Јас го изгледав, чисто за да видам како завршува приказната и ќе го кажам истото како и за првиот.Многу просечен филм, сум гледала каде каде подобри.Може зошто не сум толку млада тинајџерка или пак затоа што сакам филмови со потешка тематика. Ама ќе си кажам мислења. Аче баш ми одговараше со типкава Џин, да го тргнеме фактот дека таа ми беше крајно одвртна и грозна, сепак, се надополнуваа, си одговараа и карактерно, баш ми беа како создадени еден за друг.И секс сцените беа Spoiler да се навлажниш Баби постапи крајно глупо и разгалено, мада мене ми беше таква уште на почетокот, лигава и себична, ама за убавината не коментирам, девојката е преубава. Не знам кој и беше филмот, јас да бев на нејзино место или на негово ќе останев да се борам, зошто имаа љубов, ама така лесно се откажаа еден за друг...од тоа се разочарав, зошто мислеа дека се ќе им е подмачкано,чекаа решение од небо да им падне. И така квалитетен е филмот не велам не, има добри актери и богат е како што кажа Трендафилка, ама приказната па и не е толку посебна, тинејџерско филмче за пуштање некоја солза и лигавење по згоден актер. А кога сме кај згоден актер ќе си кажам пак дека Аче не ми беше и сеуште не ми е убав, згоден можеби ама у фаца ми е ко мајмун(очекувам да ми литне некој шамар сега од обожавателките ) ама стварно не е мој тип на маж.А и уште ме нервира она неговото, фраер сум па што. Кинез, да Кинез е и по мој вкус Спаркс (како и Дејмон и Елајџа ), секси до бескрај. А и да сцените на кои беше Катина сите до една ми кршеа срце.Толку.
И јас фајнли го изгледав вториот дел. Прв коментар - првиот дел е далеку подобар. И овој ми се допадна, не викам не, добра приказна имаше, ама премногу е развлечен!Саат време едно истото се дешава, во последните 30 минути се` се случи наеднаш... Spoiler Аче отиде со Баби, мајка му умре, Џин ќе ја силуваа, па и трката со мотори...ту мач за 30 минути. Сега подетално мислење околу содржината: Spoiler Највеќе ми се допадна што Аче остана со Џин на крајот, карактерно многу си одговараа и таквите диви, бесни...Ама мислам дека Аче не ја сака вистински, одма одкога дојде прво во дискотеката замислуваше дека е со Баби (се присеќаваше т.е), па оваа кога и се јави на Катина од одма истрча да ја најде, и како врв на се си отиде од настапот на Џин пак за неа!А Баби па каква кучкетина испадна, го заведе, спиеше со него за после да му рече за мажам за еден месец. Мајка и па, толку се опседна со тоа дека татко и има љубовница и тоа се виде по понашањето на Дани (вака мислам дека се викаше сестра и).Една вечер излезе, се издрогира, се е*еше у вц и трудна остана...За Катина многу ми беше мило што го преболе Пиле и си ја најде среќата со братот на Џин, многу ми беше жал на терасата кога се качи и кога го гореше писмото за Пиле, душичка бе. А неа Баби и во првиот дел ја искористи, а сега пак, толку манипулативна да ти е, а се прави светица. А секс - сцените па какви беа, ау.
Ниту мене Аче не ми се допаѓа на фаца ич, а тело има невероватно И првиот и вториов дел ми се допаднаа, за нијанса нешто поразлично од лигавите тинејџерски филмчиња. Аче фала богу почна да го контролира гневот и се средил во вториов дел. Не знам зошто, ама при крај кога пак почна да се трка и кога излета во морето, си помислив дека ќе умре и така ќе заврши исто како Пиле. Џин, девојка по негова мерка. Бунтовна, спонтана, опуштена, на крај почна и кон неа да осеќа нешто, ама за жал од Баби беше максимално повреден и уништен. Баби што сакаше да постигне, ни самата не знае. Си го заслужи тоа, да биде со некој што не го сака, само Аче не требаше да прифати да влезе во кола со неа. Го изманипулира и него и ја искористи Катина, а претходно едвај ја поздравуваше. Ужасно ме нервираат такви како неа. Секс сцените беа....што би рекла срцекршачка, ерекција да доживееш.
