Три метри над небото (A tres metros sobre el cielo) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од SunFlower94, 29 јуни 2011.

  1. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Прекрасен филм, денес го гледав мене ме воодушеви, а посебен шмек му дава и крајот,јас бев буквално ваква ;( , инаку ова е преработка на филмот, оргиналот е италјански и е многу стар филм, но оваа новава верзија е многу по квалитетно снимена. http://www.youtube.com/watch?v=rGhgm8f3biU Сте го гледале филмов, ви се допаѓа? (инаку морам да напоменам глумецот е многу секси :P )[​IMG]
     
    На LoVeR, lusi17, ViKtOrIjA21 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Со оглед на тоа што го учам шпанскиот јазик ме заинтересира филмчево па го изгледав! ме воодушеви начинот на кој е прикажана оваа љубовна приказна,не се лигави романси туку баш реален начин и отсликување на вистинските чувства! Интересна е и пораката на крајот..секако да не ја откривам!Шпанската верзија е дефинитивна подобра од италијанската Tre metri sopra il cielo,изненадуваат шпанците со нивната оригинална продукција! И да филмов воопшто не е наменет само за тинејџери за секоја возраст е според мене! :) убава приказна во секој случај.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Денес и јас го изгледав.
    Без коментари :D
    Интересен е, неизвесно и се нешто ново. Глумецот... :lol: :inlove:
    Интересна приказна, не е некој, веќе познат шаблон на ,,тинејџерски‘‘ филмови. Нешто ново и интересено. Иако е зафатен и дел од класичните тинејџеркси филмови.
    Ја немам гледано италијанската верзија, а и не планирам. :lol:
    Инаку многу е долг :lol: Цели 1 час и 57 минути.

    :!: За оние кои го имаат гледано.
    Жал ми е што на крај не останаа заедно, сепак беа различни карактери. А и жал ми е за Катина и Пиле.

    [​IMG]
     
    На sparkle.q му/ѝ се допаѓа ова.
  4. COolgirL93

    COolgirL93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Ааа преекрасен е филмоов на крајта многу плачев, ама преубав е филмов мора да го гледате. Баш ми се допадна главниот глумец. Се вика Mario Casas :D. Инаку девојки, вреди да се гледа филмов. Имам слушнато дека книгата е уште поубава па ако ја најдете пишете.
    Крајот од филмот ми се допадна дека е мн поразличен од другите филмови, има жален крај.
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    769
    Навистина одличен филм. Пријатно сум изненадена.
    Значи секоја љубовна приказна нема секогаш среќен крај
    :!:
     
    На Bieber-Fever му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    1.606
    Баш ќе го гледам зошто приметив дека стана доста популарен :)
     
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.256
    Пред два дена другарка ми ми спомна за филмот. Ми рече дека се утепала од плачење.
    Е сега колку е навистина тажен незнам бидејки таа па сиротката е многу емотивна па на се знае да си пушти по некоја солзичка :D , но сигурна сум дека ќе го гледам, само да ми се опорави нетов од 1-ви. Тогаш и филмчиња за возрасни ќе паѓаат :wasntme:
     
  8. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    158
    Филмов е невиден...100 пати го гледав и не ми се досадииии ...Марио :inlove: :*
     
    На Bieber-Fever и WhiteButterFly5 им се допаѓа ова.
  9. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    буквално да останеш со насолзени очи ;(
    многу добар и убав филм , за сите генерации .. :|
    и глумецот е многу убав :inlove:
    и преостанува и на другите да го гледаат и нема да зажалат :!:
     
  10. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Само што го гледав филмот, 15 минути сум плачала :) А главниот глумец е... :$
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Ах, филмов ми врати спомени, имав одамна еден дечко моторџија :lol: Малку тинејџерски, ама сепак филмов ми беше многу мил, само имам замерка-можеле да најдат многу поубава глумица за главниот женски лик.
     
  12. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    Да!! Стварно глумицата требало да ја сменат , а дали е со неа или без неа филмот е многу убав :)
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Одамна ме нема дрманто некое филмче.
    Прекрасен филм, ме остави без зборови, се изнаплакав.
    Не е типична романтично тинејџерско комична жалопојка,туку баш реално отсликување на љубовта помеѓу два различни света.

    Го изгледав без да трепнам и срце ми се стегаше.
    Дефинитивно ќе си го гледам секоја вечер пред спиење.

    А за глумецот да не правиме муабет, се заљубив ееептен, ептен.... (леле не ми личи на годините вака што се испозанесов :lol: ).
    Можда не е некој посебен ама дефинитвно има многу шарм и сексипил.
    А да, и јас се согласувам дека глумицата е малку промашај, ама тоа е.

