Исто на 4 години му купивме точак 16. Најдобро е да одите со него да го проба дали може со прстите да допира.
Ние зедовме со помошни 16ка...4 има...12ката му беше точен скроз ама брзо ќе го надраснеше а го купивме зимата и рековме поубаво да му е поголем и онака под надзор ќе вози...а најубаво да проба, мислам од висината на детето зависи...имам другарка со ќерка помала од син ми и вози 16ка без помошни ама е повисока од него и сама слегува и се качува
Гледам баланс точачиња, ама на повеќето пишува дека се користат од 36 месеци. Син ми сега ќе полни две. Дали има некаква врска тоа и на што да внимавам кога ќе бирам.
Јас би зела баланс....ептен го вози ќерка ми, и на две и нешто години го возеше и уште скоро на 5 години го вози
Моето некаде после вториот роденден почна да го вози, низ дома прво, па сега и надвор. На висината внимавај, најдобро ако може да го пробате. Ова што ние го имаме, малиот 94-5цм имаше кога почна да го вози, му беше таман на најниско спуштено.
Имаме ваков тротинет, ќерка ми нејќе воошто да го вози. Има скоро 2 години. Гледам на таа возраст возат тротинет, овој е малце нестабилен се клати мислам дека можно е ради тоа да се плаши.
Феминки, здраво ми треба совет, не знам како оди редоследно со овие точачиња, балансери, тротинети, трицикли...... девојчето има 1 и 9 месеци, сакам некој реквизит за периодов пролет- лето да земам, ама не знам што е за возраста. а реално, не се ни ефтинки за да експериментирам. дали трицикл без педала, дали балансер...можеби тротинет?! плииз хелп
Se prodava tricikl BBO, nov, neotvoren vo kutija e! Cena 3500 denari! Ako ima zainteresirani pisete mi
Scoot and ride дали е ок за поклон за втор роденден? Или обичен тротинет е подобро и нешто друго плус за парите ако на 2+ не го користат седиштето?
И ние на нашата и го купивме кога имаше околу 2 годинки.Го вози и сака баш мн.Може и да седи на него и стоејки да го вози,цврст е и доста стабилен.Ама е поскапичок од др тротинети.
дечки, имам девојче од 2 години и ми треба тротинет. Ги има со две предни или со две задни тркала, и јас не знам какво треба да биде. помош?
Дали некој има искуство со ваков трицикл? Интересно изгледа.. https://www.storybox.mk/tricikl-i-balans-velosiped-explorer-4-vo-1-sklopliv-pastelno-rozov-globber
Дајте препорака за некој убав трицикл и да се спушта како за спиење? Не дека надвор спие, ама нека има и таква опција
Јас имам на лионело, од либерта бебе ама тоа воопшто не го користиме, треба цело седиште да го свртиш на кај тебе и да го спуштиш и се склопува за у гепек ама јас пак на одмор количка земав, во неа си заспива без пролем. Ич не ми делува удобно трициклот искрено. Нека не ти биде пресудно тоа за купување.
За на одмор секако ќе носиме количка, трицикл мислев за секојдневие. Да смени малку од количката. Не ми е пресудно секако, мислев нешто ако ја фати дремка, па ете некогаш, да би се навалила.