Штотуку го изгледав вториот дел Tengo ganas de ti... и мој коментар: ФИЛМОТ ГО НАПРАЈА ПОРНО!!! Стварно мислам дека претераа малце со секс сцените, за разлика од првиот дел каде се се вртеше повеќе околу љубовта... Мислам дека во овој дел малце ја зезнаа работата со Аче и Баби, па нели за нив беше целата приказна и ногу ја уфураа оваа Џин, девојката во почетокот ми беше така интересна бунтовна, си го живеј животот ама после испадна дека и таа била курва :/ Уствари овде може да има продолжение, би било добро да има 3 дел нели крајот како крај остава простор така мислам а и нема смисла да не останат заедно бидејки и после се се гледаше дека се сакаат, како и да е Аче и покрај тоа што најде друга тој не престана да мисли на Баби а и Баби цело време не престана да мисли на него, ама испадна глупо што така само се видоа свршија работа и се разделија... мислам дека требаше да бидат повеќе време заедно. Како и да е, мислам дека првиот дел беше 100000000000 пати поубав, не велам дека и вториот не беше убав ама некако по малце ме разочара. Тоа е тоа, да даде господ да снимат и 3 дел, да си ги доисплакниме очите на Марио, како да не се наситивме уште од овие два дела
Девојки незнаев дали тука е правото место да пишам ... Филмов на раат не можам да го изгледам затоа што немам превод од кај 15та до кај 40та минута, инаку ги имам симнато сите српски преводи од podnapisi.net и titlovi.com и секаде е истиот проблем. Да ми препорачате некој субтитл, проверен ? Или ќе мора да си симнам англиски превод?
Интересен вториов дел, си пролеав некоја солза. Spoiler Што знам, целата работа со Аче и Баби некако стана безвезна, му вика сакав да видам дали имам чувства за тебе, а испадна дека очигледно ги има, па му викам ќе се мажам. Е па за што ќе се мажиш ако имаш чувства, за што проверуваше? И од кај курва испадна Џин, имаше некој коментирано, таму ја силуваа, тука курва ја направивте. Ова ко сања-лазања, да пише дека она им дала повод, така и требаше кога разголено се облекува. Џин на почетокот ме нервираше, ама после симпатична ми стана, има душа девојката, подобро што остана со неа отколку да се смиреше со онаа себична, никаква, разгалена, не-знам-што-сакам, Баби. Иако не знам како успеа да му прости, он ја остави, поради него се најде во таа ситуација...
Го гледав филмот Ја прочитав и книгата. Прочитав тек-тук и некој коментар во темава. Вториот дел е милион пати подобар од првиот. Пред се поради главната женска улога. Џин ми е совршенство без мана, за разлика од она створењето Баби. Јас не знам како можи некој уште да стои на страна на Баби-Аче, а не на страна Џин-Аче. Ни ми е убава ни ништо. Ме нервира уште до првиот дел и точка. И во првиот дел уште од почетокот однесувањето и беше катастрофално, а за вториот да не зборувам. Прочитав коментари дека некои сцени во филмот биле како нафрлени. Можеби и така изгледаше, но во книгата се е убаво склопено и објаснето, ништо не изгледа како непотребно. Некои работи се поинакви отколку во филмот. Некои подобро смислени, некои полошо. Како и да е книгата ја препорачувам затоа што во глобала е подобра од филмот. Многу подобра.
Ја не зна шо толку го фалат филмов. Ја не сакам шпански серии, јазикот ептен ме нервира, а поготово тинајџерски. Е аман не сум во „лудите“ години и во времето на „бубачките“ знам што е добро и не се палам на Марио Касас и такви ѓаолштини..
Го гледав и второт дел и мислам е далеку подобар од првиот. Иако се согласувам со коментарите погоре дека во првиот дел се' се вртеше околу љубовта, а овде имаше повеќе секс сцени Онаа Баби како ме изнервира, глупачка На некој начин го искористи и после му рече јас ќе се мажам, карактерот ич не ми се бендиса, иако за изглед ми беше подобра од Џин. На крајот пролеав по некоја солза кога почина мајка му на H. Ама сепак на крајот бев задоволна дека заедно остана со Џин, далеку подобра карактерно од Баби. Најтажни моменти во првиот дел ми беа кога почина Пољо (мислам така се викаше), а во вториот дел кога почина мајка му Многу ме зачуди сестрата на Баби, си дозволи да излези еднаш во животот со машко и се' направи Од 15,16 години со бебе....
Девојки сакам денеска да го изгледам 2риот дел .. ај линкови со оригинал снимка и со превод , немора македонски може и српски превод АЈДЕ СЕГА ОСТАВАМ НА ВАС!
http://www.filmovizija.com/i-want-you/t ... aba94.html Снимката е супер, инсталирај си што е потребно мавни run this time нека се наполни плеерот , гаси светло, земи паломи и уживај
Првиот дел,што е Три метри над небото е преубав...навистина добар филм,али вториот незнам некако,но не ми се допадна требаше Аче да биде со Баби,а не со Џин...барем јас така мислам.
Филмот е прекрасен ... Најмногу ми се допадна тоа што ем е романтичен ем е претставена онаа бесната тинејџерска странаа ... =)) !!!
Првиот дел го гледав со дечкото (бивши) кај него во стан. Филмот е прекрасен. Вториот дел не сум го гледала,сега планирам да го гледам.
Првиот дел го гледав сама Прв филм на кој официјално сум плачела а богами и се пронајдов. Првиот ми е скроз најубав ^.^ Вториот дел не ми се допаѓа баш.