моето е скоро 4г и едвај 15кг има. Ако не качува нагло на тежина тешко дека ќе стигне до 15 следно лето Мојот на годинка имаше околу 10-11. Од тогаш навака едвај грамови додава месечно па не стигнал уште до 15. Има период и кога стагнираат. Чисто да имаш во предвид
Откако ќе станат подвижни (лазење, одење) почнуваат да стагнираат со килажа. Мојот на 7+ месеци имал скоро 8 кила. На 12 месеци 10 кила. Потоа на три години имал 13,5 кила. На дури 4 години стигнал до 15 кила.
Мојава не е некој репер ама еве ја година и 9 месеци скоро е, има 10кг. Мислам дека и тие што не се проблематични ко мојата не качуваат нешо кој знае што после годинката. 15ка на вага јас ќе видам може на 5 години, може ни тогаш
Немаш потреба од толкава количка нема до 1во одделение да го возиш во нејзе. Јас на фри он од бебе центар ја земав чадор систем не ми текнува до колку кг е ама бркаше ептен работа. Трицикл да си земеш од многу причини прво го собира во мала кола, второ ќе се изнавози во него, трето се прави да си вози сам понатака кога ќе сака после 3 години зависи како ќе стига до педаљите буквално максимално искористено плус помало од количката е сегде го собира да влезеш со него. Ние од енци менци го земавме на qplay.
Сакам да купам точак за ќерка ми. Она е 4 години, здравје на пролет сакам да пробам да ја научам да вози. Веќе некое време изразува желба сама. Ме интересира вака 1. Дали има нешто на што треба да внимавам при изборот? Седиште/гуми.. бренд, било што?! 2. Која големина би одговарала за 4+ годишно дете, и да е супер лесен за почеток? Знам дека најдобро е да го проба на лице место, ама сакам од прилика да имам престава што да барам.
За гуми мислам нема нешто што да се бира, тие се исти како кај тие за возрасни. Седиштето јас би избегнувала само пластично, ама и ретко кој има такво седиште. Исто и за тежината, 100 гр нема разлика да ви направат, не е убаво ни многу лесен па да е, треба да и дава стабилност, друго е за професинални велосипедисти. Е за големината зависи од детето, некое дете со иста висина и подолго торзо може ќе треба помал точак да вози. За да го вози најдолго јас би бирала седиштето да е ставено на најниско ниво и нозете да и се исправени на педалите кога се најдоле, па како расте ќе го кревате само седиштето и кога ќе и стане мало ќе менувате нов точак. Еве пример ама ова е за баланс точаче(по мене ова десното е исправно само со поктренат волан, ама ок), најмалку вака да се исправени ноџињата кога е на педали, никако не треба да и се свиткани кога ќе седне. И да гледаш тој попречниот рам да е понизок, да може лесно да станува седнува.
какво искуство имате со тротинет за 2 -3 годишно дете со седиште и рачка на туркање, ги има и поскапи и до 2000 ден, ако може препорака, да вози но и да туркам ако треба бар за прошетка, само во раце сака точаче не, количка не, покрај дадичка со тротинет може ќе биде интересно
Мами мали сме за тука, но треба да одбереме трицикл... Па незнам на што внимавате и е важно гледав некои се склопуваат за да ги собере и во кола на пример ... Секој совет е добредојден
Ние го имаме ова, ротира, наслонот на грбот се пушта за да биде подналегнато, сенката за сонце е голема. Гумите се полни, не се на дување. Е сега не се склопува како qplay што е туку деловите кога ќе му ги извадиш го бере во кола ( да остане како трицикл за поголемо дете, ќе ја извадиш рачката за туркање и делот за потпирање. Многу лесно се вадат на копче се.) И доста цврст е.
Моментално го немаат на залиха, но има други на qplay , претпоставувам се добри... (ми фати око еден рито)
Мене највеќе ми фати око дека се склопува цел. Види во Либерта мислам дека го имаа истиов мој. За на одмор ич не ни фати простор а го изнавозевме. Додуша мојот во количка не седеше само во ова се возеше.