Уште не ми го донеле. Мислев он дека е мал за трицикл, нели од 2+ викаат дека е. А мерак ми е ќе пробам.
Не е мал, башка што сега сакаат да разгледуваат, не сакаат во количка, ќе сака да оди. Од некој си 10 месеци ја возам во трицикл, а од година и пол и откажа љубов на количката и од тогаш до сега скоро 3 год е редовно го вози
Не е мал. Моево има 9ипол месеци, еве више скоро три недели секој ден со трицикл сме надвор. Не сака да се вози во количка моево. Врзан со каиши,со нозете допира до тие помошни педали доле. Супер си е. Истиот трицикл го имаме.
И јас си го препрочитав мислењето, не добро се изразив. Почнав од почеток да ја читам темата, гледам 2+ год, па да не ми е џабе сеа.
Убаво објаснето. Фала многу, но кој ќе чека до 3 години. Многу сакам некоја занимација да им најдам и си замислувам по цел ден кај што си возат. Дали знаете на што треба да се внимава при изборот на баланс точак?
Ако ти фали “забава” во животот и имаш слободно време за трчање гоу ахед Пиши ми по некое време многу ме интересира како ќе поминеш со двајцата. Само да не е пластика да не падне да се скрши и да настане поголема беља.
14 земи или ако имаш прилика најдобро да го проба на лице место точакот. 14 му доаѓа како средина меѓу 12 и 16. Ние го имаме од 14'. 12' се ептен мали трката, сепак зависи и од детето ако е високо може и 16' да му одговараат. Моето е 2г и 9м и 14' и е таман но седиштето и е спуштено најдолу.
Зависи од детето, некаде до кај 3-4 години, бидејќи му се вадат деловите и се прави точаче за возење на три тркала и може самостојно да го вози.
Нема да пукне при првото паѓање, не се секирај. Цврсти се доста. Ти пишувам затоа што нашето пукна, ама по неколку години интензивно возење од девте деца и тоа со скокање и трескање во скејт парк. Како издржа и толку - се чудам, на толку малтретирање.
Здраво, имате ли искуство со овие баланс точачиња? Или предложете ми некое со кое имате добро искуство, само да не е прескапо
Здраво, сакаме да му го купиме трициклот на локо кроко рокет, дали некој има искуство со него? Како сте задоволни?
Ние му го земавме Scoot & ride и задоволни сме. Од 1-5 години е, може да седи и да се турка и кога ќе е поголем да го вози како тротинет.
Ние купивме трицикл на chipolono, мене ми е баш згодно, имавме летна количка од дада и, ама некако повеќе сака да седи во него. Седиштето се врти. Маана е што не се собира во кола.