1. Кога бев за шпанија 2. Кога ме примија на факултет 3. Кога го положив најтешкиот предмет кој го полагав 7 пати.
1. Кога се запишав на факултет 2. Кога го положив испитот за кој го изгубив здравјето (прв пат во животот плачев од среќа) 3. Кога конечно запишав 4та год на факс.
Среќните моменти поврзани со луѓе ќе ги изоставам, си имаат посебно место кое ср подразбира, би издвоила: 1. Бевме Охрид со дм, добив вест за еден проект. Бев среќна бидејќи не очекував дека можам нешто сама да постигнам, а посебно не остварување на еден сон. Се сеќавам колку не верував, го изнагушкав, се јавив дома да се пофалам. Заврши, а уште сум во неверување. 2. Денот кога официјално завршив факултет. Не дека е некое достигнување во денешно време, ама беа четири емоционално тешки и исцрпувачки години. Ми олесна, цела тежина ми падна од грбот, после дипломската знам дека издишав и си реков: помина. 3. Немам трето.
1.Кога се роди внука ми 2.Кога се роди првата ќеркичка 3.Кога се роди втората ќеркичка Ништо не ме прави среќна како нив+4та среќичка кога се роди внук ми.
Кога ја имав првата свика со бендот пред 10 години Кога ми рече дека ме сака Кога ми рече: губи ми се од животот
Кога отидов во Мелбурн Кога се роди син ми Кога бевме пред 2 години на одмор со цела моја фамилија и внуци, 5 дена само се смеевме едноставно бевме толку среќни сите заедно (9 души)
1)Кога се омажив. 2)Кога останав за прв пат бремена и родив близнаци 3) Сеуште го чекам но за 8 месеци и 12дена ќе биде и третиот најсреќен момент за мене.
1. Кога се преселив. 2. Кога магистрирав и добив унапредување на работа потоа. 3. Кога го видов своето име на имотен лист.
1. Кога правев свадба(не е дека е кој знае што, но е единствен ден кога воопшто не се замарав за ништо и си поминав преубаво) 2. Кога дознав дека сум трудна после скоро 2 години обидување. 3. Кога ја родив мојата ќерка. Тоа се денови на кои уште ми играат пеперутки кога ќе се сетам. Од оние другите, кога се запишав на факс, кога ја добив првата 10ка(хахахаха).
1. Кога магистрирав 2. Кога ја добив работата која ја сакав 3. Кога го сретнав него Се надевам дека во иднина ќе има уште поубави моменти кои ќе бидат сместени на оваа листа.
Кога дипломирав Кога ме запроси саканиот Кога нашите планови за да се преселиме во друга земја почнаа да се остваруваат (ни остана уште само малку до селењето)