Трет дел од филмов нема да има. А книгата ја имам видено преведена на македонски, само не знам од која издавачка куќа, па би ти препорачала да побараш по било која од книжариве.
Го гледав сега вториот дел и воодушевена сум исто колку и од првиот. Баш интересно продолжение, всушност приказнава е многу подлабока од само љубовна приказна. Прекрасен филм!
Првиот дел го гледав на италијански на час по италијански во школо. Преубав е филмот. А вториот на шпански го гледав дома. Почнав да плачам на вториот дел... Пак би го гледала...