Конечно го симнав, снимаката е супер, само преводот е катастрофа. И покрај тоа што е на никаков (импровизиран) англиски, сепак можете да ја разберете суштината. Како што пишаат погоре Баби ја преведуваат како Grandmothers!! Алоооо!! бај д веј мене баш ми се слатки со Џин
Само што го изгледав. Во принцип мразам долги филмови (овој е скоро 2 часа), ама уживав во секоја секунда. Преубав!
http://www.1channel.ch/watch-2734525-I-Want-You - еве добра снимка за кој сака да го гледа онлајн, со англиски превод е Искрено повеќе ми се допаѓа првиот дел Spoiler Овој беше подраматичен дефинитивно со многу случки али некако ми изгледаше натрупан, неповрзани работи. Новава актерка ич не ми се свиѓа како глуми. Исто така не ми се свиѓаше тоа што Баби мн малце ја има во сцени со Хуго...се беше као у една сцена, се видоа се испоебаа и се разделија Првиот дел ме воодушеви..од овој неам некакви посебни импресии, ама вредеше да се гледа Марио Касас два саати
Не можам да го симнам. На замунда немам направено профил а од други страници не можам од други причини. Ај ќе почекам па може некако ќе го симнам
http://isohunt.com/torrent_details/403648565/Tri metra nad nebom?tab=summary Јас од тука симнав. DVDrip e. Снимката е супер. Башка 700 мб. Ама сега, ни јас не можам да најдам превод.
Детски филм..Си потрошив 2 саати од животов на романтики и бед бој / гуд грл приказна...Поглуп филм-Амин!
Превод барајте во согласност со снимката и во ред ќе ви е. Вториот дел ми се допадна исто толку како и првиот. Секако првиот дел е незаменлив, преполн е со љубов, емоции. Страста на почеток, која благодарение на одличната глума ја почуствуваме и ние гледачите. Филмот колку што го форсираа, толку го и хејтаа, оти во мода е хејтањето. Не дека сум фан на филмот, ама неможам да сфатам како може на некој воопшто да не му се допадне. Мислиш Самрак е. Но ете велат вкус е во прашање. Да се осврнам на вториот дел. Spoiler Во споредба со првиот, доста е потажен, значи плачев на секоја сцена особено со Катина. Немирното девојче од првиот дел, сеуште го немаше преболено својот дечко, патеше ко мало дете, јас дури не можев ни да ја гледам. Додека Баби, се обиде да ги потисне своите чуства и се одлучи да живее без љубов. Зошто? Па зарем не и беше доволна мајка и, како пример, на која бракот и се распадна пред нос, а Баби беше помлада верзија на мајка си. Ја напушти Катина во моментите кога и беше најмногу потребна, а потоа ја бара. Беше несреќна, ама си заслужи. Сама си е виновна. И секост на плажата, беше доказ за што? Дека го сака сеуште? Кучка! Мерак ќе ми беше Аче да ја заборавеше и да се заљубеше во Џин, ама за жал, сеуште ја сакаше Баби. Џин му беше интересна, сосема спротивна на Баби. Всушност, Џин му беше слмка за која се држеше, бидејќи љубовта кон Баби го докрајчи, а паралелно го натера да созреа. Во овој дел е поинаков. Созреан, смирен, сето она што Баби сакаше да го види, а немаше трпение. Епа во врската се не е розовао. За некои работи треба да си упорен и разумен. Вториот дел сакав да заврши поинаку. Не постојат бајки, ама постои вистинска љубов. Јас стојам зад тоа дека доколку постои љубов низ се може да се помине и се да се преживее. И немаше воопшто да биде бајковито да ги спојат Аче и Баби. Напротив, реално. Зарем двајца што се сакаат не треба да се заедно?! Треба, и така требаше и да биде. Но, сепак има и поента ваквиот крај. Да не ве чудат пропаднатите бракови и исфрустрираните и сосема безживотни парови. Изборот секогаш е наш, ама не и вистински. Уф, се распишав. Детално го анализирав филмот. Два дена седам на плажа и размислувам што би било ако е поинаку. И хејтајте колку сакате, ама на мене филмот ми омилен. Првиот дел ми е гледам околу 10 пати засега , го натерав и дечко ми да го гледа .
