Знам дека е глупаво прашањево. Ама филмов го гледав, многу одамна. И сега почнав да го гледам вториот дел. И скоро се` сум заборавила. Може некој да ме потсети зошто на крајот се разделија? Навистина не се сеќавам. По се` изгледа, ќе треба по втор пат да го гледам филмов. Многу кратка меморија имам за филмови.
Колку без врска филм Па и оној дечконо како се фура џоа Крали Марко е, све он може, он е најсилен, најкул или како и да беше, колку шит љубовна приказна, абе да ти застане здивот од неверување и изненаденост. Надувана приказна до бесвест. Се чудев зошто толку го фалат филмот, си мислев да не е навистина толку хит како што го испофалија, ама тоа да ти било само губење на време и сега уште повеќе се чудам како ваква шит приказна можеше да крене толкава галама меѓу тинејџерките. Единствено што ми измами насмевка додека го гледав, беше преводот кој како да беше од гугл транслејт Па дури и втор дел имал, па уште и трет се планирал
Jа прочитав книгата Tри метри над небото, сакам да знам дали ја има и Tе посакувам ( tengo ganas de ti )..?
Еден од моите омилени<3 Го имам гледано преку 3 пати.. 1 дел е мнг интересен, малку ме разочара крајот, дека не останаа заедно . Баби мнгг ме нервираше , ми идеше дури преку монитор да ја задавааам Марио Касас прекрасееееен, згоден А 2 дел исто ми се свиѓа, можеле поубава глумица да најдат за Џин али некако уникатна ми е Добро е што останаа заедно барем на крајот.. хаха Слушам 3 дел ќе имало?? Знае некој нештоо??
Се разделиа бидејки мајката на девојката не ја дозволуваше нивната врска т.е врската на ( БАБИ И АЧЕ ) и таа направи да се разделат дури и најде друг дечко на Баби неможам никаде да го најдам да не знаеш некоја страна на нет кај што го има ?
Многу е убав филмов, ама на крај не требеше така да заврши Зарем мораше да се разделат -.- А вториот дел не го гледав сеуште.. Сепак првиот е многу убав
Девојки тој третиот дел од филмот излезен ли е ај ако е ставете линк да видиме првите два дела ги гледав ама мене лично првиот дел ми е незаменлив
Јас првиот го гледав и го исплакав, а баби и мене ме нервира, не требаше така да му прави Значи вториот дел е тенго ганас де ти. а трет има ли?
како плачев на сцената кога замина да и се јави и стоеше на дождот а таа заминува со тој никаквиот, па и уште го виде и како изреагира како да не и е гајле,
Како тоа јас немам оставено мислење за филмов? .. Тежок промаш Денес пак го гледав филмов (1-от дел) по 417234671264 пат.. Прв пат го гледав пред околу една година и знам дека има и втор дел, ама не го имам гледано зошто имав намера да ја читам книгата ама неможев да ја најдам и тврдоглава сум и не го гледам се додека не ја дочитам книгата (од 1 дел се разбира).. Трејлерот на 2 от дел го гледав и гледам ќе се појави и друга женска особа.. Ех колку сакам глумецот или подобро кажано убавецот да и врати на Баби .. Сепак утре планирам да го гледам 2-от дел зошто денеска ја дочитав книгата и ми се допадна.. Добра е БТВ. Се снима и 3 дел?
Првиот дел од филмот ми се допадна многу, безразлика што имаше тажен крај. А вториот дел некако не ми се допаѓа, доаѓа друга женска особа, филмот некако стана без врска. Еднаш се вљубува во едната па мислиме дека ќе си остане со неа, а потоа во другата...
Филмот ми е гледан едно 20 пати сигурно ако не и повеќе, е сега морам да кажам дека ми е криво што го изгледав вториот дел, и двајцата патеа еден за друг-а не останаа заедно, не ми се вклопува во приказната втората женска и го делам мислењето со некои кои напишале дека е конфузен и дека никој не знае кој сака и што сака. Првиот дел е еден од ретките филмови кои иако ги гледам по 100ти пат, ме разнежнува и го гледам со исти емоции како прв пат да ја доживувам приказната.