Ако ти е замена за количка купи таков како на сликата. Ако е да научи дете да вози точак барај опција која е полесна за детето да научи да вози (поприлагодена во големина и тежина на големината на децата).
Мене стварно ми е лесен. И најбитно не ми зафаќа место во кола и лесно го склопувам сама. А не ми е гломазен шознам баш е така помал... Малото почна само во него да се вози нејќе во количка може затоа ми е погоден ептен
Ние решивме и овој го зедовме. Сите продавници ги поминавме, Куманово, Скопје и Прилеп. Најефтин беше во мини ми во пп 5690. Од бутик за деца дајана од Куманово 5800 со вклучена, достава и во енци менци 5990 ден. Убав е многу другарки го имаат, убава е пластиката и најбитно се склопува.
Еве видео од трициклот , најевтин е во Чарли бејби имаат страна на фб 5300 со бесплатна достава, во енци менци е 6000.
Јас имам од Лотус со дел за нозите кај педалчињата. Тоа е таман. Мана е што не се склопува. Вака е лесен за управување, со гуми на пумпање. Околу 4200 мислам.
Јад го имам овој модел само друга боја. Купен е за помалку од 3000ден од пики од Струмица пред една година. Нас ни е добар малата ја возам во него од некој си 8месеци. Гумите не се на пумпање и мана му е што не се собира.
како се викаат на македонски Bobby Cars? или што можете да ми препорачате не многу скапо за дете од 14 месеци, додека сме тука неколку недели на гости да се вози, и на лето или в година плус. Најдобро онлајн или во Прилеп. Или на старо да побарам, ама каде?
Трициклот ептен лесен е од што е лесен најчесто ми паѓа кога натоваран. Океј е ама можеше подобро нашиот е од локо кроко подарок ама што знам претпочитам ипак количка на лоши темп како ветер силно сонце итн.. Се мислам за некое време да го правам во точак. Мислев да го воземе наместо количка ама не сепак ќе си купам количка 4 та по ред ич не ми се погодија количките.
Од количките на буткање со ноџинњата така? Види ги Лотус М, Пи-ки , Локо Кроко, Андреј Компани, Енци менци. Имаше секаде. Не оригинал Боби ама тој принцип.
Не се толку ниски потпирачите за нозе плус се прилагодуваат, моето е 15 месеци не е многу крупно па таман му е, рачките има опција да се наместат да може да ги врти (да мисли дека вози)а уствари да го управуваш, исто таква опција има и на педалите, кога ке биде поголемо да може да вежба да учи да ги врти педалите а пак да го туркаш од позади, со едно копче се ставаат во опција да може да ги врти без да влијае на возењето. Пред да купам ги гледав сите по ред,цел месец бев у потрага, повекето беа гломазни и непрактични, овој е баш скопив како количка и е многу лесен, и малецок е, таман е баш од 12+
Ние имаме од Локо Кроко, го добивме на подарок. Штознам, не дека не е ок, само што ми е многу лесен некако, фуш ми делува и не ми е баш најстабилен. Мада има потпирачи за нозете и малава обожава да се вози во него. Сепак, количката не ја менувам за ништо, сега кај и да е летната ќе ја ставам во употреба. Овој го имаме инаку: