Само што го изгледав филмот и освен глумецот друго ништо не ми остави впечаток, дури ми беше досаден и глупав. Тоа е филм за девојчиња околу 15 години ние шо сме малку постари глумецот ке го гледаме. A на глимецо шо му мислам пола да го снајде убаво ке ни биде
Пред некоја вечер го гледав со една другарка која се утепа од плачење филмот стварно буди емоциии прекрасен е јас го гледав преку you tube другарками го имасе напраино по дeлчиња да иде
Значи филмотт ее пренајубав немам поубав видено секој ден го гледам по 2-3 пати и никако не ми се здосадува,а глумецот е пренајубав Одвај чекам вториот дел да излези ама ќе почекаме до фебруари ајде уште малце се надевам дека тој ќе има среќен крај
Сакам да кажам... еве како ќе биде 2 дел од tres metros sobre el cielo odnosno tengo ganas de ti http://www.youtube.com/watch?v=EM6K8sXs ... re=related
17 and counting . . . Исто. Сосем истото мислење го делам. Се потсетив не времето кога бев 16 годишна. Да го гледав тогаш сигурно ќе излеев кофа солзи. Филмот е просечен. Мене ми се допадна фотографијата. Пејзажите, плажата, зајдисонцето на крај со брат му (или изгрејсонце беше) whatever, многу фино ги фатиле моментите. И песничките не беа лоши. Мајката на Баби мене не ми беше одвратна. Не знам што така лошо видовте во жената, немаше стереотипна реакција од типот - овој е голтар без пари, не може да ти биде дечко. А очекував такво нешто. Јас само видов мајка загрижена за своето дете. Со ризик да звучам ко некоја теткица сега - ама замислете се вие мајки, а вашето 17 годишно девојче нека лумпува по улиците со таков агресивен тип, па судете после. Веројатно ќе ја собираа од улица во вреќа како другарот на ова Хугото. Абре што знам, прочитав многу испотресени коментари веројатно луѓето го доживеале бајаги поемотивно од мене. Па како она молим те не останала со другарка ти кога и' било најтешко... па не можела едноставно веќе да издржи и точка. И прекипе на девојчето, се раздели од се' и сите што ја врзуваа за тој дел од животот. Во филмот девојкава троа малку смачкана ми се виде , ама веројатно таква ја бирале за улогата, нежен деликатен цвет. Ама не е грда, далеку било, има фини црти, некоја студена класична убавина. А типот многу насилен, агресивен, право Хуго бре. Лошото детиште Хуго. Најубав дел ми беше женската тепачка.
Почнав да го симнувам филмот, но морав да го прекинам, од други причини ми отиде интернетот. Како и да е, сакам да го гледам, голема атракција е во последно време, се надевам ќе пишам наредниот месец мои впечатоци
Јас вчера со другарките го гледав филмот. И многу ми се допадна, Посебно глумеецот е прееенајубаааав . А глумицата бар да га ствиле малку по убава,оваа ич не ми е убава. Па за филмот.
Не знаев дека су била толкава плачка на вакви филмови. Не беше нешто посебно, ама ете изгледа бил- ме остави без зборови ама со солзи. Убаво опишан животот на оние кои сакаат да ризикуваат, а и да се борат за љубовта. А глумецов Марио е најубаво нешто во филмов според мене, со девојкава ја покажа нежната страна, ете како лошите момци(бед гајс) знаат да бидат добри.
Филмот..па и не е нешто посебно, јас ни солза не пролив. Глупости. Ама затоа глумецов бе луѓе, бомба. Кога го видов не 3 метри над небото, 30 илјади километри над небото бев.
Ке се снима 2 дел.. да се андеваме дека ке бидат истите глумци И мора да има 2 дел некако нејасно заврши, мора да бидат заедно..
И шпанциве, америчко филмче направија! Убаво е да се изгледа, интересна приказна. И да, убав глумец, афкорс
http://www.youtube.com/watch?v=UZYmkuucLGI Песнава е убава, едноставен текст, ама со емоции, плус ме потсетуват на сцените од филмов, и абе не су била ја само што су плачела на филмов Море се одкапав од плачење шмрк, шмрк будалче
Oти бре сите ја напаѓате неа за пропаѓањето на врската? Девојчето си носеше вина, ама не носеше само таа. За една врска да успее не е доволно само некој да прави романтични работи, треба многу повеќе да вложи од подготвување на романтични нешта. Тој не ја уценуваше професорката и со тоа не направи можност за професорката ако се запне неа да ја избркаат? Еднаш платија родителите, два пати не знам дали ќе можеше. Не се степа на нејзиниот роденден иако знаеше колку и е неа битен и што таа отиде против мајка си и го покани него? Не лажеше таа за него на суд? Таквите работи и тоа како се ценат. Има една чаша во сечиј живот а кога таа ќе се преполне, па лошо е. И однесувањето после раскинувањето. Некои луѓе преболуваат на тој начин што го отфрлаат се она што ги потсеќа на партнерот. Значи познавам такви луѓе, ги бришат сите слики, бришат се, секој спомен со личноста за да им биде полесно. И јас не ја разбирам таквата логика, не можеш со некој да го избришеш времето што си го поминал, ама такви се. Потоа негираат да се сретнат повторно, исто како неа, значи таа имаше страв да направи муабет со него, затоа што знаеше дека ќе потклекне а сакаше нов живот. Значи и неа и беше тешко, само што реши да го заборави со друг маж и бришејќи ги спомените. Некој така преболува едноставно. Ама дека беше виновна само таа за пропаѓањето на врската не беше.
Пред неколку дена го гледав филмов и... што има посебно, што толку дигнаа прашина? Не велам дека не беше добар, онака просечен да се рече. Нити сум плачела, нити ме трогнал, и да, го гледав само ради тоа што е толку ‘силуван‘ од страна на тинејџери, да не останам покусо. Едит: Актеров е..
Има некој на земја или сите сте три метра над небото ? .. хаха шала . Он топик - не сум го гледала филмов ама во план ми е