Nie go imame ovoj,bebe epten go saka,so nego se setame nadvor a i e epten cvrst i stabilen, Dosega nemam zamerka. https://www.lococroco.com/tricikl-loco-croco-lc1
Не знам дали за овде е прашањево, но од која возраст се препорачува да се возат точачиња обични, а од која баланс?
Ви благодарам на сите Не се малку пари,сега овој Лејди што го кажува е 4890 ден. Во споредба со сите други,досега гледани,до таа цена,на мм овој најмногу му фатил око,како најцврст му изгледал Најдобро би било,да си видиме во живо,да не дадам џабе пари со нарачување онлајн. Мене ми се свиѓаше и овој од Моник,ама мм запнал,другиот бил поцврст. Нека помине ситуацијата(ако помине), па ќе бараме,ама сепак ми помогнавте да знам на што да внимавам. Фри,во количка мојот нешто не сака да се вози,па мислев дека можеби на трицикл ќе му е интересно,а и кога ќе попорасне ќе може да си го вози. Баш кога фати ладно,престанав да го возам во количката и после 2,3 месеци,го ставам,он неќе да седи.
Леле потполно исто и на нас ни се случи со истиот точак. Мене рачката ми се откачи на тротоар и детево со се точак ми отиде на улица, среќа што немаше коли. А гумата 2 пати ја менувавме, третиот пат кога се дупна, право во ѓубре го фрлив. И јас не го препорачувам на никого
Го имам скоро година. Не е поместен, како нов е. Гумите сега прочитав дека се на пумпање, не знаев, не се издишани ич. Малата го обожава.
Мене овие ми се глупост невидена. Нашено остана невозено.дур почне сам да вози, ќе му купиш баш точаче. Башка големо, место фаќа. Од мене не.
Баланс на околу 18 месеци, а стандардно точаче после 3тата година. И јас истражував уште зимоска за трицикли оти сакав да и земам, ама сега се сложувам со @kukla21 дека е скроз непотребно. Прво оти се препорачува откако детето ќе знае да користи педали, а за да ја туркам јас на трицикл подобра опција ми е да туркам количка, бар и нејзи ќе и е поудобно за дремнување. Понатака, меѓу баланс бајк и трицикл, предност се дава на баланс бајк. Па решив понатака баланс да и земам.
Јас зедов трицикл лани пролетта, али кога се размислив дека ќе треба летната количка да ја пензионирам го вратив Сега пак се мислев што да земам, па го одбрав тоа точачето 4во1. Баланс му е усовршено од едно кутре што го вози низ соба, па сега лета по улица, се учиме убаво тротинет да вози, педали одбива да врти по улица.. Јас сум за трицикл некој лесен што се склопува, наведнува седиште за дремка и ако се нема летна количка, па тој да се вози, па како расте дете така ќе адаптираш према возраста.. А дете под 1г е мало за трициклите, батали што пишале 9м, кога ќе клапне цело во седиштето ич нема да го личи, неудобно му е скрос, па ќе му се приспие.. @ocicka2014 и од мене имаш не А мојов и пред 2г да направи и немаше никаков интерес да вози нешто по улица, он би да трчаше и кога ќе се умори да се шлапне у количка да седи
Znae li nekoj kaj mozam da najdam predna guma vnatresna i nadvoresna za ovoj tricikl? Pukna i sega nemozam da najdam nigde
Да прашаш во сервисите за велосипеди? На блиска и пукна гума на количка, скрос и се расцепи задната, немам појма што марка и беше, па во некој од сервисите најде слична што ќе и одговара. Само ја смени и другата, мислам различна ширина беше, па да е иста, за некоја смешна цена ги купи. Друга опција е да сврти мт крукче по отпадите, па некој што фрлал стар да види да не му одговара гумата И трета опција ти е Али.
Баланс точак се препорачува од 2,5 години или 3 во зависност од развојот на детето. Висина, моторика, извршување наредби и слично. Иако има производители кои пласираат на пазар некоја пластика од баланс точак со 1,5 год тоа е опасно да се користи. За да детето добие баланс точак потребно е да комуницира со околината пред се. Да се разминува со други луѓе, да слуша и знае сигнал од семафор, да знае да користи ѕвонче, да заобиколува пешаци. Истражувањата велат од три години е погодно да го вози дете. Овој точак е битен за раст и развој. Најбитно е за рамнотежа. Но како што реков и погоре не е само физичката способност туку и психичката за да може да го управува. До тогаш како опција останува трицикл кој е постабилен и се управува од возрасно лице. До моментот година и четири месеци моето бебе нема никаков интерес за возење. Ниту е спремна физички, ниту сфаќа зошто се педалите. Освен што ја заглавува ногата доле и можеш да и ја свиткаш возејќи друга негативна ствар не можам да набројам. Моментално искачаме со количка, трицикл и кенгур. Сите три се во погон за една прошетка од 1,5/2 часа. Плус одење.
Јас добив трицикл на подарок. Скоро 1 година, мислам дека е мал многу. Од локо кроко лц1, добри работи прочитав, и не толку добри.