Леелее филмов значи не веруваав дека е волку прекрасеееен.....го гледав и 2дел амаа првиоов е фантастичеен го обожаваам инакуу на краааај се утепаав од плачење
Кај ја најде книгата? Ја има преведено на мк? Никој не спомна, а јас најмногу се растажив на оваа сцена Spoiler Кога ја силуваа Џин и кога влезе Аче во собата. Се расплака и он кога ја виде оваа сцена, сфаќајки дека не бил тука за неа, за да ја заштити. Паѓам на машки солзи
За првиот дел, има книга. А за вториот незнам.. Или пак, можда е споено.. Врска немам, само знам дека сестра ми, и ја купи на една другарка. Јуни месец, мислам беше..
Вчера го изгледав по втор пат, абе можам уште десет пати да го гледам првиот дел. Прекрасен е, но е тажен, ама вториов пат се знаев што ќе се случува и бев имуна на солзите на Хаче, воопшто не се расплакав. Очекувам вториот дел да ме расплаче, па ќе видиме од кога ќе го изгледам дали очекувањата ќе бидат исти. И тогаш сфаќаш дека некои работи се случуваат само еднаш.
Еве го вториот дел со превод на српски, сега ќе го гледам јас, да се поднаполни, па утре ќе пишам импресии и критика. http://www.filmovizija.com/i-want-you/t ... aba94.html
Па се полни како што треба. Еве веќе 5 минути го гледам. Не е многу споро полнењето. Остави го прво да се наполни ако ти е споро, па после пушти го, затоа ти кочи.
Го изгледав и Тенго гањас де ти и воопшто не ме воодушеви. Не ги исполни моите очекувања. Очекував нешто пооргинално. Не може да се спореди ова со првиот дел. Spoiler И доста се, нека нема продолжение зошто искрено, сакам да има продолжение само ако во него патиштата на Баби и Хаче повторно им се вкрстат, во спротивно не сакам. Мислев дека ќе бидат заедно пак, ама ништо. Многу секс сцени и непотребни сцени. Се нешто едно исто се случува. Не дознаваме што се случува со тато и и мајка и на Баби, дали сестра е го задржува бебето(а најверојатно тоа ќе го направи)зошто вика НЕ на крајот. Барем да имаше венчавка и Хаче да ја спречеше и на крај да завршеа заедно. Вистина сурова е љубовта, ама нивната љубов беше посебна и вистинска. Изгледа сакам филмови со среќен крај, затоа толку го искритикував филмов. Џина воопшто не ми се допаѓа.
^^^ Spoiler Што беше вистинска љубов во тоа што го остави за соседот во првиот дел? Ајде таму можев да ја сфатам, потпаднала под влијание, ама во вториот? Да направи се` за да се видат, имаат секс и потоа како најголема кучка му кажува дека сакала да види како ќе се осеќа пак со него и дека за еден месец се мажи И ти после ова сакаш да бидат заедно? Иако и оваа Џин испадна прав сталкер, бидејќи на изложбата беше нели и сликата од карневалот во Аргентина и одоздола пишување демек Аче на карневалот пред 4 години мислам. На крај најмногу ми падна жал за него, затоа што и покрај целата цврстина што ја покажува за тие што не го знаат, сепак тој е само една нежна личност која била многупати повредена.
Значи да не го гледам...ќе ме разочара и мене ко Лукс. Додуша Сеси во право си.Не одат така работите кога некој така се понаша.
Гледај го! И вториот дел е добар. Значи различни се со првиот. Јас пишев веќе. Spoiler На крај се си се разјасни. Мајката го фати таткото, значи бракот и се распадна заради нејзиното однесување. Ете до каде води тоа. Баби е нејзина копија. Сестра и го задржа бебето. Не беше надробено, ама и не е тоа серија па и разводот да го прикажеа. Моја претпоставка е дека и нема да се разведат, мајката ќе трпи, впрочем таа и воопшто не ни беше среќна во тој брак. Беше исфрустрирана и тие фрустрации ги истураше врз ќерките. На крај и двете славно завршија, едната со бебе, а другата во несреќен брак. Единствено ми е жал за Аче, што остана сам и повреден. Не ја сака Џин, а оваа па на финта го фати. Цело време знаеше дека Аче е заљубен у Баби и сепак му прости. Премногу лесно и брзо. Целта и беше да го фати и успеа. Ништо не беше спонтано. Доколку има трет дел би сакала да ги видам Аче заљубен и среќен. Иако мислам дека негова единствена среќа и љубов би била само Баби. Ама Баби е кучка, па нека си квичи цел живот, ако не се разведе во меѓувреме. Филмот не е само за облаци и пеперутки, туку има преубава и поучна содржина. И првиот и вториот дел.
Jас ќе го гледам пак, знаете ли зашто? го гледав на тоооолку крш снимка, дури сега видов дека онаа е Kатина на почетокот, а јас мислев дека е баби абре на ужас снимка беше, сега се полни па ќе го гледаме, па да видиме дали ќе ми се допадне повеќе
Првиот го имам гледано по 2 пати. Еднаш до пола затоа што ми дојде другарка што не ми дошла за роденден и го прекинав, па сега пак. Сакав да го гледам и вториот дел ама не планирам да го гледам, толку ми беше досадно додека го гледав првиот, па уште вториот ми фалеше. Не знам зошто толку го фалат мене ми беше просечен, да не речам под просечен. А инаку песните, Марио Касас па и глумицата беа прекрасни. И не, не сакам да има 3 дел, ако нивната љубов беше голема тие и на крајот од првиот дел ќе беа заедно, ама тоа е филм сакаат да направат нешто поразлично!
