Леле јас ја претерав... 4 пати го гледам филмот во последниви 24 часа , Забегав скроз, одлепив ко некоја тинејџерка . Ах глумецот, што му мислам . Мене ретко ми се случува еден филм да го гледам повеќепати, без разлика дали ми се допаднал или не, освен ако немам друга работа или го начекам на тв, ама овој филм ми влезе под кожа. Емоциите дефинитивно ме трогнаа, посебно неговата љубов кон неа. Овој филм ми го скрши рекордот во плачање на филм . Единствено на Титаник се имам утепано од плачање кога и да го гледам, ама ете се појави конкуренција .
Ги гледав и 2те верзии, прво италијанската а потоа шпанската поточно сега го гледав и уште си плачам.Дефинитивно предобар филм, можеби дека сум и во тие години многу ми се допадна. А за споредба нема некоја којзнае колку разлика во 2те верзии но во шпанската подобри е прикажано се, во италијанската има скокани делови така што имаше негде некои моменти кои не ги разбрав.И на шпанската повеке плачев ако ми е 2 пат кога го гледам. Инаку глумицата е подобра во шпанската верзија затоа што покажува емоции, а таа во италијанската ми е многу скисната.Ама италијанската глумица е поубава дефинитивно, не дека другата не е но поубава е. А шпанецот ауу ми се кине срцето кога го гледам. Го обожавам филмот. Spoiler неможам да преболам зошто така заврши толку голема љубов и на крај а за Пиле многу жалам колку добри другари беа само, и мислам дека реакцијата на Баби кога се случи несреката не беше на место, наместо да му даде подршка да биде покрај него таа го остави и го обвини многу лошо Но филмот ако имаше срекен крај немаше да биде ништо посебно, мислам дека на сите не трогна крајот
како бе ви се гледа по 20 пати филмов не ми е јасно Јас го изгледав и шпанската и италијанската верзија ( двата дела ) ама не можам бе пак да го гледам. И само јас ли не заплакав на филмов?? Мене вториот дел ми е па поубав, ама италијанскиот.
Не плачев ниту јас, можеби дека немаме веќе 13-16-17 години Не е типичен американски тинејџерски, има поубава содржина ама сепак е тинејџерски филм. Инаку и јас плачам на филмови и таму каде што не се плаче, пример имам плачено на Марли и јас..., ама еве овде немаше солзи и кај мене.
марли и јас имам леено солзи како морон Претпоставувам за која сцена ми збориш. А за Филмов имаш право. Не сме веќе деца па да не потресуваат вакви работи.
Ја гледав и италијанската верзија и да сум ја гледала прво неа филмот ни најмалку немаше да ми се допадне. Нафрлени сцени, се се случува набрзина, а за емоции да не зборуваме. Во шпанската верзија мене ме трогнаа емоциите, кои беа вистински доловени, љубовта и хемијата меѓу Баби и Аџе, додека во италијанската не се ни осеќаше. Дефинитивно шпанската верзија е далеку подобра. Се мислам дали да го гледам вториот дел или да чекам шпанците да го снимат. Знае некој отприлика кога излегува филмот? И јас на Марли и јас плачев, синоќа плачев и на Хачи, а плачев и овде, баш како некоја тинејџерка . На фб само тинејџерки лудуваат по филомот и актерот меѓу кои сум и јас . А не сум таков тип, ама ајде де, си имам некои бубачки, ме фаќаат понекогаш .
Алал нека ви е бе, како ви се бендисува, јас цел филм бев во фазон - Ма немојјјјјјј. Малку надреален, тинејџерски и одвај издржав да го догледам до крај. Како шпанска серија ми беше. Леле, сега ќе ме истепате ама стварно не ми се допадна воопшто. Па тоа целата приказна, гуд грл гоун бед, абре одма се преобрати. Ај не ве замарам, уживајте си на раат во филмот. Сепак за вкусови се работи.
Филмот е прекрасен! Колку убава хемија имаше помеѓу двајцата главни ликови! А и приказната е многу реална, што многу ми се допаѓа! Се согласувам со повеќето дека доколку имаше happy end ќе беше само уште еден тинејџерски филм во низата! Сите другарки се луди по Марио Касас, а богами и јас не сум нешто поарна Да не знае некој каде можам да ја најдам книгата на српски јазик?
Да, има и втор дел кој што моментално се снима! Треба да излезе при крајот на оваа година, или на почеток на 2012! Книгите според кои што е правени филмовите се викаат "Tre metri sopra il cielo"(прв дел) и "Ho voglia di te"(втор дел) од италијанскиот писател Federico Moccia! Колку што знам не се преведени на македонски, но ги има на српски јазик, само што не знам каде можат да се најдат во Македонија :/
Го изгледав конечно. Не ја отварав многу темава зашто познавајќи се сите спојлери ќе ги прочитав ама еве дојдов да си коментирам после завршувањето. Поплакав што поплакав ама мене лично филмов страшно ме изнервира. Т.е главната актерка ме изнервира. Spoiler Си ја остави најдобрата другарка во најтешкото, и си го остави дечкото во најтешкото. Си отиде и си почна нов живот. Бап шлап. Ми идеше преку монитор да и влезам да ја згазам. Глупача. Ме нервираат такви луѓе. На крај со оноа телено заврши. Свашта ... И таа па мајка и лелеее ... дебилно створење ... Се изнервирав и Пиле што умре, и се изнервирав со цел филм кога ќе видиш ... Само татко и на Баби си е ѕвер, ми идеше да го бацам од што е срцка. А Аџи на дождот кога плачеше лелеееее, река, река од солзи течеше низ собава заедно со другарка ми Греотичка, сакав да го гушнам еднаш ... И така. Инаку мене и машкото и женското ми беа убави. И другарот и другарката ... Убава замисла, добра глума, емоции еден куп ... цело време не знаеш како ќе заврши... Се на се океј филмче, би го гледала пак ... Има моменти од филмот онака те дрмнуваат скроз ... И тогаш во тој момент сфаќаш, дека во животот се се случува само еднаш ...
Ќе се согласам со Теди и мене ужасно ме изнервира Баби Spoiler Замина и ги остави сами Катина и Аче кога им беше најтешко, тогаш таа си замина и си продолжи со животот. Јас само неможам да сфатам со што ја повреди Аче? Со тоа што ја сакаше премногу и ја штитеше? Бараше да се смени од него, но не му даде време за тоа. Никој не се менува преку ноќ, а баш повеќето од момците во таа возраст се бунтовни, се тепаат итн, но подоцна кога ќе пораснат тие се момчиња кој секој сака да ги има. Филмот е доста реален, тинејџерски е, го опфаќа баш тој период, не е лигав и патетично романтичен, туку опишува дел од секојдневието на еден тинејџер. Аџе е исфрустриран од неверството на мајка му, па затоа е толку агресивен и насилен. Го чекам вториот дел за да видам дали ќе го реши проблемот со мајка му кој е причината за тоа што е таков. И сега пак ќе ми текне, Баби го знаеше тоа и знаеше кој е неговиот проблем, па згора на се загина и неговиот друга,р а таа замина со комшијата. Си го удри меракот па ќе плаче потоа. Кога ќе размислам убаво што не се заедно. Покрај некои моменти од филмот кои трогнуваат и песните се добро вколопени во филмот, посебно Forever Young- http://www.youtube.com/watch?v=UhqS2AT3 ... ture=share Песната оди во моментот кога Spoiler умира Пиле
Сите зборат за овој филм, значи ситееееее под итно го симнувам сега и утре ќе го изгледам и ќе пишам импресии, иако не сум обожаватл на романтики па ќе видиме