Филмов го гледав по препорака од другарка. Првиот дел беше преубав,на крај се изнаплакав. Вториот дел не ми се свиѓаше искрено. Сакав среќно да заврши барем вториот дел ама тоа еее хаха Катина мене ми е многу поубава од Баби.И сестра и на Баби е многу слатка. Spoiler Кога се изнагушкаа во вториот дел Катина и Аче,помислив ќе бидат заедно.Интересно ќе беше така хахаххахаххаа
Одамна ми е гледан, дури и некои работи ми се подзаборавенки ама можам да кажам дека е препреубав. За глумецот муабет да не праам. Како шо прочитав погоре на сите поубава ви е Катина. Поубава е, не викам не, ама мислам дека намерно таква глумица зеле за Баби дека нели да не биде сеа у сите филмови главната глумица лепотица. Не знам ни дали ме разбравте ама ај. Исто. И не само шо сакав туку дури и очекував ама испадна дека многу сум очекувала. Мислам дека воа беше првиот филм на кој плачев. Со оглед на тоа дека секогаш кога даваат тажни филмови ја се кезам ко ненормална, успех е тоа бе луѓее.
Филмот е совршен, на крајот останав без збор и со солзи во очите Мене Баби ми е убава, во вториот дел е уште поувава. Денеска го изгледав и вотриот дел, искрено се надевав на многу подобар крај ама ете. Ми се чини како недовршен, ахх колку сакам да излезе и трет дел , може би тогаш ќе се заедно .
Не е можно... Само што го завршив вториот дел и си реков да земам да ги ѕирнам коа оп ете ја темата. Он топик: вториот дел е подобар пошо има мн добра порака во него. Ги имам оддамна гледано и двата дела ми се чини лани. Искрено плачењето е неизбежно во двата дела (барем кај мене). Колку и други филмови да има овој ми е #1.
Филмот е предобар, книгата уште повеќе. Глумицава што ја има улогата на Баби воопшто не ми се допаѓа. Марио си е прекрасен Вториот дел од филмот навистина изгледа недовршен, а книгата кажува се. Барем мене улогите во филмот ми се претставени во поинакво светло од книгата, каде Џин е прекрасна девојка, а во филмот ја направија за никаде.
Значиии и кој филм да го гледам роматичен , љубовен , нема шанси да биде сличен на Три метри над небото. Преубав филм, одлична глума , сценарио , се е вкопено како што треба. Само некако не ми е довршен филмов незнам , некако сакам на крај да сии бидат зедно Баби и Аче. Инаку ОМИЛЕН ФИЛМ ЗАСЕКОГАШ
филмот е прееејак и многу тажен.. немам зборови, навистина.. кој не го гледал вееднаш треба да го пушти
Филмот ми е врв значи.Го имам гледано безброј пати и кога и да го гледам одново секогаш буди различни емоции во мене.Можам да го гледам одново и одново и нема да ми здосади. Прекрасен филм,едноставно немам зборови за него,треба да го гледате.
Пред малце го гледавме со другарка ми,не можев да престанам да плачам а,не ми е првпат да го гледам. Сега ке го гледаме вториот дел.
Тотално патетичен, досаден, шаблонски, неинвентивен филм, но за женска популација е идеален. Сервирај им приказна за недозволена љубов помеѓу богата девојка и уличар, кој патем секогаш мора да биде некој “леп“ тип на кого таа ќе падне, ама татко и не и ја одобрува врската, па ќе се борат, ќе се гледаат, таа ќе бега, ќе се враќа, тој ќе се смирува, ќе ја бара. Турско-индијска серија во шпанска продукција. Веќе станаа досадни со тие шаблон приказни за недозволена љубов и креирање лажна слика дека љубовта е пред се. Ниту некоја богата ќе те погледне како уличар единствено ако не и исцепиш дрва пред куќа и да ти плати 300 денари дневница.
Не знам дали порано имам одговорено на темава. Кога излезе тогаш го гледав и се согласувам со ова мислење. Типично глуп филм со типична приказна за типична женска популација. Толку. Не сакам вакви филмови, крајно патетични ми се и ама ич не ме трогнуваат. А и зошто би.
Го изгледав и вториот дел. Првиот ми беше далеку подобар.Јас сум ја и книгата читала,и тоа првин книгата ја читав па потоа го изгледав филмот и ми се допаѓа што нема многу разлика меѓу нив. Баби јас не ја сакав уште од првиот дел.Уште тогаш покажа колку е себична и безобразна.Уште помнам кога умре Поло,и таа му кажа на Аче дека тој е крив што тој умрел,мене тогаш срцето ке ми се скинеше за Аче.Си има и домашни проблеми,неговиот „брат“ умре па уште и таа да му раскине и,ај што му раскина ама како му се изнавика стварно немаше смисла,глупача.Поло кога умре мене срцето ми се скина,омилен лик ми беше,и уф,најубави беа со Катина. Јас на овој филм почнав да плачам уште од првпат кога Баби му се налути на Аче и не прекинав да плачам до крај на филмот па и натаму плачев уште 15 минути. Исто така да ги спомнам сцените кога Аче се тепаше за прстенот и кога и го врати,а,можам да замислам колку ке беше поинаку да ја имаа таа вечера со Аче...можам да замислам колку убаво ке беше Баби на беше толку голема кучка. Да,имам проблем,премногу се внесувам во филмови. Вториот дел,беше исто така убав,мислев дека ке се самоубие дечкото,ако тој умреше,јас во депресија ке паднев,не за друго,ги гледав филмовите еден по друг,премногу емоција за една вечер. Многу ми се допаѓаше карактерот на Џин,можеби не изглед,но,си одговараа со Аче. Разликата меѓу неа и Баби беше тоа што Баби бараше од Аче да се смени,а,Џин го прифаќаше таков каков што е ,додуша тој беше сменет кога беше со Џин,ама сепак... Братот на Џин ми беше многу антипатичен,но,мило ми е што со Катина се зближија. Кога сме кај Катина,ми се кинеше срцето на секоја сцена во која беше таа. Прв дел: 10/10 Втор дел: 9/10.