Самошто го изгледав вториот дел и има и плусови и минуски според мене. Најмногу ми се допадна продукцијата, филмот е моќен во смисла на снимени сцени и кадри кои успеале да ги фатат, воопшто не изгледа сиромашно, напротив, многу модерен современ филм со убава визија. Приказната ме разочара, во смисла - не дека јас очекував некаков си хепи енд, ама многу работи беа раштракани, нафрлани, некои непотребни детали, како делот со сестрата на Баби. Сфаќам дека поентата им било можеби да прикажат до каде може да доведе негрижата на мајката за сопствените деца, ама стварно немаше потреба од тоа, фокусот на приказната се губи. Најмногу ми се допадна тоа што Хуго за разлика од првиот дел каде што е буквално бунтовник без причина, тука е многу посозреан, емотивно зрел и прикажа солиден карактер и глума. Концепциски девојката која му ја одбрале во вториот дел секако дека му одговара повеќе на неговиот карактер, ама оваа лично мене ми беше грдичка и одбивна, не знам искрено зошто. И мене за разлика од на другите баш ми се допаднаа секс сцените, баш делуваа секси, воопшто не беа гнасни и вулгарни, да му се присака на човек. За ликот на Баби нема што да се каже, неодлучна, себична и изгубена. Но дека беше разубавена во вториот дел нема негирање. Девојката е бисер. Прекрасна. Сепак стожерот на некој начин и главниот двигател на оваа франшиза е само актерот, чинам и најмногу внимание предизвикаа филмовите заради него. Што знам, просечен тинејџерски филм, кој верувам дека пред 10 години би ме допрел многу повеќе, за разлика од сега.
По 2 пати ги гледав и двата ...Првиот појак е дефинитивно ама и вториов не е лош , какви се има овој е супер .. ретко да се погодат убави продолженија на филмови така да ,добро е што не го расипале многу Spoiler Јас мислам дека првиот и вториов дел не треба да се споредуваат ..Вториов дел некако ми е потажен и покомфузен ...но на некои моменти и малце смешен бидејќи има делови кои се веќе дежа ву ...Не знам зошто ама и првиот и вториот додека ги гледав се смешкав но со таа разлика што вториов е за нијанса подепримирачки .. Знам дека многумина ќе речат дека ваквите филмови се лигави и јас викав така , се додека не го гледав ...се чудев што толку го гледаа Tres metros sobre el cielo но сега сфаќам дека и покрај толку изгледани филмови кој не сака приказна исполнета со многу љубов ,авантура ,другарство и малку тага сепак да не се избега премногу од реалноста .. Дефинитивно најтажен дел ми е тој со Katina која сеуште не успева да ја преболи големата љубов и делува изгубено .Солзи ми дојдоа на очи кога го палеше писмото ....За разлика од првиот вториов изобилува со секс сцени и тоа ептен , Gin и те како е јака и поразлична од Babi и секако Hache кој може да се рече дека во вториов дел се гледа дека како лик и те како созрева ...А и да глумицава што ја глуми Babi во вториов дел е разубавена изгледа ..
Eве сега го изгледав, на убава снимка со превод, доста работи сум скокнала, не сум разбрала, нели не сум експерт по шпански Eпа вака- Spoiler Oнаа Џин мене искрено не ми се допадна . Hе ми се пар со Aче зашто премногу се слични, а нели слично со слично, мене барем не ми е интересно, таа кој знае од кога го следи него, кога ја виде баби, како се потресе врат искрши... Hе знам, не ги сакам како пар, не ми е женствена оваа, за разлика од баби, плус Aче никогаш не ја погледнал како што ја гледа баби и премногу лесно му се дава, што мислам дека Aче го сака баш спротивното, баш девојка како баби, поради тоа тој највеќе ја засака, зашто е таква мистериозна, не знам шармантна девојка, а оваа тоа го нема во нејзе Баби некако многу посталожена ми беше во карактер во овој дел, ама да бев на местото на Aче, кога му го кажа тоа во кола, ќе и пукнев таков шамар, да не знае кај е,A и на дечко и кога му кажа- качи се преку прозор Aче стајл,нели? значи таа го бара Aче во новиот дечко . Aма сепак, прејака хемија има меѓу нив 2ца, ептен ептен...затоа колку и да е кучка баби, јас ги сакам нив 2ца заедно.A и многу ми е убава баби на мене Cестра и опседната со нејзе, ама не могуче колку сака да биде како нејзе, да се однесува како нејзе итн. Катина ми е најслатка, најпозитивен лик Kако заврши филмов, мислам дека ќе има и 3 дел, некои работи уште не ми се расчистени 100% и сакам да има 3 дел, да ги видам заедно бре, сакам да бидат заедно
Лудо гледаш дека е добар и вториот дел . Туку иако ја сметам Баби за кучка сепак и јас сакам да се заедно оти си се сакат децата, ама оваа е кучка невидена, сега нека квичи таму со некој глупак, место да си го глеа секоја вечер Аче . Баби е убава и во првиот дел, има некоја посебна убавина, несекојдневна, нежна е и женствена. Во вториот дел е уште поразубавена. Веќе не коментирам, се чуствувам како тинејџерките кои по цел ден објавуваат слики и постови со Аче . Јас не објавувам на фб, ама ја силувам темава на форумот . Мома за мажење, а и јас летнав три метра . Се тешам дека не сум летнала по Twilight, тука барем филмот е добар .