Филмот посебно ме привлече поради глумецот... Со нетрпение го чекам вториот дел и се надевам дека на крајот ќе бидат заедно, бидејќи нема да има смисла филмот
Љубовен филм како и секој друг... со ништо не ме импресионираше. Иако морам да признаам дека пријатно сум изненадена од тоа како се доловени сцените, ама актерката им квари просек. Можеле да најдат некоја понежна и посимпатична.
кончно се одлучив да го гледам филмов и многу ми се допадна http://www.youtube.com/watch?v=eFNODGww ... plpp_video
Веќее излезе и вториот дел само го видов трилерот но филмот целосно да го гледам неможам да го најдам ако некоја девојка го има најдено гледано би сакала да сподели линк па да го гледамее... еве го трилерот: http://www.youtube.com/watch?v=UbFU5TP-lic
Го имам гледано! Многу ми се допадна, многу е тажен. Сега едвај чекам да го гледам вториот дел, таму некаде во јуни!
Со душа го чекам вториот дел ! И се надевам дека во овој дел Аче ќе ја батали Баби и ќе остане со оваа новата која е и многу поубава од Баби !
Убаво викале не плукај пред нешто да гледаш. Го хејтав филмов мислејки дека е тинејџерско срање Си викам исто ко Хари Потер и Самрак (Twilight) кои после првиот изгледан дел дадов заклетва дека нема да ги гледам овие филмови. Арно ама синојка го изгледав Три метри над небото и ме бендиса ептен. Си се потсетив на шпанскиот, убава љубовна приказна која најинтересно не заврши баш онака како што очекувавме. Немаше лигавење, немаше глупости, сеедно што почна типично ко Млади Бунтовници и си викам ах еве Миа Колучи и Мануел. А сепак многу подобро, многу интересно, 2 саати ме задржа филмот иако мислев на првите 10 минути да се откажам и ја карав сестра ми што ми дала тинејџерска будалаштина да гледам. А интересно е што и двајцата глумци се со многу лоши црти, посебно девојката, а се така харизматични. Тој е грбав, со преостри црти, а таа има крив нос, ама совршени ми се еден за друг. И одвај чекам нов дел да гледам. 3 дела се планира да има. Така? Ко осмооделенка се радував кога се фатија, а ко 5то одделенка бев разочарана што оваа го откачи
Уффффф преубав филм ми е немам зборови за самата замисла на филмот,од глума се е супер,со душа го чекам вториот,па и третиот дел на филмот.Ајде белки овај пат ќе има среќен крај филмчето и ќе се радваме на нивната среќа,ама и љубомориме на актерката што ќе си го има крај себе
Добар филм, ама мора да признаам најмногу го гледам поради глумецот. Цело време се лигавев пред телевизорот