Абе тоа е сурова реалност А и во право си дека луѓето тешко се менуваат а некои и нема ни да се сменат само тоа е јас да бев на местото на Бади немаше да постапам онака само секој со различен карактер а и сепак филмчево е прекрасно
Гледајте го вториот дел од филмот, јес да е италијански ама се ќе ви се разјасни. И за Баби и за Аче ( стеф во италијанската верзија).
Јас пак не ви препорачувам да го гледате. Не бидете толку љубопитни како мене, го изгледав продолжетокот на италјански и се разочарав некако. Прикажено е само низа од настани, воопшто немаат пазено на деталите. Приказната е прекрасна но тие го немаат добро изведено тоа. Не ми се допаѓа ни глумата. Подобро почекајте си ја шпанската верзија, дефинитивно ќе ја направат подобра исто како што направија и со првиот дел. Онака само ќе си го уништите уживањето, како што направив јас.
Е тука имаш право, ама ме збуни делот кога Spoiler беа заедно со Густаво и таа како не му даде да го допре местото каде имаше истетовирано Х Еех имаше шанса ама мислам дека и се смачи од такви работи, едноставно сфати дека не може да поднесе живот со непредвидливи моменти, абе и Шпанците знаат да го направат поемотивен моментот одошто вистински има емоции. А баш сакам да го гледам и италијанскиот втор дел има линк или на јутјуб да го барам?
Има и втор дел ? Ајде ве секогаш ме разчаруваат продолженијава Инаку филмот го гледав многу е убав , успеа да ме задржи 2 саати иако беше на шпански . Направив исклучок . Инаку критика за глумицата главниот лик можеле да најдат поубава као убавецот и ѕверката се
Се извинувам!! Не знаев дека пости ваква тема па затоа и јас отворив но таму веднаш клуч!! Филмот многу ми се допадна.За Аче веќе да не правиме муабет ,а и Баби не ми беше многу грда.Феноменална приказна.Филм на кој имам најмногу плачено.Плачев од делот со мајката на Аче.И сега очекувам втор дел да излезе па уште малку да поплачам Spoiler и јас мислам дека Баби не требаше да замине со комшијата бидејќи Аче навистина многу ја сакаше.за неа направи се, дури и ја купи ќуката што ја посакувала уште од детството.
Јас го гледав пред некоја вечер но италијанската верзија и мн ми се допадна и 2цата се мнооогу убави за разлика од шпанската верзија нели според вашите коментари глумицата не била баш најубава.А дали ги гледам некој и 2те верзиии па да направи споредба? ако е поубава шпанската и неа ке ја гледам
Го немам гледано,но приметив дека многу се збори за него и сакам да го гледам. Да не знаете дали го има по видеотекиве?
Па ич не ми текна на тоа. Може да те замолам линк да ми дадеш? Не можам да најдам на предходниве страници.
Го немам гледано, а само гледам нешто на фб, само нешто го фалат и тука. Да ви кажам право ќе си го симнам уште вечерва, и онака имам вишок гига.
Го спуштив, уште да најдам време за да го гледам. Читам, многу го фалите. Па ајде да го видам и тоа чудо! Коментари, подоцна, се разбира
многу е добар!викаат дека оргиналот бил многу поубав и има и втор дел ,само на италијански!ке го гледам
го пуштив тука да го гледам ама на 17 мин закочи ...има ли некоја др страна кај шо можам да го гледам исто со превод и без да ми прекине ? сакам вечерва да го изгледам ај ако знае некоја феминка др страна нека ми пише фала однапред
Имав слушнато за италијанската филмувана верзија (мислам дека ја има и книга), но за шпанскава ми кажа дечкото - си изрази желба да го гледаме заедно и верувам дека тоа некогаш ќе го направиме (Едвај чекам! ). Според тоа тој што ми го кажа и позитивните коментари кои ги читав, со сигурност ќе ми се допадне (сакам јас филмови од тој калибар ).
пробај да го гледаш на јутјуб еве го првото делче http://www.youtube.com/watch?v=mTWS-WB7snM другите делчиња излегуваат од десно,но 11 делче не излегува. па затоа еве ти го и тоа http://www.youtube.com/watch?v=qgnX4-6c8Jg се надевам дека тука ќе успееш да го изгледаш и нема да ти закочи!! позз
Го изгледав вчера, ме заинтересиравте овде на форумот, плус сакав да го гледам бидејќи е европска продукција. Ми се допадна и мене, ми го задржа вниманието и ме трогнаа некои сцени. Spoiler Единствено сцената на крајот кога се сеќава дека се знаат од деца на плажата беше ту чизи фор мај тејст. Можело и без тоа. Да не беше крајот таков каков што е, односно да останеа заедно, ова ќе беше само уште еден просечен романтичен филм, а вака отскокнува од низата холивудски лимонатки. И не сфаќам што грдо најдовте во актерката бе луѓе. Тоа што не исполнува стандарди на холивудска пластична убавица? Баш е преубава, и се нервирам многу што сега се цени само убавина која е наметната и нереална. Девојкава има преубава насмевка, длабок поглед, а носот и’ дава карактеристичност и уникатност. Актерот е... И неверојатна хемија има помеѓу двајцата, на љубовните сцени просто потскокнува срцето.