Со дада го глеавме онлајн (fimovizijaa) ама на сред заглави и несакаше да продолжи да се полни. Мора да се догледа! ~Одличен е.
Море гледам сите сте се распишале за филмчиштево, и тука, и на фб. Убав е стварно толку колку што го фалат? Да знам дали да го симнам, а да не се зае*ам, така со Last Song направив, узалуд трошење на време и нет.
http://www.filmovizija.com/sa-prevodom- ... fb958.html Еве ти линк со превод, што ќе го имињаш. Јас сега го гледам... Онака, не е лош.
кај прочита тоа?? И мислам дека ќе ја утнат работата со втор дел. Баш си е вака убава прказната. Али глумецот, леле мајко на 32 години како тинејџерка сум го пиела со очи. ПМС шта чеш.
Имаш линкови поназад. Абе глумицата мене ми беше сосема на место. Се вклопи во приказната. Spoiler На почетокот кога ја дава како се спремаше, облаче од парфем, кога ја фенираше косата, јас очекував некоја убавица, мислев од стол ќе паднам, кога бум-feya Ама мислам дека он и затоа ја забележа, беше различна. Глумата и беше и повеќе од добра. За него, да за физички изглед си е згоден човекот. Инаку во филмот, ме нервираше некако, премногу агресија, имаше многу фрустрации во него, јас не ни сакав да остане со него. Или па да можеше он да се смири, ама иако рече дека ќе се сменат работите си подолжи така. И ми се допадна сцената со сексот првиот пат. Не беше некакви романтики, беше сосема нормално. Добар филм, вреди да се погледне
Филмот Го обожавам.. Ме расплака.. Баш ми се допадна, плус нема среќен крај.. не е како сите други филмови ..
Зошто нигде го нема за да се симне??? На три страни проверив и нула ми вади ... Сакам да го симнам, не онлајн да го гледам ... Едит, најдов најдов со грешно име сум го пишувала
Инаку да има и втор дел од филмот, се вика Tengo ganas de ti, Spoiler ама и тој завршува тажно..и тоа е крајот на целиот филм.. би требало да излезе на почеток на 2012.
Tengo ganas de ti е насловот на новела напишана од истиот писател од кој е напишан Три метри над небото не е продолжение. http://www.youtube.com/watch?v=hB8fE8Da7Hg Филмов е сниман во 2007 а три ме Три метри над небото е 2010 година
Првиов пола саат од филмов шо го изгледав, не е лош. Има некои клишеа, ама за разлика од оние типичнине американски тинејџерски филмчиња за глеање уз пакетче палома, ме заинтересира. И од она што го видов можам да речам дека највеќе мразам глупаци од типот на плавион другар на Hache, ме потсеќа на еден бивши од една моја мн драга другарка. Уфф кој глупак и исто така и правеше ко овој на другарка и од Баби а оваа шо се вика си се смееше ко зелена, лелее тогаш ми одеше и на двајцата по една дисциплинска да им удрам. Не можам да поднесам Spoiler такви бунтовници без причина, искомплексирани и шо си ги лечат комплексите на луѓе кои не поминале низ нивното.
Нена ова е од италјанскиот филм..шпанскиот е преработка на овој..за истиот филм се работи..пиши tre metri sopra il sielo, ќе ти се отвори италјанската верзија, а ова што си го постирала е вториот дел од италјанскиот. Шпанскиот втор дел, се снима
Денес го гледав филмот по 3ти пат. Кога ќе дојде при крајот останувам без зборови, а со солзи во очите. Едноставно ме фасцинира филмот, многу ми се допаѓа. Мислам дека тоа е најдобриот роматичен филм кој сум го гледала досега. Браво за режисерот. :up: