Се сложувам и јас првиот дел беше нешто нај нај,со вториот се запустија во првиот дел се покажа една вистинска љубов која не завршува среќно и која боли,баш како и во реалниот живот
Филмот е супер, но книгата е уште подобра Трето продолжение сеуште нема, но јас искрено би сакала и се надевам дека ќе има
http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcR8g_CnaRYVVumo30ED_a9vg9zhtDA13CalQxMKtbzX8YhxLL1F ПОУБАВ ФИЛМ НЕМАААААА КЕ ИМА ЛИ ТРЕТ ДЕЛ?? ПРВИОТ МИ Е ГЛЕДАН ПОВЕЌЕ ОД БИЛИОН ПАТИ
Филмов го гледав едно 5-6 пати можеби и никогаш нема да ми стане досаден. Многу ми се допадна првиот дел, а вториот не ми беше нешто посебно. Глумецот аххх
Првиот дел прекрасеен, вториот и не е нешто нај нај ама глумецот остава без зборовиии http://24.media.tumblr.com/12606107909a ... o1_500.gif
http://www.fanfiction.net/s/8963290/1/Por-tu-amor-continuación-de-la-saga-3MSC-TGDT Во план е еве и 3 дел,бар ова е 3 дел од книгата...тука се убаво детално е објаснето што ќе се случува! Ќе се вика Por tu amor или За твојата љубов...Единствено што ќе откријам е дека дејствието се случува по 20 год.и во приказната се вмешуваат децата кои ќе ги добијат Аче и Баби од своите бракови...кој не сака да дознае што ќе се дешава нека не го отвара линкот погоре! Иако на шпански е па не верувам дека секој ќе разбере... дали ќе се направи филм не знам со сигурност ама би требало според мене...чим книга направиле...тоа е!
Ги имам гледано и двата дела .. Првиот дел е убав, но многу ме нервираше глумицата..одвратна беше. Вториот дел е поинтересен, а и глумицата во вториот дел е 100 пати поубава од оваа во првиот.
Еве и јас конечно прв пат го гледав филмов пред неколку дена. Се сеќавам многу го збореа, другарки ми викаа го имаш гледано? Ја викам - не. Они, лелеее да го гледаш, многу е добар, мора да го гледаш!! И ова беше пред 2 години.. Незнам зошто го одбегнував толку, мислев дека е некое лигаво тинејџерско лимунатче, башка на шпански, и незнам, не ме привлекуваше некако.. Сега го видов случајно симнат на пц од којзнае кога..и ај.. Што да кажам, а што не е веќе кажано.. Најубав филм значи дефинитивно најомилен до сега. Совршен. Си заплакав повеќе пати...на крајот не можев да се соземам, па додека заспијам, се разболев од филмов Мое мислење. Spoiler Некои викате реален бил ова она...мислам дека мешате реален нереален, со лигав и патетичен.. Филмов според мене, да романтичен е ептен и се тоа, ама и не е реален.. само што тука нема многу лигавења, и дејствијата се поконкретни за разлика од другиве филмчиња од овој калибар. А симнување на ѕвезди и тука има, и еден куп други нереални ствари.. Секогаш може да се застане од страната и на Баби, и од страната на Аче.. Покрај се, јас сум од негова страна пошто стварно оваа го остави во најтешкиот период кога му загина најдобриот другар, истото важи и за тоа што изгубила секаков контакт и со Катина. На крај краева и да не сакала да продолжи со Аче, можела тоа да го стори покасно, кога ќе помине малку време и кога ќе се смират малку работите, а не коа е најтешкото, во такви лоши работи луѓето треба да се заедно и да се меѓусебна поддршка, не морало овие да бидат на љубовна, можеле и на пријателска база, ама со оваа гускава шта чеш.. И не ми е јасно, зошто му рече дека он е крив за смртта на другар му?? Како е тој крив? Stupid bitch. И претерале, разбирам малку да стане и она бунтовна покрај него, али до толку па..од најпослушно девојче под контрола, стана најголема бунтовничка, гуд грл ган бед, ма немој Нормално, филм ко филм, али ако го земаме во реалност, и ја ако се ставам на нејзино место, да да, секако дека ќе си се понашам така опуштено со таков насилен тип, што руши, крши се пред себе, животот на прво место, оваа во колку ризици само се впушти уште од сам почеток..така никогаш не би реагирала, али нормално, филм си е ова, се знае дека ништо нема да и се деси : ) Во однос на убавина, она ми е преубава, лепотица, дефинитивно една од најубавите познати за мене..Незнам како сте можеле да коментирате за нејзиниот нос и такви работи...влакно во јајце. А Аче....не го знаев глумецов до сега И не сум таква да лудувам по познативе момци...али овој е нешто најубаво што сум видела во филм. Совршенство. Таква харизма....па каков бед бој е во филмов мх мх..кој не ги сака тие лоши момци ја незнам И незнам како толку успеа да се заљуби во Баби не ми е јасно.. Зошто неможам да најдам снимки на youtube од behind the scenes? односно како се снимало.. За секој филм има..или пак ја незнам да барам.. Spoiler Иначе филмов малку ме потсети и мене на некои моменти со еден бед бој што бев, со мотор, само што нит ја се заљубив во него ни он во мене среќен крај имаше и секој си продолжи по свој пат А патем, двојкава се пар и во приватен живот, јее Се распишав..ама морав.. Вториот го немам гледано се уште, ќе го гледам па ќе пишам...
Овој филм нема апсолутно никаква врска со Tres metros, инаку е правен според книгата на Федерико Моча, тој е истиот автор што ги напиша Tres metros и Tengo ganas de ti. Ги имам гледано сите три филма, Perdona si te llamo amore.. е сосема различна приказна.. таму е обратно, добро момче се вљубува во бунтовна девојка (тој инаку е многу постар од неа). Како и да е.. интресесна е приказната, како и сите останати книги на Федерико Моча.. навистина е извонреден писател... секоја љубовна приказна што ја напишал е премногу реална и допира до секого. Што се однесува до Tres metros.. можам да кажам дека ми е еден од омилените. Затоа што и по малце се пронаоѓам не малце.. туку можеби и повеќе Актерите се преубави, совршено се совпаѓаат со улогите. А за вториот дел ќе кажам дека е катастрофа, сосема ја поремети приказната... Ликовите добија сосема нови карактери, немаа никаква поврзаност со оние претходно. Аче го направија бездушно копиле кое не знае што сака, исто и Баби.. ја направија ефтина курва.. (се извинувам на изразите ама тоа е реалноста) И не би го гледала повторно вториот дел, за чудо го гледав само еднаш.. кога излезе и толку а за првиот да не кажувам оти не се бројат.
По многу коментари,фалење на филмот,решив да го гледам.Го гледав синоќе..и останав запрепастена од главниот актер..преубав И Баби ми е онака симпатична.Инаку ми се допаѓа глумата на Аче,некако знае да се носе со улогата.
Пак го гледав пат бр. 2 али сега со другарки. Трпат сите, трпам јас, на крајот не додржав се залив цела пак. Мислам дека милион пати да го гледам никогаш ама никогаш нема да ми се здосади. Дефинитивно ми е најомилен филм. Толку емоции во еден филм не сум видела до сега, таква тага, болка, среќа, љубов, солзи...добро има и други филмови со овие карактеристики де..многу нормално...јас се опседнав деновиве со филмов али ај, знам за 2 дена ќе ми мине Ачи и Баби се совршени еден за друг, стварно големо браво за глумата.. Али тој Марио Касас леле дај нека го клонираат, совршенство на земјата е тој, совршенство. И многу ми се допадна карактерно во филмов, нормално без целото тоа насилство и гнев, али се останато да. Презгоден и убав на лик физички, мачо и фраерче за сите, а нежен, романтичен и грижлив со девојката. Е нема женско што не паѓа на ова
И денеска го изгледав и Tengo ganas de ti. Повеќе ми се допаѓа првиот дел. А Mario Casas..шо да се каже за него.Убавини,убавини.