Знам дека има ваква тема во делот за деца ама ме интересира за конкретно за бебиње до 1 год. Знам дека на почеток се трошат пари за основни работи како креветче, количка, корито... Ама за што уште се троши и колку од прилика. Колку трошите за пелени и влажни марамици? Спојлер Јас до сега да ви кажам, сум ептен благословена затоа што ништо не морав да купам. Другарки ми дадоа речиси се: креветче,оградица, корито, количка,релаксатор,транспоретер,седиште за во кола,дубак, облека за првите месеци комплетна, значи бодиња, шпикозни,капи,чорапи,маички, панталончиња,скафандер, вреќа за спиење,пелени за повеќе упореби...се сме добиле без пари, значи разбирате колку сме заштедиле. За вакцини се плаќа ли? И посети на педијатар и ортопед? Бебето треба да ни дојде за 2 месеци и многу инрересира кои се скриени трошоци за бебиња,затоа ве молам да ги споделите вашето искуство.
Трошоците се ОГРОМНИ !!!! Реално месечно за пелени нас ни одат од 2000-2500ден, нормално зависи од кои се користат и како се користат. Ние во просек користиме по 5пелени на ден. За влажни марамици повторно е релативна работа, зошто пак ќе кажам зависи од кои ќе употребувате. Рачунај еден паке за 2-3дена максимум. Козметиката поефтино испаѓа зошто не се става многу количински, така една купка за бањање од половина литар ние ја користевме точно една година, еве сега дојде ред нова ќе купуваме, павловичева на три недели до месец 1кутија од 300мл. За вакцини ако ги ставаш оние регуларните во болница не се плаќа, ако сакаш прочистени, треба сами да си ги купите. Околу 50евра е една доза . Посети на педијатар и ортопед се плаќа само ако одите на приватно. Ние малата ја носиме во Систина, па еден преглед на педијатар ни е 1800ден(само преглед), ако има нешто + се доплаќа. Пр. сега кога беше болна вкупно плативме околу 3300ден(преглед , крвна слика, брисеви), но отидовме на контрола уште 4 пати и тоа не се наплаќа, се додека детето не се долечи. Преглед на ортопед на приватно е 2000ден, до 6месеци се оди 3пати, после наредно е кога ќе прооди детето. Месечно има трошоци од околу 4000-7000ден, основни, без доктори и сл.
пред да се породам,ми збореа дека месечно се трошат многу пари за бебето,но искрено,бар кај нас не е така. ние користиме бекутан пелени,што ми се видоа како најдобри(од канбебе и дајперс),и плус има и гратис влажни марамици.и ние трошиме во просек по 5 пелени дневно и ни доаѓа месечно по 2 пакувања(едно е околу 680 ден),а за влажни не купуваме зошто се гратис и едно пакување влажни трошиме со едно пакување пелени,значи за 15 дена (не ги штедиме,со секоја сменета пелена користиме и влажни) павловичева купуваме на месец два,(од фитофарм-розева)не е скапа 160 ден. за бањање користиме сапунче и тоа не се троши брзо. млека за тело не користиме,првите месеци ја мачкав со јекодерм,а сега од време на време ја мачкам со кокосово масло. значи од прилика месечно ни одат до 2000 ден најмногу. е сеа доколку бебето не цица,пие ад млеко тука многу пари се трошат,де за млеко на 2-3 дена,де за шишиња,цуцли...ние имавме среќа бебушка си цицаше и сеуште си цица после 5 месец,ке трошиш повеќе за кашички(ако купуваш готови,една тегличка е 40-60 ден),но најдобро е домашни да си правиш,ние си правиме домашни и си ги јаде без проблем. за педијатар и ортопед не плаќаме ништо( си одиме со плави картони) педијатарот ни е супер,ама за на ортопед,во мајчин дом многу површно ги прегледуваат,набрзинка, и тоа не ми се свиѓа. поздрав и нека ти е со лесно
MiAmor алал да ви е ако навистина успевате вака И ние трошиме два пакета пелени, но од дуплите на ДМ babylove. Во едно дупло пакување има 84пелени, значи околу 160пелени месечно одат. А за влажни марамици да не правам муабет, посебно кога е квалитетно искакана, јас навистина незнам како со едно пакетче од 72марамици внатре да го исчувам недела па и две. На едно пресоблекување минимум 2(ако е само мочкана), а максимум немам појма но повеќе од 5(кога е какана) сигурно. За козметика, ние еве и годинка направивме јас сеуште ја мачкам со јекодерм, но тоа не е скапо, едно е околу 70ден и трае сигурно две недели.
