Koнечно да видам некој со исто мислење како јас. Мене глумицата ми е совршенство, многу, многу ми е убава. Без шминка уште поубава ми е. Ми ја има онаа ладна убавина, специфична, не е класично убаво лице, туку баш има интересни црти. И ме потсеќа на Ливинг наша инаку. Многу.
И на мене ми е убава бре невести, нели читате понапред . И кога е во прашање вкусови, нормално е дека ќе ми се совпаднат со Спаркс и Лудото . Ама и Марио ве пали, ај сеа признајте . А велите личи на Ливинг. Е не знам како изгледа, ама ако е така, тогаш преуба е Ливингот .
http://www.peliculasnuevasonline.com/stuff/pelicula_online/tengo_ganas_de_ti/1-1-0-182 Ајде пробајте со оваа снимка драги мои. Мене ми успеа! Аххх под какви импресии сум моментално
И мене ми е Баби многу уба, а глумецот во телото уфф А иначе не ми е кузнеј шо на фаца преубав тој, ама симпатичен е Вториот дел кога ќе излегва? Сакав да ја земам книгата да ја прочитам, ама прво филмот ќе го чекам
Јас, пак мислам дека шпанската е верзија е поубава. Во италијанската ми е некако нафрелено, нема никаква хемија помеѓу глумците, студени ми се. Додека кај шпанската, она што посебно ми се допадна е начинот на кој се доловени емоциите. Филмот нема да ми беше толку добар ако овие двајца не одглумија толку добро. Оваа е еден од филмовите кои ми се на врвот само поради начинот на кој се одглумени и пренесени чуствата на Баби и Аче. Ретко допира филм до мене, посебно романса, бидејќи кај мене е пресудно начинот на кој ќе ми ги пренесат емоциите. И може малце е чудно, ама овој филм и Титаник ги имам гледано околу 10 пати и секој пат плачам. Не дека се работи за којзнае какви филмови, ама ете, главните ликови се виновни, не јас што толку плачам . Па затоа преферирам акции и трилери, оти од толку плачење, после тоа глава ме боли .
А девојки што бидна со вториот дел бе? Излезен е? Инаку за филмот. Мене ме нервираше сета таа фама што се дигна за него, мразам кога нешто толку ќе го исфорсираат, па и на фб демотивации, слики... Ама откако го изгледав морам да признаам дека допре до мене. Сакам романтични филмови ама не она лигаво романтични а овој чинам не беше лигав туку баш реален. Ме погоди целата приказна, јас знам да си заплачам понекогаш на филмови ( ама тоа не го кажувам, мразам такви клише фрази како плачев, липав итн ) ама стварно плачев на крајот . И морам да кажам дека саундракот на филмот е многу добар, песните ептен ме соживуваат со филмот. Како и цитатите, па и на шпански... некако не знам. Имав чувство дека филмот сум го гледала многу одамна а не сум го . Поим немам зошто имам такво чувство . Абе убав филм и се ама многу го претераа пак ќе речам. Па и напалените тинејџерки кога ќе почнат со тоа Марио Касас совршен маж, јас и ти три метра над небото итн едноставно одбивно ми стана тоа. А инаку за глумецот мене ми беше ептен убав ама ништо вау како што го направија. Баби не ми е убава, можеби сега на слики што ја гледам изгледа убаво, нема лоши црти ама ми нема шарм некако, можеле пошармантна глумица да одберат. На Марио би му стоело повеќе нешто како фем фатал . Цел реферат изнапишав .
Само ја ли го неам глеано филмов ? Знам што се случува во него од кажување и од нет, ама некако не ме примамува да го гледам.
Излезен е новиот дел јас го гледав на една страница, али не е оригинал верзија бидејќи сега филмот се прикажува прво низ кината, а подоцна ќе излезе на интернет. Некој додека се го прикажувале во кино е бил доста паметен и го снимал целиот филм, снимката малку не му е добра, премногу од блиско е снимено, но доволно ми беше за да видам каков е. И да ви кажам искрено многу е добар и вториот дел, малку повеќе е перверзен од првиот, но искрено допира до срце.
^ Излезен е, ама нема асална снимка. Се чека барем некоја добра да е, да не ми шетат сенки низ филмот .
www.peliculas-flv.net само девојче не е оригинал филмот бидејќи некој го е снимал додека филмот се прикажувал во кино, па додека го гледаш низ екран ќе ти поминуваат сенки, а и нема превод. Оригинал филмот низ интернет ќе излезе на 22јули, бидејќи уште се прикажува низ кината.
Евеее го втор дел http://zamunda.net/details.php?id=315807&hit=1 превод не знам дали има и не знам каков е квалитетот.
Ова е шпанската верзија? Ти го немаш симнато така? Има некој асолен линк, три дена барам по гоогле и по секаде аман веќе ќе умрам додека да го гледам Гледај го, нема шанса да зажалиш, толку е добар уффф, 100 го имам гледано, и сите пати на крај солзите неможев да ги запрам, посилно е од мене, да не претерам ама сигурно е еден од најдобрите филмови што сум ги гледала, и уште милион пати да го гледам нема да ми стане досаден!