1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трошоци за бебиња до 1год.

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 17 октомври 2013.

  1. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Јас многу малку позајмив , сите деца околу пораснати се. Треба да се комбинира и некоја средина да се фати..секој си знае..
     
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Нормално ама не треба да се збори ни за едните ни за другите.
    Сите го правиме најдоброто што знаеме и можеме.
     
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Пред да се роди ќерка ми си ветив дека нема да паѓам на џиџи миџи реклами и да трошам пари на работи кои ама ич не се потребни. И си останав на зборот.

    Поголемиот трошок е пред да се роди детето, доколку се сами купувате и под претпоставка дека нема од кого да позајмите.
    Подоцна секојдневните трошоци се навистина многу под ова што сте пишале. Навистина не сакам со никој да се докажувам ама цени што сте изнапишале коса да му се крене на човек. И да, навистина се претерува. Имам луѓе и околу мене такви и навистина ми е верливо што пишала членката дека надпросечна плата троши за детето. Зашто се купува и што треба и што не треба.

    Ќерка ми од ништо не е скратена, уште пред да се роди и' беше купено и количка, и седиште за во кола, и креветче, и се што сметав дека е основно и потребно. Не купував пред време стерилизатори, шишиња, цуцли итн. И се испостави дека тоа воопшто не ми беше потребно. Ми нудеа да ми дадат, ама не сакав, сакав тие работи нови да си ги купиме, зашто кога сум можела за мене да дадам пари за обувки од повеќе пари, сакав и на неа да и' купиме нова количка.

    Месечно за ќерка ми не трошам повеќе од 4000 денари, сакате верувајте, сакате не верувајте. Креми скапи не сум купила, ја мачкав со Јекодерм, сега ништо не ставаме. Од почеток ја бањав со Бејбилов, сега со Хип, пелени само на Виолета користиме од почеток, влажни почетокот на база на вода, после најобични на Виолета. Д3 капки ги земам на рецепта и тоа не го ни сметам во трошок. Дополнителни витамини јас не давам, сметам дека нема потреба, повеќе штета се прави на организмот, по мене. Пелени и влажни марамици е нешто што секој месец купуваме, друго не. И почетокот кога многу брзо раснат па почесто купуваш облека, сега на скоро 2 години тренерки не купувам секој месец.

    Беше на ексклузивно доење до 6 месеци, во сред лето ни капка вода не и' дадов, зашто сметав дека не треба, чај не сум давала никогаш, грчеви немаше, пробиотик само еднаш кога примаше антибиотик, кога беше бебе не и' давав, проблем со кожа немала никогаш.

    Не се мислам и не жалам пари за ортопед на пример, за мене тоа е нешто навистина потребно и сакам кога се работи за здравје да ја однесам кај доктор што е навистина стручен, не само колку да се рече сум ја однела.
    Читам по групине на фб, кога ќе се распишуваат за обувки на пример, се по 3000 денари, ортопедски. Не знам дали сте свесни колку штета прават тие обувки. Ама битно над 3000 денари се и обавезно потенцирано е дека се ортопедски. Ортопедски обувки треба да носат деца што имаат проблем со стапалата. Ама тоа го прават рекламите. И за се е така.

    Јас сум повеќе за вложување во ќерка ми на друг начин, ама тоа не е тема сега. А дали играчката ќе биде од 1500 денари или 100 денари, скроз е исто.
    Да се разбереме, имам и можам да купам што сакам и за мене и за ќерка ми. И од колку сакам пари. Па како сакате сфатете го тоа. Ама не мислам дека тоа е правилниот начин на кој треба да и' го започнам воспитувањето. Дете не треба да знае за Адидас, Ајфон итн и воопшто не треба да се замара со тоа.

