Филмот е убав ама ми стана одвратен оти сите баат за него,на фб напнаа веќе Па дури и песна напишал некој...песнава е очајна http://www.youtube.com/watch?v=t37LM29Qkk8
Го изгледав и јас тргнете ми рецка Сношти до 3:30 го гледав леле леле леле глумецон да ми падни в раце нема ко Баби да го одбивам 3 пати Премногу ми се допадна пре пре пре убав во еден здив го изгледав само незнам мене не ми беше тажен воопшто солзи не ми надојдоја ама ме воодушеви дефинитивно. Секоја би посакала ваква љубов некој тооолку многу да те сака да ти го смени животот буквално да те крени на небо, а оваа Баби ко типично разгалена богаташка се испонаша имало немало Аче и беше крив.Онај Пиле незнам многу ме нервираше несакам такви неоговорни дечишта. Татко е душа човек сакам во вториот дел да ја остави онаа вештеркана и да си ја земи шанкерката
Го гледав и јас филмов, да не останам покусо де . Добар е. Но не ме потресе којзнае колку и не ми предизвика солзи. Филмот е едно реално прикажување дека не секогаш спротивностите можат да успеат да преминат преку сите препреки. Дека љубовта и привлечноста не се едниственото нешто кое ги држат двајца луѓе заедно. Единствено и замерувам на Баби за тоа што ја остави Катина кога најмногу и требаше и што веднаш почна врска со соседот, а дека со Аче немаше никаква иднина немаше. Крајот е реално прикажан и покажано е дека животот не пишува само романи туку и драми. Аче не ми е ништо посебно, јес да е шармантен и згоден но не е убав. За глумата супер одглумија. Баби е една рагалена богаташка која сака секогаш таа да е во право и таа да добие. Пиле многу ме нервираше со своето однесување, но со Катина беа преубав пар и навитина заљубени. Кога се обидуваш да се сетиш кога се започнало, сваќаш дека се започнало многу порано одколку што си мислел. И тогаш, во тој момент сваќаш дека се се случува еднаш во животот. Колку и да се обидуваш, никогаш нема да го имаш она исто чувство. Никогаш нема да го имаш чувството дека си ТРИ МЕТРА НАД НЕБОТО.
може ли некој да ми даде некој линк за симнуванје на филмот ..ја симнав италијанската верзија ..а ja сакам шпанската help please ..иначе користам utorrent ,a na zamunda ne sum registrirana....fala odnapred
Го гледав филмот пред околу еден месец ама заборавив да пишам во темава...по локацијата се гледа колку ми се допадна филмот.....Поубав филм...АМИН! Spoiler Многу ми беше жал на крајот,посебно за Пиле и другарката на Баби
Ај и јас кусо да не сум да прокоментирам иако си го кажав мислењето во другата тема. Филмот не ми беше нешто многу посебен, преубав, најдобар, не го сместувам во таа категорија.Просечен, да бев помала вајда и јас ќе бев на 3 метри над небото кога ќе го гледав, ама сега по толку изгледани одлични филмови не го сметам за ништо посебно.Типична љубовна тинајџерска приказна со малку нетипичен крај. Spoiler Јас и се восхитувам на храброста на Баби која ја имаше на крајот, да се отргне од се и од сите што ја привразувале за едни поубави времиња, малку ја обвинувам поради тоа што не беше со другарка и кога најмногу и беше потребна, ама сепак тоа беше нејзина одлука и секако мислам дека не и беше лесно.Сепак мислам дека Аче претера кога ја удри, ама да ги земем у оглед околностите и таа претера.Најдобриот другар само што загина а таа му се изнавика и го обвини за неговата смрт, место да го гушне и утеши во тоа критично време, а потоа да разрешува што како.Според мене за крајот на врската беа виновни и двајцата подеднакво.Е сега да прокоментирам за нив како личности.Таа беше малку разгалена, ама мене девојката не ми беше грда напротив имаше посебна убавина и шармантна беше, а тој мене воопшто не ми беше убав, малку мајмунска фаца ми караше Може беше згоден ама воопшто не ми се допаѓаше со неговиот карактер, толку беше насилен, агресивен и фрустрациите од неговиот личен живот ги лечеше на друг, имаше некои сељачки манири Во филмот ми се допадна глумата, сите одлично го изиграа својот дел, а Аче и Баби зрачеа со љубов која мислам дека ретко актери на нивна возраст можат да ја доловат толку реално. Јас пуштив некоја солза признавам ама не заради нив двајца туку ради другарот кога умре. Се на се не ми е филмот ништо посебно, онака лимонатка за релаксација, не би го гледала повторно, не заборавав да дишам додека го гледам што ми се случува на некои љубовни приказни, така да го препорачувам на личности кои сакаат лесни филмчиња.
Кога ќе ми каже некој дека плачел на филмов, мислам дека ќе се треснам од земја. Добро бе деца, на кој сцена плачете ?! Го гледав филмот, не ми се допаѓа многу. Не е како останатите - има трагичен крај. Глумицата е ужас, типот е убав .. Катина ми е симпатична
А уствари шо беше толку за плачење? мене ни ми се плачеше па ни ми се смееше кога го гледав. Имаше насилство, ама да го оставиме тоа филмов убав беше, не беше лош
Ајде утре конечно ќе го гледам, да видам што чудо од филм ќе беше. Другарка ми веќе го гледала и ми вика земи си цел пакет паломи
Се согласувам со 1209 скоро во се освен во тоа дека типот не беше убав : ) Се заљубив... хх Инаку јас пуштив некоја солза кога се случи сообраќајката.. А и се чудам на храброста на Баби xD
Сите напнаа со филмов, јасуште го немам гледано. Ме мрзи да побарам линкче за да го симнам инаку може и ќе го гледав
Го гледав,пуштив некоја солза и то је то. Ќе има и втор дел,така да,како и во секој филм,заљубениве,да се смират и да живеат среќно до крајот на животот.