Трошоците не се огромни, зависи од тоа вие како ќе се поставите. Не можам да кажувам за цифри кога бевме бебе зошто веќе имам заборавено, ама едно знам и тоа е дефинитивно, како расте детето, растат и трошоците. До година трошоците се реални, а јас имав и многу помош околу разни „алатки“ и гардероба мада голем дел добивме и на подарок и секако и ние од мерак знаевме да купиме партали и дребулии, иако знаев дека не е неопходно. Тоа за мене не е трошок, повеќе е луксуз или терање ќеиф... За доктор ние си одиме кај матична во државно што значи дека не плаќам ништо, до година за брисеви не се наплаќа после тоа е релативно симболично. За вакцини си одам со редовни, за мене прочистените не се ништо поарни, напротив, и никојпат не размислував да купувам на своја рака вакцина и со таа да ја носам на боцкање. Еве сега сме поголеми, скоро 2г, одиме во градинка, има повеќе барања самото дете со возраста меѓутоа голем дел од работите се и од тоа како ние ќе се поставиме. Кога тргавме во градинка си купив доста нова облека ете за да биде дотерана секојдневно во разни комбинации, а тоа секако не беше морален трошок. Пелените се стандарден трошок, влажни не трошам премногу, почесто ја мијам. Било што и да те интересира допрашај, се што имаш можност и прилика да искористиш од пријателка/роднина користи затоа што децата брзо раснат и се буквално останува ново и скоро неискористено.
Може ова е малце смешно прашање, ама ќе си прашам Сметките по дома ви се покачија многу откако се роди бебето? Препоставувам дека почесто дома, повеќе струја/вода се троши, плус ако се грееш на струја а за детето мора да е топло, па и за бањање... Има некоја голема разлика или само ми се чини?
Ако се грееш на струја без разлика дали имаш или немаш бебе пак затоплуваш дома. Како второ не мора да е екстра топло кога има бебе во куќа. Најголема грешка кај некои родители е тоа што прават екстремно високи температури по дома за да на бебето не му биде ладно - немајте гајле нема да измрзне како ќе е за вас така и за него. Повеќе трошење вода - па не бањате крокодили туку бебе кое малтене поминува неговото туширање со 2л топла вода (не сум мерела со точност) па и 5 нека се на крај краева. Мислиш дека се можеш да ставиш на кантар и пресметаш до денар колку ќе потрошиш до 1 год. па 2год па 3год. ....замисли појде на школо па после му текне и на факултет да појде.... На крај краева се се сведува дека пушташ нозе колку ти е чергата.
