1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тријада (Triptych) [2022]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од CrazyGirl15, 1 март 2023.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Вовед во серијата : На почетокот ја запознаваме , навидум лудата Алеида , успешна деловна жена , која е во брак со Еухенио , кој пак е нејзин партнер во фирмата но и син на познат и многу успешен доктор .

    Дејството се одвива во Мексико , каде нешто подоцна ја запознаваме и Ребека ( Бека ) која пак е суспендиран инспектор , но и доста избувлива личност .

    Ребека работи како форензичар , па е испратена да го " собере " телото на Алеида која е застрелана во престрелка меѓу неа и полицијата , и за која се мисли дека е мртва . Сепак , Алеида не е мртва , таа успева да ја види Ребека , пред повторно да изгуби свест . Тука почнува да се одмотува клопчето на лаги и измами , и на крајот се случува нешто сосема неочекувано .


    Серијата е прилично нова , но јас ја изгледав за неколку саати .

    Малку е предвидлива , но во секој случај е освежување . Одамна не сум гледала шпанска серија , па оваа добро ми дојде :D .

    Крајната порака е : Секогаш следете ги своите чувства . Бидете упорни во она што го имате на ум и за кое вашата интуиција ви говори дека не сте полуделе .

    [​IMG]
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.324
    Пол:
    Женски
    Серијава дно, актерката ужасно глуми, може се справува со еден лик ама со три различни е хаотична.
    Јас ја пуштив вчера изгледав три епизоди со жива мака, потоа прочитав како завршува оти немав трпение, бледа, многу бледа копија на Orphan black, не во смисла на приказна(иако има малце елементи) него карактерите и животите на ликовите, дури и изгледите се имитација. Јас не ја препорачувам.
     
    На Beautyyou, Hatula и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  3. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    Една ги глуми сите 3? Не го разбрав баш воведов. За 3 сестри близначки да не се работи? Личи тоа на шпанска серија :)
     
    На CrazyGirl15 и 1209 им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Да . Близначки кои се разделени 2 месеци по нивното раѓање , како дел од експеримент врз човечката психологија , односно психологијата на еднојајчаните близнаци .

    @1209 Имаш право на свое мислење :) . Не сум ја гледала оваа што ја спомена , кога ќе имам прилика ќе ја пуштам , па ќе споредам :D .

    Мене не ми изгледаше толку лоша серијава ( можеби баш затоа што одамна не сум гледала шпански серии преплавени сме со турски па ми дојде како освежување ) , Маите Перони е добра актерка , но дејството на серијата е такво , се е хаотично и измешано .
     
    Последна измена: 2 март 2023
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    75.728
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав серијата пред неколку дена.
    Најискрено, мене ми е ок.
    Секако во последните десетина години нема серија што ме фасцинирала.
    А глумата е 100% подобра од турските серии ]:)
     
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Ја пуштив и јас. Глумата е навистина лоша, кој од кој.. Ама затоа пак надоместува со заплетот.
    Изгледав 2 и пол епизоди и кога заврши втората се зачудив колку брзо поминало :D
     
  7. Hatula

    Hatula Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    И мене воопшто не ми се допадна, не ја ни догледав до крај.
    Многу лоша глума, наивна, предвидлива и на моменти патетична.
    Глумицава иста ми беше и во dark desires мислам дека се викаше серијата, тотално утната.
    Си мислам дека можеби доколку главната улога беше играна од друга глумица можеби ќе беше подобра серијата.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    За мистерија, крими филмчиња на шпанциве им нема конкуренција. Глумицава ја памтам од OSCURO DESEO и не извади некоја јака глума, туку беше баш онака просечна. Не беше лоша серијата ама замислата концептот беше неверојатен мајндфак. А да и јаки песничиња имаше памтам, тоа ми остави впечаток и голем плус имаат од мене за песните у серијата.

    Деновиве ќе ја започнам оваа триптих :) ме заголица плотов :D
     
  9. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    2.194
    Пол:
    Женски
    Ја почнав и никако да ја довршам оваа серија, не ми држи внимание. Не ми се допадна некако...
     
  10. Beautyyou

    Beautyyou Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам на тие што ви е серијава дно. Глумата тежок очај.