    Сега последно што прочитав апаратче за топлење на марамиците, кога ќе го бришеш газето да не биле ладни. |(
     
    На Eli23, Marge, Anchita и 15 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.844
    Пол:
    Женски
    Сериозно? :^)
     
    На cresa-jagoda, Freckles. и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Најсериозно. :)
    Па како родителиве ќе потрошат цела плата на едно бебе. :D
     
    На cresa-jagoda, A94, Srcka28 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Можеби ти така си сфатила, јас поинаку. Првичните трошоци спаѓаат во првата година и муабетот е за неопходни работи, не луксуз. Баш во првата година треба да купиш се, и креветчиња, и транспортери, количка, релаксатор, седиште за автомобил, хранилка, шишиња, цуцли, млеко, да му погодиш соодветна козметика за да не му направиш проблеми на бебе. Сето тоа кошта. Е сега некој ќе ти каже од инает дека и креветче не мора да купиш пошо со тебе ќе спие, и дека не ти треба релаксатор (пр.свркрва ми така вика), можеш да го легнеш на тетра и да гледа тв, не ти треба корито, на рака ќе ги бањаш...и еден куп други небулози, ама сега живееме во друго време и имаме различна перцепција за неопходно. Темава е многу релативна, секој трошок зависи од куп околни фактори, само не треба да се прави погрешна слика дека во нормални услови не ти требаат повеќе од 50/100 евра за бебе месечно до година дена, затоа што тоа навистина е претешко, освен ако ти е недај боже нож до коска и мораш да го лишуваш и бебето и цело семејство од се.
     
    На ladystardust, Калатеа, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  7. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    8.756
    Пол:
    Женски
    Можно е да се троши и 30.000 и 3.000 факт.
    Ќе тргнам од себе. Количка 15.000, креветче 7.000. Тоа се нафатија да го купат мајка ми и тетка ми. можев да бирам што сакам ама сметав дека и да не се мои парите ќе ме болеше ако фрлев поише а бебе да не ги користеше. Релаксатор 6.000 и седиште за кола 8.000 исто. Гардероба за првото бебе имавме купено за до 6 месеци па кога се роди малава требаше да се купува за од 6 нагоре. Сите блиски ни се со по едно бебе и искрено никој не се понуди да ни даде облека со претпоставка дека може си ги чуваат за второ. Почнав со веледа козметика после 6 месеци сменив на хип кога видов дека е ок со кожа. Памперс премиум користев до година сега се префрлив на актив. Додека бев на породилно бевме договорени со мм дека тие пари се за неа само и тогаш да аздисував. Реално. Гардероба од некст секој месец по 6/7.000 ама имам залиха за до летоска. Мерак голем за дотерување на женската. И пак ќе кажам аздис е. Сега кога треба да да се правдам на мм каде се парите малце е подруго:wasntme: И криво ми е кога ќе исфлека ама јбг. Сега трошиме Макс 6 илјади за неа. Пак знам да и земам некое парче за прчење ама тоа се најчесто пари од баба или тета што ги даваат за да и купам нешто.
    Така да не е за судење ни едното ни другото. Некогаш ќе имаш, некогаш ќе немаш. Кога имаш ќе се опуштиш кога ќе немаш ќе стиснеш малце и тоа е. А нема кој не сака да троши на бебе.
     
    На Coco31, Alexandrite, Tea SK и 6 други им се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Изум сум имала, а не сум знаела дека можам да направам пари и да го патентирам :tmi:.
    Влажните и за првото и за второво, ги мијам со топла вода, па потоа бришам газе. Ем топли, ем колку толку одмиени од хемикалии 8)
     
    На MarijaMi90, cresa-jagoda, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    20.120
    Пол:
    Женски
    Значи јас зашо мислев дека темава е со цел идните родители да имаат отприлика увид во трошоците првата година?
    Од кај до кај сте стигнале :clap:

    Факт е дека кај некој се поголеми трошоците, кај некој помали. Нормално, не се сите бебиња исти.
    Исто така факт е дека секој го сака најдоброто за неговото дете, ама не секој може да си го дозволи.
    И дека децата ќе бидат први, и нивните основни трошоци.

    Ние бевме во страшна финансиска криза ќерка ми ко беше само на млеко, па не јадевме еве.
    За нејзе да има. Ама со последните пари млеко и купив, не облека. Бидејќи тоа е основното.

    Мислам дека можам да бидам најреална со трошоците бидејќи ние 11 месеци купувавме само основното, не можевме да си дозволиме повеќе.
    Бодиња ептен ко ќе станат кнап, блузиња, тренерки максимално износено. Ај среќа ќерка ми е добра у тој поглед, па сите бројчиња ги скапа носејќи.

    И како шо повеќето кажаа, најголем трошок е АД.

    Идни родители, основни месечни трошоци се:
    - млеко ако не доите
    - влажни ако не миете газе
    - пелени
    - витамини на приватно, ако не ги сакаат вашите деца тие на рецепт
    - облека ко ќе ја надрасне
    - шампон
    Збориме што му е потребно на бебе да го пројде денот.
    Без дерматит, без други пропратни ситуации шо можат да се случат.