БлекСвон, ете погоре имаат поставено линк за онлајн, само што го гледав. Снимката е супер али преводот на англиски си нема благе везе , немој ни да се обидуваш да читаш, само слушај си што зборат Не го разбрав делот со мајка и на Баби (Ај нека ме просветли некој ) Spoiler Што бараше мајка и по документите на татко и? Што најде? Каква беше таа картичка?
Во книгата е објаснето дека сопругот нејзин ја изневерува, и таа го фати на дело Филмот е многу кратен, доста работи не се добро објаснувани... но сепак ми се допаѓа!
Вториот е. Јас ја видов само снимката. Сега видов, дека е синхронизирана. Ама најдов уште еден линк, со исто 700 Мб, па ако успее, ќе го пишам. Едит: Еве го, се симна. http://isohunt.com/torrent_details/4036 ... ab=summary Исто е, и кај овој. Руска синхронизација има. (мислам) Добро е ускладено, не се дуплира гласот. Исто е скоро, како они да зборат, ам не е тоа тоа. Ќе симнувам до утре ако треба, ама ќе најдам..
Само што го изгледав вториот. Spoiler Измешани ми се чувствата ама имам прашања- дали Џин всушност цело време била платонски заљубена во Аче, бидејќи на изложбата имаше еден куп фотографии уште од порано, кога Пиле беше жив? Дали сестра и на Баби решава да го задржи бебето? Не разбрав што кажа кога ги дадоа трите во ординацијата, кога мајка и и рече демек ајде, а таа ја задржа? И дали тој што ќе и биде сопруг на Баби и што ја остави пред куќата на почетокот на филмот е истиот со кого почна да се гледа во првиот дел? Само можам да кажам дека е една голема кучка и стварно не заслужуваше толку да ја жалиме во првиот дел. И ете гледате дека не е се така црно и бело кога станува збор за лоши момчиња- има и лоши момчиња со многу добра душа, ама со длабока причина за нивната нарав. Многу ми се допаѓа како глуми Марио Касас, едноставно немам зборови, знае да извлече емоции од гледачите, или затоа што сите се соживуваме ептен со него, не знам И штиклите на Џин кога појдоа на состанок.... ептен ми се допаднаа Ќе се навратам пак на темата, ова сега први импресии и измешани мисли. п.с. Фала Керолин Коста за линкот, снимката беше супер
^ Spoiler И јас мислам дека таа уште од првиот дел го знаела, но не ја покажале само. Бидејќи тој кога отиде да се види со Катина, Џин веќе беше таму. И кога му го спомнаа името таа одма се сврте и после го следеше. Изгледа сакаше нивната средба да направи да биде демек случајна. А овој што е со Баби не е ист од првиот и вториот дел. Сеси ти пушти солза на лошиот дечко? Еве го моето првично мислење за филмот. Заборавив овде да коментирам. Spoiler
Уживајте, кој разбира http://www.youtube.com/watch?v=uEh9yDz9 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=vOCWM3vw ... re=related
Spoiler Вториот дел не го дава она чуство на полетност, безгрижност и наивност како првиот, што е многу нормално, тогаш се деца, сега сепак повозрасни. И покрај тоа, ми се допадна вториот дел, убаво заокружија, имаше доста потресни моменти, но многу делови од книгата се пропуштени што според мене ќе го направеа филмот уште поубав. Со Баби не требаше да заврши, си се покажа кучка уште во првиот дел, што не знаеше да се бори за љубовта и ми се свиѓа што не е многу присутна во филмов. Сеси, точно така, Џин глуми наивна, демек не е по него многу, многу, она е недостижна и никогаш нема да ја има(особено во книгата), а всушност со години е очајна по него и тоа ич не ми се допадна кај нејзе. Додека читав, буквално мсилев дека успеала да го фати онака чисто и спонтано, а се било однапред смислен план и со тоа малку се изгуби смислата, ама ајде. Исто многу непотребен момент беше кога Катина се обиде да го пољуби или го пољуби како беше, работава патам по твојот најдобар другар па дај да те пољубам?! Стварно не ми беше јасно Како и да е, успешен втор дел, ама за трет нема потреба