Јас не се согласувам дека за бебе до година се троши многу,поготово со второ Баш напротив кога веќе ќе почне да оди во градинка трошоците стануваат поголеми. Сега има родители кои сакаат да аздисуваат па преоќаат во крајности со некои потреби кои реално се глупост за мене. Подобро скрати му додека е помало и не разбира,ставај му ги на книшка ако имаш одвишок отколку да се претерува во непотребни работи. Не дека јас бев цветка со керка ми знаев и да забегам кога беше мала,но сега на синко сум попретпазлива не дека неможам да си дозволам но навистина многу работи се непотребни. Еве на пример пелени трошиме Babylove од џамбо пакетот ( кој искрено незнам колку кошта тоа мм набавува околу 1000 мислам) има и поевтини но јас сум задоволна од ови зошто ми се најапсорбирачки. Додека синко беше помал трошев повеќе пелени,сега зависи од денот но некогаш и со 5 поминувам. Влажни ретко користам освен кога сме излезени или пак некој дошол а немам време да го замијам инаку од вода пубаво нема па затоа едно паковање ми трае скоро месец. Купка купувам една и за малиот и за керка ми онаа што е од babylove 500ml инаку досега купувавме гел и шампон на Алверде околу 135 ден,но последниот пат немаше па земавме на babylove. Кремче за газенце користам јекодерм и тоа не секогаш по потреба не би знаела колку ми трае зошто го употребувам ретко. Имам Судокрем за итни случаи кој го земав летово да не ни затреба ( но не е неопходен),млеко за тело ретко употребувам сметам дека и не е потрбно на секое бањање детето да се сафта од многу хемикалии не е на арно инаку имам на babylove и тоа ми е за двајцата (мм ги начекал на акција по 80 ден во Дм). Се лечиме со плави картони ( за мене е сулудо да го носам на приватно кога имаме плави картони) .Среќа до сега сме немале проблеми со медикаменти. Вакцини не користиме така решивме двајцата. Инаку батко сеуште цицка и не го дохранувам за мене е најважно што подолго мајчино млеко тоа поздраво и така цел шивот ќе јаде храна. Ќе се трудам подолго да го држам додколку можам. Цуцли досега имам купено 8 зошто е њубител на каучукови па да имам во резерва. Морам да напомена дека babylove има доста добар квалитет 2 цуцли одат во пакување околу100 ден. Како помало бебче не ни одговараче ништо сем Нук најверојатно дека беа потенки но сега користиме и поевтина варјанта. Кај и да е планирам во скоро да му ги конфискувам оти после потешко ќе биде . Количка си користиме од дада која ја добивме на поклон и првата и и онаа на склопување,двете се добро сочувани. Облека за батко купив тук-таму за излегување а по дома си го облакам од ќерка ми,и не патам ако бил во розево тоа сега и е најмалку важно и сами знаеме колку брзо растат и колку само не се успева да се изнаносат поголем дел од гардеробата. Иако морам да признаам дека доста добив кога се породив со првото ме наоружаа моиве во Хрватска каде реално имаше доста пристапни попусти него кај нас. Дубак не користев ни со првото а нема ни со второво исто че кашам тоа за мене е безвезна инвестиција,детето поправилно се развива доколку лази. релаксатор имавме добиено на поклон од золвами и тој го користиме,кадичка исто (морам да напоменам дека е од тие поголемките но внатре со сталак фротирен кој помага додека сеуште лежи) и двајцата ги бањав до скоро во него. Седишта за во кола на моја среќа ми купија исто родниниве од Загреб првин помалото уште додека бевме таму и тоа највеќе ради тоа што мм е њубител на брзи вожњи нажалост ,сега ќе го користи батко а за малата имаме соодветно за нејзината возраст исто поклон. Сума сумарум ете кои се моите издатоци. Сега ги воочувам разликите кога малава е 3,5 годинки и сваќам дека повеќе трошам на неа отколку на него.
Нормално си има трошок , ама се е индивидуално . Кога е прво бебе се купуваат покрупните работи , колички , опремување на детска соба , транспортери и сл. Сепак се зависи и тоа кој колку може да си дозволи. Ние за нашево се си купивме сами , имавме нормално трошок на почеток... ама па прво е нели За второво не планирам да купувам многу , освен ако не се покаже машко па да морам да купам се во плаво Месечно за пелени 20 евра од ДМ пеленките , за друго појма неам Храна јаде исто со нас , исто што купувам за нас и за детево ... Облека купувам многу ама се е на попуст, овде има убави попусти и така за ефтини пари и купувам облека тони . Додека се помали се помали и трошоците , кога ке почне во градинка ке плаќам само 200 евра за неа .. потоа училиште итн.