    Едит: кај мене основно месечно беше и гел за хемангиоми. Ама не е кај сите тој месечен трошок.
     
    На Marge, Anaroz1, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Неточно,еве ние можеме да и приуштиме многу повеќе,не се жалам ама стварно нема потреба,зошто да купувам мустела кога нема проблематична кожа а можам да си ја дозволам,не е лишена од ништо па стварно не трошиме многу.
    Облеката ја тргам настрана ама купувам зошто сакам да ја дотерувам и не можам да ја гледам во розеви патики со црвена блуза пример,па и купувам облека по тонови ама нема да плашам овде мајки како леле леле е скапо,тоа не се неопходни трошоци за бебе.
     
  11. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Пак ми вадиш муабет од контекст и тврдиш дека моето мислење е неточно и не знам како тоа јас плашам мајки? И кај спомнав па сеа мустела? Муабетот е дека во прва година може и ќе треба да сменам две, три, четири козметики додека погодам, може ќе им одговара најевтина, може најскапа, барем од другарки одоколу сум гледала дека тоа им се случува и си го земам предвид како очекуван трошок.
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Е признавам, ова ми е слаба страна. Сакам да е средена и облечена во тон секогаш и секаде. Од коса до стапала. Не сакам ништо да штрчи. И за по дома е така. И за мене сум таква. Ама тоа може и со помалце пари да биде, далеку од тоа дека еден пар патики и' е 4000 денари, шанси нема.
    Ниту па е нешто што мора да се купи, не спаѓа тоа во основни, месечни трошоци.
     
    На Stressed Out и mssuniquee им се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Точно,иста сум,како болест ми е,ама сега барем има избор за деца а и купувам на попуст вон сезонски,ама вакво аздисување да не го речам :) не спаѓа во основни трошоци :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Полека,количка и креветче ќе купиш пред да се роди,трошоци за бебе на пат се друга категорија,ги мешате брзините. Не те вадам од контекст и не сфаќам ни зошто првично ме цитираше ама ајде нека тера дискусија.
     
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    5.349
    А корпата што ги пакува пелените у кеса за да не мирисаат? Мене тоа ми беше врв на работи што постојат ...
     
    На Daydream, cresa-jagoda, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Јас ви честитам на тие што живеете во Македонија како излегувате на крај.

    Ние сме во странство и месечни трошоци ми се од прилика следните:
    • 15-20€ пелени од DM најевтините, никогаш не му пропуштиле
    • 40-60€ за ад млеко. И за тоа на поклон добивме од колегите ваучери од DM, па купив млеко во октомври за 5€ кутија за пола година. Сега гледам малку е поскапено.
    • 10€ за влажни марамици, хартија, подлоги за менување пелени
    • Шампони и кремови имам од рекламни материјали и поклони за уште 2 бебиња да изгледам.
    • Облека 20€ месечно и тоа за палта и обувки, останатото добив за мекици облека повеќе од доволно
    • Креветче купивме ние (и тоа на старо), други работи купија баби, дедовци, кумови, пријатели
    • 10€ месечно за играчки, шишиња, цуцли
    • Лекарски прегледи ни се бесплатни, суплементи минимални што не вреди да се спомнуваат
    Значи бебево не кошта засега 100-120€ месечно со тоа што пола ко што напишав се од подароци т.е. ваучери. Државата ни дава 220€ детски (од овој месец 250€), 100 користам за него, останатите 150 му ги штедиме на сметка и во акции. Кога ќе порасне ќе има поголеми потреби и желби па убаво ќе ни дојдат тие пари.

    Притоа имам купено само неопходни работи, немам канта за пелени, немам стерилизатор, ни тоа за топлење шишиња, ни релаксатор, ни џампер, ни дубало, ни посебна детска соба...

    Е сега кај нас и бебето засега не е проблематично, освен што не сакаше да цица па купуваме млеко. Ако е некое дете што е алергично на пелени, некои видови ад млеко итн, нема како, мора да се купи поскапо.
     
    Последна измена: 9 јануари 2023
    На warrior, Freckles., ani23 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    Сироти ние во Македонија (facepalm)
    Не сите работат за минимална плата тука, и има се поголем број на родители што месечните примања им се поголеми од тие во странство, само што не секогаш потенцираат за истото.
     