    Колку се чувствува неговата љубов кон девојката. :x
     
  14. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Хаха се пронајдов во ова за годините! и мене не ми личи ама тоа сепак докажува дека фимлот не е само за тинејџери туку и за повозрасна публика! сепак не се работи за типична романса со среќен крај тука баш онака како што се дешава реално во животот!

    Јас книгата ја имам најдено оригинал на шпански од Федерико Моча! Не можам да се сетам точно на која страна ја симнав само ќе напишеш на google Descargar el libro A tres metros sobre el cielo и ќе пробаш од понудените страни и ќе си ја симнеш..уште ја немам прочитано ама планирам наскоро! ;)
     
  15. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    мноогуу е убав филмот кога ми рекоа да го гледам ми стоеше глупав ама кога го изгледавв....сепак не ми се допага крајот на филмот многу е жален




    која е песната што ја даваат кога се на плажата??
     
  16. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.617
    Филмот е најубав. :l: Јас сум само една од многуте на кои филмот успеа да им влезе под кожа. :shake:

    Сметам дека не постои човек кој ќе го изгледа и ќе остане рамнодушен. Откако го изгледав некако секакви емоции се пробудија во мене.
    Се почуствував заљубено. Успеа ептен да ме разнежни. :inlove:

    И јас мислам дека крајот е премногу жален. Немаше потреба стварно. Во филмот баш беше доловена силната љубов помеѓу двајцата и можеа да преминат преку сите тие препреки. Не беше до толку трагично па да се стави крај на се. ;(

    И да, не требаше да започне било што со глупавиот комшија.
    Се наежив на сцената кога беше во кревет со комшијата и тој ја спушти раката надолу, таа веднаж му ја тргна и се виде тетоважата која ја истетовираше на почетокот на нивната врска кога беше лудо вљубена во него- првата буква од неговото име. ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На love11111, Lady-Love и Siksi им се допаѓа ова.
  17. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Мене исто така посебно ми се свиѓа што се гледа некоја хемија поврзаност меѓу нив двајца, колку и да е промашај актерката, можеби да била некоја друга немаше да се гледа толку љубовта..три дена мислам сум плачела хаха

    Иначе за песната мислам дека е оваа http://www.youtube.com/watch?v=szv9qI6t9aU
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.323
    Допаѓања:
    38.562
    Пол:
    Женски
    Убаво и романтично филмче, и баш ми се допадна што имаше поинаков крај односно можеше да се извлече некаква поука од филмот во врска со љубовта. Незнам дали моите нерви и емоции се ојачани, но во последно време ич не плачам на филмчиња, поготово не на вакви, повеќе цмиздрам на "Све за љубав" :D

    Главниот глумец е...немам зборови :inlove: А баш ми се допадна тоа што девојката беше неспецифична фаца, како што повеќето рековте дека можеле поубава да најдат, јас пак мислам дека е супер тоа што не е некоја класична убавина како што е во америчките филмчиња. Па зашто мора увек претерано убав да се заљубува во претерано убава...баш е пореално вака....а далеку од тоа дека девојкава не беше убава.
     
    На New York13 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Епа не ми требаше да го изгледам филмов.
    На сред пладне јас се изнаплакав. Среќа што сум сама дома да не ми се чуди некој.

    Физички не ми се допадна ниеден глумец, но ликот на Х допре до мене. Многу добро одглумено, можев да ја почувстувам неговата љубов кон девојката.
    За крајот ќе кажам дека беше потребен. Беа различни светови и се знаеше што би можело да биде со нив во иднина..
    Иако не требаше баш со комшијата таа да продолжи веднаш, па и да иде на истите места на кои беше со него. Многу брзо продолжи, иако нели јасно покажаа во последните сцени дека не го преболела. Последните зборови се реалност и поради нив плачев пола саат.

    Можеби поради фактот што се наоѓам пред еден крај (не баш ваков) толку многу ме трогна филмов.

    И секако, песната ми се свиѓа. :)
     
  20. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Kada pokušavaš da se setiš kad je sve zapravo počelo.
    Otkrivaš da je sve počelo pre nego što si mislio.
    I tada, u tom trenutku, shvatiš da se sve dešava jednom u životu.
    Koliko god pokušavao, nikad nećeš imati isti osećaj.
    Nikad više nećeš imati osećaj kao da si
    TRI METRA IZNAD NEBA! ♥
    Еве го и завршниот цитат, само на српски е..преубаво..
     
    На love11111, MarchelineAmaru, Chocoholic.girl и 8 други им се допаѓа ова.