Ако некој вели дека вториот дел дека не е добар , треба да го види оригиналот (италијанскиот ) Tres metros sobre el cielo ...па тоа набутани настани , глумци без емоции и оп крај ...Убаво рекле од идеја до реализација има многу ..добро се гледа дека е со мал буџет сниман ама барем глумците да ги погоделе.
Ги гледав и првиот и вториот дел.. првиот го гледав два пати и два пати се изнаплакав.. а вториот вчера го гледав и на него се изнаплакав, посебно на сцената кога Катина го палеше писмото до Пиле а Баби многу ме изнервира на крај и јас на почетокот сакав да се сретнат и да зборуваат, и да им се вратат старите чувства ама после кога видов дека Аче-Хуго стварно ја сака Џин сакав се да си остани како што беше.. и не бев изненадена кога ја силуваа бидејќи пред тоа си прочитав од коментарите под видеото.. убаво си пишеше spoiler alert ама нешто ме тераше да прочитам.. како и да е, мило ми е што на крај завршија заедно, ама сепак не беше тоа тоа, додека Џин ја силуваа, овај си се е*еше со Баби ..
На насловов од темава треба да му се додаде и Tengo ganas de ti зошто и за него коментираме како што гледам...
Го изгледав и јас вториот дел, иако читајќи по темиве, знаев отприлика што се случува. Spoiler Не знам кој дел повеќе ми се допаѓа. Мислам дека првиот, оти таму беше прикажана љубов а овде, не знам што беше ова, али секако не беше љубов меѓу Аче и Џин. Во првиот дел, не го сакав ич Аче, многу ми беше арогантен, да не му кажеш нешто, за се се тепаше, ко некој лудак. Сега ми е ко јунак во филмов. Многу е сталожен, смирен, си ги знае границите, веќе не е тепач прва класа. Оваа Тоникот, физички може си одговараа со Аче, али карактерно оваа уште полуда од него, тоа не ми се бендисуваше. Ко машкуданка жити се, и некако ептен брзо се сексаа, мислам оти немаше некоја љубов меѓу нив. Немаше емоции ко во првиот дел, оваа Баби ептен го беше маѓепсала, ја освојуваше полека полека, а оваа одма се подаде. А и секако во секој дел овој се сеќаваше на Баби, пред нејзината куќа беше, во диското одма се напна целиот, ја бараше, сеуште мислам дека ја сакаше, а и да не ја сакаше, нејзе мислам оти највеќе ќе ја сака, некако таа му беше најголемата љубов. Да не била, за сето тоа време, ќе ја заборавел, ако ништо друго, барем ќе ја избегнуваше и секако немаше да се случи сексот на плажата. Што се однесува до секс сцените, јас не мислам дека беа премногу, баш ми беа супер. Баби, не знам што сакаше да постигне, демек не знаела што осеќа. Глупости, ти да не осеќаш ништо нема воопшто да го бараш, а камоли месец пред свадба да се сексаш со бившиот. Смотана. Али иако ми е права идиотка, сакам да останат заедно со Аче. И оваа го сака, а и овој мислам дека да. Деловите со сестра и на Баби, со нејзините, со мајка му на Аче, татко му ... Не ми беа ко нафрлани делови, туку со нив приказната станува понапната, повеќе трагична. Кога и беше најтешко, Баби прво Аче го побара, го бараше на телефон. Уште го чува тој постерот со нив на моторот. Квачка бре ... само за нејзиниот гз си гледа. Катина кутра, никако да го преболи Пиле. Ај, на крај се видоа искри меѓу неа и братот на Џин. Да не се разпишувам јас многу, Аче ми беше најпозитивен лик од филмов. Колку и да не го сакав во првиот, сеа во вториот ми е супер лик. Само за него ми е жал, веќе еднаш нека види и тој бел ден што се вика. И сакам во третиот да си бидат заедно со Баби. А таа пак да се свести малце. Кучка.
