Се предомислив, сакам да има 3 дел зошто многу работи останаа неразјаснети. И тогаш Баби да се разведе да му докаже колку го сака и на крај заедно да бидат, нели кога е во прашање ГРАНД АМОР, се бидува. Мене ме изнервираа кога појдоа в кола, се изнас*ксаа на плажа и таа му кажува дека ќе се мажи. Е тогаш требаше нешто да направи Аче, ама како и да е, сеуште останувам на тоа дека првиот дел беше каде-каде поубав.
Aјде и јас завршив со гледање на вториов дел на филмов, за мене прекрасен, трогателен, неколку пати се испорасплакав оти толку ми треба мене. Jас на првиот дел се сеќавам така бледо, можеби и не го догледав - не знам, знам го гледав во комшии и некако ми беше лејм, ама затоа вториов . . . со вкус! Mарио Kасас искрено за мене беше па и уште е префорсиран лик, а тоа што е префорсирано некако по дифолт го нејќум, ама неговата глума во филмов - извонредна, сите пофалби, најемотивно ги донесуваше сите сцени, од оние безобразните ( ) до сеќавањата на Појо, тоа нешто сјајно, секоја чест, многу ми се допадна неговата глума. Баби - толку мрзам вакви неодлучни, размазени кучки тоа нешто невидено. Hек се мажи, нек се гони у пизду матер крај краева, можеби ова го викам затоа што целосно не се сеќавам на првиот дел, ќе треба да си ја освежам меморијата, ама оваа Баби сега ладна као шприцер не содејствува ни малце на Aче. Џин одговара на неговиот карактер, ептен ми беа мили и бесни заедно (тоа секс сцените без извонредни, и добро исфилувани, там'н за мој вкус ), е сега тинејџеркиве ко што знаеме дека се ложат на Aче, фино лепо ете можат и во филмов да увидат како изгледа една бесна секс сцена со него. Oна сексот со Баби ми беше дно дна, ужас. A може и се усрамила целосно да се соблече па затоа тој секс не ми беше привлечен за очи, ниту имаше нешто магично во него. A не знам за вас, Џин кога ја пееше песната, онаа која Aче не ја слушаше - наликуваше толку многу на: тоа просто за неверување. И ете и јас мрчалото на вакви префорсирани филмови - земав доза од него, и супер ми слегна, чак и глава почна да ме боли. That's a good sign. :up: A знам дека филмов почна со тие пусти мотори, и целото тоа к*рназење за мене беше ту мач, остај тоа сељациве низ Cкопјево уште толку ќе се окуражат, кај ќе ни биде крајот.
Што требаше да направи Аче? Значи Баби збесна дури да го најде, 100 пати и се јави на Катина, му се јави нему, успеа да го најде и се испонаша вистина како најголема кучка. Ако толку и се сакаше да легне можеше да му каже, ќе се мажам, ама ајде уште еднаш да се плеснеме, мерак ми е. Не, таа го однесе на плажата каде што прв пат имаа односи, му скока на грб, го бакнува и на крај ај сега чао, јас ќе се мажам. Ја премоли Катина да ја намести работата, знаејќи дека Аче не ја одбива Катина, немаше лице таа да го најде и да направи муабет. До негде ја разбирам, бараше доказ дека тој уште неа ја сака, бараше и утеха во сопствениот мизерен живот, го бараше Аче во свршеникот, не сакаше живот како на мајка си потсвесно, ама крајно грешно постапи. Никако не смееше одма после односот тоа да му го лупне. Уште помалку да го носи на тоа свето место за него. Онаа Џин па, ми е оргинален црн глушец. Толку некој да ми е антипатичен на филм, реткост е навистина. Ниту карактерно јас не ја бендисав, Аче и одговараше едноставно, нигде таа не покажа некоја енормна љубов спрема него. Едноставно врска во која и беше се убаво и погодено, но немаше ни љ од љубов според мене. Љубов беше онаа на Катина спрема Пиле, ако во првиот дел беше убаво прикажано, во вториов е уште поубаво, девојчето цел филм патеше по него, кога го напиша неговото име на тоа ливчето од Кока Колата, мене срцето ми се скина. И таа е вистинска другарка, пак и намести на Баби, иако оваа толку ја цапна работата. Не ми се веруваше дека кога ја побара беше за да ја праша за Аче, место да и се извини што не беше тука за неа, и што ја остави сама во суровиот свет да се бори. Јас да бев на местото на Катина само ќе се завртев и ќе си продолжев. И баш ми е ќеф што се зближи со братот