Може не се изјаснив убаво. Прво, кога спомнав на бањање не мислав трошење на вода, туку на струја за затоплување на водата. Второ, знам дека идеална температура за бебето е 19-22 и планирам да се придржувам до тоа. Но со бебе топлиш секој ден, по цел ден, нешто што ние никогаш не сме правеле, посебно не невечер. Затоа и прашав која е разликата. И се разбира дека ги шириш нозете колку што ти е чергата, ама ме интересира кое се стнадардните трошоци, кои без разлика дали имаш, или немаш, мораш да ги дадеш.
^Нормално дека ти се зголемуваат трошоците за струја, додека бевме сами со сопругот пуштав една до две машини за перење неделно сега пуштам една до две на ден, за греење тоа си зависи од човек до човек јас и без и со деца грејам и ноќе, не можам да спијам на ладно така сум ги научила и децата. Не можеш да ги предвидиш сите трошкови, најголем трошок според мене за мало бебе е ако е на ад млеко, тој трошок и за едниот и за другиот го имам прескокнато, пелените и тие не можеш да ги предвидиш бидејќи тек од кога ќе се роди ќе видиш кои највеќе му одговараат, секое бебе е различно. Со второто и јас како мама25 немам никаков трошок освен количка дупла а и таа татко ми ја купи, собата родителите на мм ја уредија со се што беше потребно, облека носи од бато, само тоа што ми имаат другите купено носи ново и една, две работи ние што сме купиле од мерак. Транспортер имавме, сега понатаму ќе треба да купиме и седиште затоа што тука е законот до 5 години да седат врзани во седиште. Пелени трошиме по околу 100 неделно ама моево џинче кака по секое доење така да мора да се промени а за поголемиот користам само ноќе, преку ден кажува. Влажни марамчиња не користам многу може едно пакетче неделно затоа што после секое какање му го мијам газот, почисто ми е така него да го шлакам со влажни марамчиња. Прашок трошам 6-10 кг месечно, порано со толку прашок поминував поминував 5-6 месеци. Инаку мене ми дава државата $200 од дете на две недели, значи $400 месечно така да јас реално немам трошкови, државата ми ги рани децата ама ние не ги трошиме тие пари директно на штедни книшки им ги ставаме и на едниот и на другиот, кога ќе пораснат ќе си имаат солидна сума на сметка.
Трошоците растат како расте бебето. Во почетокот освен потребните работи како опрема (креветче,количка,релаксатор,транспортер) која е еднократна,значи подолгорајно се користат и нема некои големи трошоци. Понатаму ние добивме многу облека и нова и користена многу малку. Месечно трошиме околу два пакети памперс,тоа е отприлика околу 2500 денари. Влажни марамици 2-3 пакетчиња,месечно околу 300 денари. Павловичева маст од Бекутан,месечно околу 150 денари,козметика од Бекутан,која е со многу пристапна цена,месечно отприлика околу 300 денари. Заштедивме на млеко,бидејќи не сме на АД,лекарски прегледи кај педијатар и ортопед на државно,вакцини обични. Како расте детето си се зголемуваат трошоците во однос на храна,пробуваме нови вкусови,сокчиња и кашички-месечно околу 2000 денари. Отприлика трошоците се тие,периодично купување на облека. Сметката за струја ни е таа,како што ни доаѓаше и пред бебето,во ладни месеци и да немам бебе,не можам да штедам. Сега кога ќе ни дојде и другото бебе,облеката планирам да ја користам од ова поголемото,со нешто минимално докупување(ако е момче,повеќе ќе се потрошиме )..