Има и втор дел??????? Иначе сите го фалеа,па го гледав,и се изнаплакав на крајот и коа ума тој другар му на Аче
Да, се вика Tengo ganas de ti. Јас го симнав пред еден месец и почнав да го гледам, ама тоа преводот беше никаков и го изгасив. Има сега негде добар превод или уште Баби ја преведуваат како Grandmother?
го имам гледано неколку пати и немам зборови за филммот нешто најубаво шо имам гледано до сега и уште сто пати да го гледам нема никогаш да ми стане досаден...А го имате ли гледано и 2 дел ? Не е толку многу убав како 1 но вреди да се погледне вториот дек се вика ЖЕЛИМ ТЕ ( tengo ganas de ti )
Го гледав вториот ден една недела откако излезе. Го чекав со душа , барав преводи глупости и на крај го гледав на јутуб има со српски превод. Снимката катастрофа, приказната уште полоша. Јок... Не се заедно и нема да бидат на крајот ан вториот дел. А толку чекав да бидат заедно, да ги гледам тие романтични сцени, од кои здивот запира. Ама не ги дочекав. Слабо некако. Не ме воодушеви ништо. Ни љубовта која се јавуваше меѓу Аче и Џин. Ништо. Слабо некако. Ако има трет дел, што мислам дека ќе снимаат, би требало главните да останат заедно. Некако логички така би требало... Туку... Spoiler За главната Баби, немам зборови. Скроз несозреана, се понаша како да има 15 години, а запазете ќе се мажи. Тој е избезумен живее те во минатото, те во иднината. Џин е створена за него, но нема љубов меѓу нив некако. А ми беше прашањето.. Дали таа на крајот е силована???
Многу страни има темава,ме мрзи да барам. Некој нека ми даде линк од првиот дел да гледам онлајн со превод ако може.
Mожеш да си симнеш торент од филмот и да си го гледаш. Јас најчесто симнувам од http://www.kat.ph Првиот дел го немам,но еве ти го торентот од вториот дел .Поздрав
и јас веке година ипол го имам симнато и се си велам ае утре да го гледам ае утре ке го гледам и дури оваа неделаа начекав на раат да го гледам . многу убав филм , само ми е многу криво што тие на крај не се заедно и си се утепав плачејки . го гледав среде ноќ, и наредното утро веднаш станав да го гледам вториот дел со цел дека тие пак ке се заедно . и ништо разочатана пак ке плачев едно 2 саати . инаку ова што на крајот го вели тој , кога и да го прочитам си плачам и овие слики
Го гледав вчера продужетокот. Колку ли е само оваа Баби разубавена , Каква клинка беше во првиот дел, овде е лепотица во права смисла на зборот. Од шминка до облека перфектна. Чудна работа но пак Аче не ми изгледаше нешто посебно во овој дел, дали некако ми спласна возбудата што ја имав за него во првиот дел . Но навистина, како ништо посебно ми беше овде. Џин не ми е воопшто убава, ептен грда и антипатична глумица. Ниту пак ликот нешто и го бендисав, премногу големи сличности не идат заедно, па не ми беа посебни со Аче, ни за време на секс сцените . Се на се добра приказна направија и од овој дел, секако нормално не е ова филм за со класичен среќен крај. И невозможно е да не липаш на овој филм, нека е тинејџерски и патетичен ама сепак глумците така добро и реално глумат, нема шанси да не те допре. Можеби само имав впечаток дека некои клучни сцени беа испуштани. И не знам, но зошто толку Баби ви е негативна во овој дел. Мене ми е далеку посимпатична во смисла на нејзиниот лик, па и средбата со Катина. Тоа со Аче, добро си кажаа и двајцата дека не е веќе исто помеѓу нив. Дека и двајцата се измениле, тоа беше и поентата мислам на овој дел. Што е до мене можеше да ги спојат и да направат среќен крај, но секако тогаш нема да има ништо посебно во филмот. Само барем подобра женска од Џин да му најдеа.