1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Три Хил (One Tree Hill)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mimi123, 13 март 2011.

  1. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=EDGkkYzGkg8
    Три Хил (англиски: One Tree Hill) е американска тинејџерска, младинско возрасна телевизиска драма создадена од Марк Швон, со првата епизода емитувана на 23 септември, 2003 на The WB Television Network.[1] По нејзината трета сезона, The WB се соединува со UPN за да ја создадат The CW Television Network, и заклучно со 27 септември, 2006 мрежата е официјален емитувач на серијата во САД. На 25 февруари, 2009 The CW ја обновува серијата за седма сезона.[2] Дејството во серијата се случува во измисленото гратче Три Хил во Северна Каролина и првобитно ги следи животите на двајца полубраќа, Лукас Скот (Чед Мајкл Мари) и Нејтан Скот (Џејмс Лаферти). Нивната врска варира од бездушни непријатели до грижливи браќа, а кошаркарската драма, како и романсите на браќата со женските ликови, се исто така значајни елементи во серијата. Првите четири сезони на серијата се фокусираат на средношколските години на ликовите. Со почетокот на петтата сезона, Швон решава да прескокне четири години од времето на случување, покажувајќи ги нивните животи по факултет. Седмата сезона исто така ќе се помести една година во иднината.[3]
    Првобитно песната „I Don't Want to Be“ од Гавин ДиГро е поврзана со отворачката шпица, свирејќи во позадината. Темата е отфрлена од отворчката шпица во петтата сезона и оттогаш шпицата е составена само од насловот испишан на црна позадина. Ентериерните сцени на серијата се снимаат во студијата EUE/Screen Gems во Вилмингтон, Северна Каролина, а екстериерните во и околу Вилмингтон.
    Серијата има порсечни рејтинзи, каде втората сезона има највисок рејтинг, достигнувајќи 4.3 милиони гледачи неделно[4] и има добиено неколку награди Избор на тинејџерите. Тековно, пет сезони од Три Хил се достапни на DVD во регионите 1, 2 и 4, со шесттата најавена за издавање во 2009. На 12 мај, 2009, беше потврдено дека Чед Мајкл Мари и Хилари Бартон нема да се вратат во седмата сезона, иако нивните ликови се едни од поглавните протагонисти низ серијата.
    Извор: Википедиа[5]
    Прекрасна серија!!!!! Кој се согласува со мене ;)
     
    На solnishko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    ЈАС! Едвај чекам да искочи новата епизода, дури за месеци нешто! Со години ја гледам!
     
  3. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    исто и јас се сложувам.ја загледав заради глумецот но серијата е прекрасна,супер глупат,тематиката е одлична.просто ја обожавам.браво што ти текна да напраиш група за оваа серија.
     
  4. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    И јас заради глумецот зошто го обожаваммммм ама и серијата е топ стварно :)
     
  5. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Зошто серијава е толку не популарна кај нас? добро освен што трае веќе предолго, ама мислам дека е една од поубавите серии а јас гледам многу :) најубав пар ми се Нејтан и Хејли а и синчето Џејми е ептен слатко и глуми ко големо да е. Се израдував со последнава епизода кога Брук дозна дека е трудна, греота толку време беше убедена дека нема да може да има деца а и неможеа да посвојат дете... и да убав ми е Џулиан сопругот на Брук :)
     
  6. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.102
    Пол:
    Женски
    Многу убава серија ја обожавам :)
     
  7. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Јас за жал завршив со гледање на серијава. Имаше 8 сезони и вчера ја изгледав последната епизода. Дефинитивно една од поубавите серии што сум ги гледала.
     
  8. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Сепак ќе има и 9та сезона од серијава , ќе почне во Јануари 2012... кој знае што ново би прикажале :?:
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    ^ Секогаш се наоѓа.

    Мене не ми е нешто посебно интересна.
    Започнав да ја гледам не поради глумецот, туку поради насловот.
    Името ми асоцираше на The Hills, на што сум најголем фан во Македонија мислам. Ги имам сите сезони гледано по 5-6 пати, првата дури и повеќе од 10. (Неколку месеци не можев да го преболам раскинувањето на Џејсон и Лорен и поради тоа ја гледав тие месеци само таа сезона)
     
  10. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Многу ми е интересна серијава :)
    Ги обожавам сите, а посебно Џејми и Лукас. :$ :inlove: :D
     
  11. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    2.723
    Ау, една од поубавите американски серии :)

    Првично почнав ради Chad Michael Murray да ја гледам, али одлична серија е.
     
  12. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    ТРИ ХИЛ!! :D

    најпрекрасна серија беше би сакала пак да ја даваат сакам сите сезони да и ги гледам пошо некои и ги немам гледано.. најубав е Лукас :D
     
  13. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Вчера излезе 2рата епизода од последната сезона!
     
  14. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Излезе и трета епизода :)) Ајде тие што ја гледате кажете што мислите
    кој ќе биде под белиот чаршав? кој умира во оваа сезона. Хејли ја дадоа кога го виде телото колку многу плачеше...Јас не мислам дека е Нејтан...Сега последнава епизода ме збуни, ама не мислам ни дека бебето на Брук е...Или Ден (ама па зошто Хејли толку да плачи) или од сестра и мажот и/дечкото ...а мож и некој спореден. сепак мислам овој вториов ќе умре, нешто лошо му се случува со здравјето.
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Каде ја гледате серијава?
     
  16. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    на интернет, преку торенти (јас )
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    еј добра е оваа штета што сител3 не ја пренесува веке хахахахаха
     
  18. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Ми велат убава дека била серијата ама незнам каде да ја гледам
     
  19. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    На Filmovizija.com gi ima sezonite со српски превод :)
     
  20. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Ја два месеци ја изгледав целава серија.
    Најпрво ми се чинеше по малку досадна, ама постепено станува многу интересна и заразувачка.
    Штета само што Пејтон и Лукас си отидоа порано од сериите. :)
     
    На solnishko му/ѝ се допаѓа ова.