Треба да го проба, но мислам дека за 2 години е мало вакво и треба да земеш поголем. Мојот возеше нешто слично, само три тркала имаше, но од година и нешто до 2, потоа купив со две тркала и овој во висина многу мал му беше. Еве го мојот пост на темава за вакво слично, две години имаше кога сум пишала.
И ваков трицикл имаше како на сликава само малку поголем и го вози уште, но тој ни е само за по дома. Го купив од Андреј Компани нешто евтин беше на попуст, чисто да има избор, но сЕ си мислам ако го вози надвор, ќе се распадне на улица некаде. Ваков баланс му купив во БебеХоум и е од прилика од 2 до 4 години. Го изнавози, сега е спремен на 4 години да вози велосипед со педали и без помошни.
Да, одлично искористено кај нас, после година не сакаше веќе во количка и се возеше само со ова или трицикл. После ги извадивме деловите и си го вози како тротинет се уште, има 4год. Види во Пики Струмица треба да се дупло поевтини.
Фала ти многу, не ми текна на Пики баш ќе проверам Од некоја страна на фб Kz toys ми се појавија истиве буквално дупло поевтини, само не знам колку е сигурна.
Здраво може покасно одговарам но меѓутоа ние имаме Киндеркрафт Easy Twist и искрено презадоволни сме детево го искористи максимално и уште си го возиме .Може се поскапи од другите но меѓитоа најубаво од се е што гумите се пyмпаат и задоволна сум од издрживост и од се .Предобар квалитет имаат .
Имате некоја кацига добра да препорачате за екстра бесно дете да ме куртули од 637482 мини срцеви удари дневно дури вози баланс? https://shop.kinderlend.mk/Производ/momi-mimi-helmet-кацига/ Овие ги гледав, дали ги има некој, како сте задоволни?
Од велосипеди зедовме ние како оваа на линков. Сега веќе обичен точак на педали вози со оваа. Истата ја користиме и за во седиште на наш велосипед. Супер е. Едит: испробана на екстра бесно дете. Ако сте виделе дете со кацига на игралиште, тоа бевме ние https://velosiped.mk/produkt/kids-h...te_pa_varijanta=za-deca&attribute_pa_model=xs
Предлог детски велосипед со алуминиумска рамка за 4 годишно дете? Скоро сите што ги наоѓам се со челична.
Ние го имаме, му го земав лани пред да наполни 2 години. Многу е лесен и лесно се вози. Мана му е само што седиштето не се поткрева нагоре, па брзо му стана мал. Еве сезонава веќе не може да го вози седнат, ама го возиме како тротинет и супер е.
Син ми ќе полни 4 год. Сега вози баланс, сакам пролетва да пробаме точак без помошни. Дилема ми е која големина е подобро да му земеме 16 или 12 . На таа возраст која големина возеле/возат вашите?
Моево ќе полни 4 за две недели, одлучивме за роденден да му земеме точак, ама ние со помошни планираме, бидејќи до сега само баланс и трицикл возел. Големина 12 сме во план да земеме.