Зависно од детето дали ќе го сака. Мојата доби за првиот роденден и одвај негде на 2.30 години почна да го вози по малку. За разлика од него од тротинетот не е слезена. Лета со него.
Од која возраст почна да го вози? Мојата засега само по дома го вози aма поинтересно ѝ е да го преврти наопаку и да ги врти тркалата со рачето 15 месеци е инаку.
Првин по дома го возеше од 13-14м не се сеќавам, а надвор од 17м прв пат и го чувам сега во кола кога сме излезени скоро секој ден ќе му го понудам кога го сака кога не зависи. 18м е
Колкав точак зимате за 4-5 години, 16ка? И каде да најдам, гледам секаде се распродадени, сакала госпоѓицата со корпа напред и седиште за кукла позади.
Низ Пластичарска има многу убави, лани ги гледав, имаше стварно солидни, ама не и евтини На друго место што сум гледала, кај салата Борис Трајковски, Меркур, Алфи..
Малото мое сега ќе прави 2 години и сакам да и земам баланс точак..дали се на некој искуство со овој точак или па да ми предложите некој друг
Здраво за дете 3 и пол години посодветно е 12 или14 точаче со помошни тркала. Каков сте зела за прв пат возење
За една година ќе е мал. Мојата е 4ипол земавме 16ка. Го вози супер. 14ка не знам ни дали ќе најдете, ама 12ката се многу мали.
Најубаво ако можеш со детето да отидете да проба. Бидејќи нема многу разлика од 12-14 и од 14-16. Ако е високо детето може и 16 да му е таман.
Почна да го вози? Ние сега нарачавме и си мислам да не е мал. Тротинетот се уште му е со седиште и лета, јас трудна едвај трчам да го стигнам, по логика би требало и балансот да го вози. Кацига со нормална цена од каде да земам?
Немам земено уште Јана...гледавме еден во чико за 2 години ама не ја фасцинира нешто многу и одложив за по некое време да земам...сега само со тротинет се вози..па ако земам и баланс точак ќе ти споделам искуство. со лесно бременоста.
Мојов вози ваков, со ваков почна, сакав да пробам дали ќе сака и да научи прво како се користи. Му го зедов пред неколку месеци и прво не се качуваше, сакаше да стане од него ако го ставев, само 2-3 пати ако се качи на почетокот. Пред извесно време почна сам да си го зема, да се качува, седнува и се турка со нозе, го управува. Се изненадив, ваљда што гледа надвор дека сите возат точаци, па и тој сам посака. Гледам дека му е мал во висина, не му се сосема исправени нозете. Сега сакам да му купам со две тркала, но не знам каков да земам, па предложете некој добар, 2 години има.
Ај баш сподели потоа какво ќе земиш..јас не можам да ги видам овие па не можам да се одлучам само преку слика.
Да, на ваков мислев со седиште (сличен е). Исто низок му е, нозете ептен свиткани и си кочи со нив. Сега сакаш баланс или каков не те сфатив? Јас овој му го нарачав ради бојата Којзнае дали ќе го вози.
Да, баланс сакам со 2 тркала, овој сега што го вози има 3 тркала. Инаку и јас зелениот го зедов од сликата, по зелена боја и јас се залетувам Убаво изгледа овој што си го нарачала, баш кажи дали во висина му се погодува иако твојот батко е малку повисок од мојот.