Јас мојата ќерка до 3,5 години ја возев во трицикал, отпосле веќе и не ја личеше во него. Голема беше па почна да вози велосипед со помошни тркала. Мислам дека до таа возраст (3,5 години) максимум се искористуваат трициклите.
A znaete kaj ima vnatresni gumi za niv, nie samo so go kupivme, go sklopivme i na pumpanje ni pukna gumata i sega nikade ne mozeme da najdeme a maloto samo se raduva samo vrti okolu nego
На вулканизер залепете ја, а ако е ептен партал напраена, вулканизерот ќе ви каже каде може да најдете, знаат они кај има такви работи.
Мојот од две и пол години. Ама имаме трицикл кој е ептен лесен со пластични тркалца и со мала рачка помошна за буткање. На пријатели детето никогаш не научи да вози трицикл и сега на 4 години директно научи на точак со помошни.
Да прашам како ги сместувате во кола, ги расклопувате дел по дел? На два пати сакав да го земаме со нас да прошетаме на друго место но не успеав да го ставам во кола. Прашувам за трициклите со рачка за буткање што се.
Нас ни пукна денес гумата задна на трициклот, цело тркало отиде. Имал некој искуство?? Се мењаат ли? Да бараме по точкариве или у ѓубре? М?
Ние имавме од локо кроко трицикал и исто ни пукна гумата, па се јавив во продавницата и таму ни најдоа. А по точкарите никаде неможев да најдам.
Мајки малата не сака да се вози во количка,ама го обожава трициклот од дада Читам и задоволни и незадоволни,незнам каков да одберам и на што да внимавам при изборот.
Јас би ти го препорачала овај. Неколку другарки го имаат и се презадоволни. Најбитното се склопува чадор систем за да го бери во багажник. Јас имам друг ми го дадоја за крштевка исто сум презадоволна но најголема мана е тоа што едвај го собира в кола затоа што не се склопува
Немаат, им се јавивме. Рекоа од али, ама поише ми се исплати нов да купам. Не сме стигнале по точкариве да видиме.
Нас ни донесоа за поклон трицикл. Моево дете не сака да се вози во него. Многу ретко ако ја ставам , ќе свртиме еден круг и толку ( јас ја буткам) она сама нејќе. Гледам деца на три години возат и точачиња. Се зачудив едно дури возеше и без помошни тркала. татко му вика ние не мрдаме не моторизирани. НА ум сум сега дали да и земам точаче или тротинет. Инаку не е заинтересирана ниту за едно ниту за друго.
И јас го буткам моето, знаеш тука некаде се со лепотицата возраст. Му ги ставам нозете не е заинтересиран, така со нозе се бутка, ама да вози не.
Ние тогаш земавме еден поевтин трицикл, супер заврши работа, не сакаше да се вози веќе во количка, ама во него обожаваше, ептен го искористивме. Е сама не сака сега да го вози, мислам дека се навикна дека во тој ја буткаме и никако не сака да го вози. И купив тротинет, позаинтересирана е за него, иако уште се учи како се управува. Ама друг трицикл не и купувам, ќе земам понатаму со помошни, да порасне уште малку.
Многу зависи од трициклот/точакот што го имате. Мислам дека тие што кај нас се најпопуларни со големи гломазни рамови и гуми на дување се многу тешки за да може дете да ги вози. Можеби се добри како замена за количка ама не сум видела дете само да ги вози до сега. Мојот уште на две и пол години сам почна да вози трицикл, ама ние купивме со лесен рам и пластични тркала и рачка што се вади. Педалите можеа да се вртат во празно или да се вртат заедно со трклата и нема друго место за чување нозе освен на педаљите. Така од ние што го буткавме сфати што треба да прави и научи. Сега на 3 години и два месеци му купивме тротинет зашто тоа точаче му е веќе некако малечко. Првите два три дена даваше отпор додека не сфати што треба да прави и откако сфати сега ептен го сака. Менуваме помеѓу точак и тротинет зашто ако нема нешто такво кога ќе се умори сака во рака да го носиме.