Од трошоци најмногу ни се зголеми сметката за струја значи ова зборам кога ни пристигна првото детенце , и стандардно памперс ,марамици , за банање користам сапунче ,од памперс и со првото и сега користам бекутан ,на хип шампончето не тера подолго ,марамици едно пакетче неделно , тие покрупните работи да не се повторувам погоре како што кажаа се на почетокот поголем издаток но ако имаш од кого да позајмиш добро ке ти дојде на пр. релаксатор или транспортер . За облека исто на почетокот се потребни повеке работи ,јас нешто купив од мерак а покасно и по потреба а многу работи користев од другарка ми ,па сега и вторава бебушка си носи се што не успеа да износи дадичка Инаку сега кога правам разлика од трошоците што ги имавме со првата керкичка и сега, ( нормално сега ни се помали ,користиме се од поголемката) најголем трошок ни беше ад млекото . и како и за многу работи во животот и тука важи колку ти е долга чергата толку ке си ги пуштиш нозете, со мм се откажавме од некои наши задоволства за да им угодиме на децата ,потребите на бебето се на прво место
трошоци има и тоа како. како што напиша една мамичка погоре најпрво сметката за струја се зголеми и тоа тродупло кај нас поголем трошок е тоа што синко од прв ден е на ад млеко, па дури беше помало на секој 3 дена купувавме едно паковање, а тоа беше некаде оклу 400 ден, па само тука колку пари бегаат, па пелени, витаминска, марамици може помали трошоци ама сепак ги има. ама како што расти бебушко се зголемуваат трошоците на почеток имавме многу давачки, во смисла се сами купивме од креветче, душече, количка, транспортер, па алишта, шишенца, немаше кој да ни позајми нешто, па се остана на нас, верувајте од кога дознав дека сум бремена почнавме да штедиме за бебушко кога ке дојди , и се сме потрошиле , еххехех сега повеке се троши на кашички, облека нормално мора да се купува нели ја одрастуваат ама што се вели за нив се живее, и ке се трудиме секако да им обезбедиме колку што можиме
Додека да наполни син ми една година, имавме многу трошоци. Дававме многу пари за пелени, влажни марамчиња, крема, млеко, качишки, сокчиња, и др. Освен тоа, плаќавме и повисоки сметки за струја.
Не зборам за струја и вода...тоа многу се троши + сега зимно време. Инаку вака за влажни марамици, памперс, помади, чаеви чепчиња...различно секој месец од 3000 до 4000ден. Но сеуште не сме на кашички сокчиња и слично...претпоставувам понатаму ќе оди повеќе
Snow queen jas pocnav so kasicki, ama jas ne mu kupuvam tuku domasni mu pravam em poevtino em pozdravo barem znam sto stavam koga ja pravam kasata. Izvinete sto pisuvam lat od mob pisuvam
Со растењето на бебето растат и трошоците еве моето е 3 месеци и цело време е на ад млеко месечно само за млекото ни одат 3000 денари, другото го знаете памперс, влажни,креми ....... но не се жалам нека ни е живо и здраво бебето добро заработува мм.
Нормално дека има трошоци синко е 13 месеци и нормално сега јаде скоро се детето си бара мораш да му пружиш не можеш да штедиш на јадење,за јадење јаде со нас ние тоа што јадеме но нормално дете како дете сака чоколадно млеко пудинг овошје и многууу други работи,но ние живееме за нив какви и да се трошоците памперс користиме виолета по 2 пакувања во месецот а виолета е 525 денари,влажни марамици користиме едни за цел месец крема користиме бекутан таа 3 месеци ја користиме зошто почесто си се миеме ама сега иде лето а ние сме пораснати немаме ништоо летно мора се одново маици фармерчиња боди,сандали и триста чуда.
Искрено освен за памперс и марамици др трошкови сега за сега немам.Користам се од првото дете од облека до лулка,постелнина.Зедов само нови шишиња и транспортер.Тук и таму излага по некоја ситница како чајче,капки за бебето ама тоа е ништо во споредба со трошоците за првото бебе што ги имав.