http://www.filmovizija.com/musicvideo.php?vid=fae3fb958 reina остави малку да се пополни и слободно гледај си со превод
Реков нема да го гледам од причина што се крена толкава прашина за филмот. Но, никогаш не вели никогаш Го изгледав. Филмот е убав. Можеби не толку тематиката, колку што глумците беа совршено избрани со уште посовршена глума. Толку емоции, толку реалност, толку искреност во нивните очи. Толкава болка, трепет. Глумецот не е убав, глумецот има шарм. Глумицата има нежност, кревкост. Бидејќи денес, сум емоционално нестабилна, плачев на повеќето сцени, дури и таму каде што беа најсреќни. Доколку го гледав во нормална состојба, ќе заплачев на сцената Spoiler кога умира Пиле, и на сцената со дождот. Филмот допира до срцето, а тоа значи дека не е ни најмалку досаден. Верувам дека скоро секоја се пронајде во нешто од приказната. Мене ми беа многу слатки заедно. Заврши нормално, онака како што завршуваат повеќето животни приказни. Никој не беше ни добар, ни лош. Секој приказна за себе, почнувајќи од Аче, се до мајка и на Баби. Сепак, вределе позитивните коментари за филмот. Едит: Италијанскиот е поубав
Го гледав филмот иначе на јутуб го има.. и порано бев почнала да го гледам али не до крај.. е решив да го гледам до крај дечко ми ми го прати што да кажам? преубаво.. ме расплака филмов убав е многу е романтичен А башка нема типичен крај..
Филмов е прекрасен направи да се изнаплачам.. А дали е излезен како книга вториот дел зашто како филм знам дека не е дури наредната година..
Не аум го гледала овој филм, кога го видов насловот ме потсети на еден од моите омилени италијански филмови "Tre metri sopra il cielo" и сега кога го видов трејлерот уствари е истиот филм, со мала разлика- шпанскиов филм датира од 2011, а италијанскиот од 2004. Не сум го изгледала цел филм, па ќе пишам пооширно за разочарувањата откога ќе го изгледам, а чисто за вовед колку што сфатив, девојката во главна улога се вика Баби, исто како и во италијанскиот
Го гледав уште пред повеќе од две недели, ама сум заборавила да пишам импресии. Добар филм, добар. Не беше одличен поради тоа што такви романтични теми тешко можат да ме погодат, ама ако тоа го тргнеме настрана, добар беше. Само се изнервирав на крај малку Spoiler кога девојкава го кривеше дека тој бил крив за смртта на другарот. Ненормална
Го видов пред месец дена, и целата бев aaaaaaaawwww... That is sooo cute, that is soo sweet, but hey... it's just a movie, right?
Денеска го изгледав филмот, не е преработка на италијанскиот, туку е чиста копија, се е исто, исти сцени, исти карактери (на пример каква е сестрата- се сака да знае, љубопитна) па дури и некои од имињата -Баби, Дани,Пепито. Еве го италијанскиот http://www.youtube.com/watch?v=EXm2Gw48 ... re=related Максимално се разочарав, филмот е само бледа копија на италијанскиот, само што глумецот е посимпатичен, ништо друго. Италијанскиот е многу подобар, глумците се пооригинални, подобра музика, и во текот на целиот филм има радио во позадина, цело време зборуваат за работи кои се поклопуваат со дејствата во филмот, многу убави мисли. А штом се очекува и втор дел, еве го трејлерот од италијанскиот втор дел, не се ни сомневам дека нема да биде повторно копија на овој. http://www.youtube.com/watch?v=hQKbm5Cx9M0
Исто. абе ајде, мислев дека на крај едниот ќе умре од нив, дека сите пишале леле не се заедно, тажен крај, оваона, и на крај, заради што? А и оваа Баби, сега во вториот дел ќе виде колку само не е така лесно како што мисле и има се да ја тресне по глава. И мило ми е, и мене многу ме изнервира уфф. И морам да кажам, песната многу ми се свиѓа, ве поздравувам со неа http://www.youtube.com/watch?v=UZYmkuucLGI
Три Метри над Небото - Втор дел Известување за сите фанови на филмов, дека вчера излезе на кинотека.мк вториот дел од италијанската верзија. Се вика "Ho Voglia di Te" или преведено на македонски "Те сакам тебе" . Инаку филмов е од 2007ма година но речиси невозможно е да се најде на нет да се спушти.. Еве ви линк доколку некој сака да го гледа со македонски превод: http://kinoteka.mk/?p=1528