Божее колку ги поскапеле за разлика од порано, не се нормални. Имам две, едното рито, другото од локо кроко (не знам кој модел уште не ми е отпакуван) и можам да ти кажам дека за трицикл повеќе од 4.000 не би дала. Се користи да ама не којзнае колку за да фрлиш толку пари (освен ако ти се вишок), секое врши работа. И онака се користат најчесто кога е проодено детето и којзнае колку ќе седи.
Цените го плафон, ние ептен дека имавме собрано пари од роденденот... Од моја перспектива гледано, т.е. од метарипол човек, евтините не ми беа уопште стабилни а и јас бев со твојот став. 2 месеци ги гледав, и лококроко и енцименци, и пластичарска, абе све поминав... Кое ептен пластично, кое не се врти, кое не се склопува...Овој ептен дека на 40% па влезе у буџетот. Инаку никогаш не би дала двеста евра. А да чукнам у дрво, за разлика од количка, во ова сака да седи... Башка на нас ни е бејзик превозно средство зошто кола не возам.
Ние имаме на чиполино, му го донесоа за роденден ама му беше голем, мислам го фаќаше ама на прсти со нозете е и летото со тротинетот пеотеравме А вака е цврст е и личен ама не ни е возен, на пролет здравје ке биде возен сигурно
Каков точок имат вашите дечиња од 3год? Мојот вози баланс ама сега сакам точок да купам. Со пристапна цена а добар да е.
Во Април ќе полни 3, точак со педали сеуште не планирам да купувам. Има два баланс точаци, еден помал, едем поголем. Нив ќе ги вози сигурно уште година-две.
Ние на 3 год и некој месец и зедовме 16" со помошни тркала, затоа што балансот и беше мал. Идејата беше подолго да го вози балансот, па да се префрли на обичен без помошни, ама тоа не можевме на 3 години. Ако му е мал балансот, претпоставувам и повисок е, тогаш точак земете 16", 14" за нецела година може да му биде мал, најубаво да го проба. Од велосипед.мк го земавме.
Две и пол години ми е малата, веќе во количка не сака, па се мислев за трицикл. Дали некоја имате некое од овие и како сте задоволни? Мене ми е колку толку да е удобно, тркалата да не се пластично и да не е преголемо да може да ги достигне педалите за да научи со тек на време да врти.
Јас имам сличен на првиот либерта ама за оваа возраст повеќе ти одговара баланс или тротинет зошо ние скоро ич не го возиме точаков
Не покажала интерес за баланс или тротинет засега. Имам еден трицикл даден од пријатели ама тркалата се пластични и ептен ме нервираат - не можам да ја слушнам што зборува, до толку се гласни. И седиштето пластично, неудобно. Седи некое време да ја возам. Мене ми е да најдам решение за да се пренесиме од точка А до Б бидејќи бара в раце кога ќе се измори. Ајде ќе размислам, фала ти.