    На Cka и Tiny Love им се допаѓа ова.
  18. Forbidden

    Forbidden Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178
    Еве ги и нашите трошкови отприлика (веќе не се ни сеќавам точно што колку беше до денар)

    Месечни секојдневни:
    3500 пелени Памперс актив и Бејбилав
    3500 млеко Хип органик комбиотик
    1000 пробиотик и витамини
    1000 телешко месо (секој втор ден х 50 гр)
    1500 други намирници за јадење
    2000 кашички
    3000 облека, вреќички за спиење, зимска капа, лигавчиња итн итн
    1500 цуцли и шишиња
    1500 (3000/2) приватен педијатар и ортопед преглед на 2 месеци
    500 козметика Веледа / павловичева



    * Кога беше на доење претежно друга беше математиката

    Еднократни:
    15.000 креветче и душек
    23.000 зимска количка
    6.000 транспортер
    9.000 корпа за количкат
    12.500 седиште
    3.000 стерилизатор
    6.000 чинии, лажици, тенџериња мали, глодалки итн
    5.500 игрална
    3000 рачна пумпа за молзење


    Околу 80.000 вкупно или по 6.500 месечно за првите 12 месеци.

    Имам купено и други работи, кои не се морални како автоматска пумпа за молзење, камера итн.

    Некој ќе каже ејј што ќе ти е игрална за детето, луксуз е… епа не е луксуз зависи од детето. Ако нема кој да ти го причува бебето и нема кај да го оставиш за да одиш до тоалет, или да му зготвиш јадење и те како е потребна. Во спротивно ќе ја јаде храната од кучето или ќе го размонтира парното и 300 други глупости. Така да секоја мајка си знае најдобро, нема потреба за надмудрување.

    Само храната за бебиња, месо, зеленчук, овошје е трошок нормално. Еднократните трошоци нормално дека се големи и се рачунаат. Ако немаш кој да ти даде или купи нормално дека ти се поголеми трошоците (за прво дете особено).

    Ако нема кој да ти го чува детето кога ќе се вратиш на работа, ќе оди во градинка. Ама најголемиот процент на деца се разболуваат доста често и мајката мора да зема боловање кое се плаќа 70% од плата. Значи и тие 30% се трошок. Другата опција е да ангажираш дадилка, која треба да ја платиш и не е луксуз затоа што едноставно не може секој да отсуствува од работа често.

    Да напоменам, не сметам дека количка од 400/500 евра е луксуз, туку е производ од среден ранг и најверојатно ќе трае подолго време, пример 2 или 3 деца. Исто така зависи таа количка кај се користи и на каков терен.

    Луксузни колички се над 800/1000 евра. Ефтини колички се од 150/200 евра.
    секој што ќе купи количка од среден ранг не значи дека се луксузира…
    За жал платите во МК се такви какви што се, ама тоа не го менува фактот дека некои работи не се луксузни.


    Приватен педијатар (во случајот педијатар од Ремедика) преглед 1.200 денари, ми беше ептен корисен затоа што траеше 40 минути и се ми беше објаснето во однос на бебе, храна итн. Исто така и ортопед. Пак ова се подразбира доколку ти е прво дете + немаш кој да ти помогне.

    Никој не треба да има грижа на совест, сепак парите не ги зимаме од туѓ џеб.

    За некои работи може да се заштеди сега, па да се појават како дупли трошок во иднина, мислејќи дека сме заштедиле сега.
     
    На Coco31, Tess36, le.soleil и 4 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.844
    Пол:
    Женски
    |(
    Ги пакува на лаванда да мириса гомното? (facepalm)
    Не ме бендисува накај тера светот :|
     
    На LiquidLuna и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Извинете ако некого навредив, не ми беше тоа намерата.

    Јас мислев на оние со 18000 плата, а ги има многу. И на нив треба да им се честита и затоа напишав дека им честитам.

    А за потенцирање, темава е за сметки, нормално ќе напишам дека сум во странство, дека некој ќе се збуни кое млеко и каде е 5€/кутија.

    Каков наратив на кавга имате некои, да му е страв на човек да напише нешто, одма рипате, цитирате. Не е ни чудно што темава е каша попара.
     
    На dunika, mal.ecka, Freckles. и 12 други им се допаѓа ова.