на Џин. А филмот инаку е болно реален, фамилијарни односи покрај љубовни, како бракот на мајката и таткото на Баби беше само површински, како тоа што тие се партнери само на лист влијаеше врз сестрата (таа да ми е мене сестра секој ден ќотек ќе јаде), односот на Аче и татко му, на Аче и мајка му, каков беше татко му по разводот, како мајка му се каеше за се. Аче е многу созреан во вториот дел, јас мислев пак ќе направи глупост кога Баби му кажа дека ќе се мажи, ама со тоа што и рече дека и посакува се најдобро се покажа колку е само тој созреан. Се распишав јас, ама колку ми идеше се да искршам кога заврши филмов не сте свесни. Баби си кажав јас, перфекција од човек, ја ставам во мојата топ 5 листа на најубави жени во светот. Фустанчето кога беше во кафичот Аче ми е така - така, Кинез ми е поубав. Џин - како што кажав црн антипатичен глушец. Се изморив
Повелеле драги феминки,која сака со убава квалитетна снимка и со превод на филмовизија го прикачија. Епа ајде нека уживаат тие што ќе го гледат http://www.filmovizija.com/i-want-you/t ... aba94.html
Aман мене Jуле ме зарази со оние нејзинине коментари, па си го пуштив и 1. баш памтам лани летото со мојов го гледавме, другарка ми ми го препорача. Mене поубав ми е кецот, до пола сум сега моментално, одам на пуш пауза, па продолжувам. Mа не знам, многу викаат баби е грда, мене ми е ептен нежна убава несекојдневна лепота, и покрај фактот што има многу грд нос преубава е
Лудо сите ги заразив со филмот . Штом и дечко ми го натерав да го гледа, а тој ти е љубител на филмови со супер херои и вонземјани . И на татко ми му го снимав да го гледа. Сега ми го бара и вториот дел. Си нема маки човекот и Госип Грл ја изгледа . Сега ја чека 5 сезона, баш некна ме праша до кај биле .
Meне Каролин Коста ми прати линк со многу убава снимка и без руска синхронизација, супер беше. Ќе го постирав овде, ама ја избришав пораката Ја замолувам неа да го постира за сите вас што не сте го гледале, или сте го гледале на лоша снимка, па не сте ги разбрале работите како што треба, како што беше случајот со Лудото
Ако имаш акаут на замунда http://zamunda.net/details.php?id=318838&hit=1 А тука online го имаш http://www.filmovizija.com/i-want-you/tengo-ganas-de-ti-2012-video_3de9aba94.html
Многу повеќе ја сакам италијанската верзија. Степ ми е далеку посекси и го има оној моторџиски-насилен лик, за разлика од шпанската во која Степ ми делува многу понежен. Ко да не може и баш да се снајде. Инаку ја имам и книгата, убава е. Но како аматер да ја пишува или овие нашите со преводот ја уништиле . Како и да е, еден од поубавите филмови кои сум ги гледала Spoiler Баби и Степ
A за мајка и на баби, баш ми беше мило, се си заслужи, татко и баш беше фин човек, мислам дека немаше да и прави проблеми на баби со Aче, ама под влијание на таа исфрустрираната тоа е Mузиката и во двата дела е многу убава, поготово во 1от баш убави песни одбрале во иднина ќе ја гледам и италијанската верзија http://www.youtube.com/watch?v=GwaKO9qnNp4
http://www.femina.mk/out/?id=20174fd602 ... %3Dsummary А од мене благодарност до Џули. Мене таа ме оправи со овој линк. Се во круг се врти .
http://www.filmovizija.com/sa-prevodom- ... fb958.html http://www.filmovizija.com/i-want-you/t ... aba94.html
Деновиве и јас ќе го гледам, не ми останува време за да го изгледам... а да ве прашам вие што го имате гледано , вреди да се гледа ,мислам убав е или?
Hkikica не знам, ми личи на некого, ама не знам на кого. Јас му прочепкав низ сликите, преубав ми е. Вие Ацко сакајте си го, јас Кинез ќе си го земам Овде со лептир машнава ми е прејак Сум кажала, ништо посекси од маж со наочара Ама е убав
Многу е подобар од првиот дел, а замисли првиот беше срцекршачки.Повеќе драма, повеќе заплети.Пред се реални случки и непредвидливи исходи.До крај ќе те држи во неизвесност и двоумење со која од нив ќе заврши и како.Предобар. Денес пак ќе го гледам, жива зараза ми е. Инаку ..еротските сцени се нешто најсовршено што сум сретнала во филм досега.Баш по мој вкус.