Ти пиша - алал да им е на оние што живеат во Македонија и како излегуваат на крај, плата не спомна таму
Ако лошо изреагирав, извини. Ми смета перцепцијата за живот во Македонија, општо. И од оние што живеат во странство, и од оние што останале тука. Македонија е синоним за тежок живот и лоши услови. А во реалноста е далеку од тоа, 80% имаат пристоен живот, сопствено живеалиште, автомобил..
Реалниот трошок кај секое семејство е различен во зависност од потребите и некогаш дури и различен кај различни деца дури и во истото семејство. Двете деца ми се ексклузивно доени, не сум купила ад ниту за секој случај. Ниту имале специфични кожи за кои било потребно третман со специфична козметика. Од старт тоа се околу 100 евра помалку од семејство на кое овие работи им се неопходни. Кога решивме да имаме деца две работи ми беа најбитни, добра козметика и здрава исхрана за правилен развој и знаев дека на се ќе скратам ама павличева и такви мити полни нафтени деривати нема да им мачкам. Ако за себе внимавам што шлакам на кожава, не гледам оти за бебе би зела било каква козметика со изговор оти и со таква ќе порасне. Со тоа што има козметики кои се со супер состав и достапни цени. Имав супер искуство со Веледа со првото, и исто ми се покажа и со второто. Со тоа што шлакање многу многу со креми не практикував. Хидрирање кожа еднаш/двапати неделно и за пеленска регија само по потреба, па и ми траат подолго. Освен витамин Д што им давам и на двајцата не ги клукам со ништо друго. Сметам дека без причина нема потреба за ништо дополнително. Пробиотик само по потреба. За првото дете до година ипол секој месец на контрола на педијатар плаќав 40 евра, плус некои вакцини што се плаќаа и витамин Д приватно околу 16-17 евра. Сега контроли на педијатар ми се бесплатни и се што оди на рецепт го земам бесплатно. Тој трошок за второво дете го немам што значи и реалниот трошок од дете до дете, од ситуација до ситуација во исто семејство е различен. На страна работи кои се купуваат еднаш како количка и креветче, месечен реален трошок за пелени и марамици и нешто ситно неопходно што излегува ми е околу 100 евра. Иначе една паралела меѓу двете деца. За првото купував како дупната. Не знаев да се сопрам, а веројатно пола од работите ако не и повеќе од пола, останаа необлечени или неискористени. Поучена од тоа, за второто решив да намалам трошок почнувајќи од гардеробата, така што од гардероба ќе земам прво неопходно, па ќе докупувам по потреба. Второто да е здраво и живо се роди големо и се што имав земено му беше кнап од старт а не ни почнав од најмала бројка. На секои два месеца морав да му обновувам цела гардероба оти се му се скусува. Пелените пропуштаа, или ќе бљуцне или излигави, 3 непредвидени проблеми кои ги немав со првото па ми требаа отповеќе бодиња и шпикозни за пресоблакање на ден. Пробав со сите пелени што ги најдов сите пропуштаа се вратив на памперс премиум, пробав со Хип козметика за второво исто не му одговараше, се вратив на Веледа. Некои работи едноставно не може да се предвидат предвреме и не одат по замисла, со тоа и реалниот трошок се менува. Генерално, едно дете родено и пркнато во Грција, второ родено во Германија, бејби потрошувачка кошница во Грција беше далеку повисока оти се беше и поскапо освен тропалките.
Ок и 30 000 да е плата, а детето бебето да троши 15000, тоа се 50% од платата да оди за едно бебе. И тоа не е ич малку, затоа им честитам.
Кај нас пример како адет останало количката си ја купи свекрва ми и седиште за во кола ни купи, мајка ми коплет цело креветче така да и тука немавме некој трошак, башка што нели и свекрва ми си правеше мекици сите доаѓа носеа облека
Денес купив бебитол д3 и д3 плус омега, 935 ден стварно претерано е, има ли некоја поефтина алтернатива за овие? Барав од др.лео тие се поефтини ама никаде ги нема.
Пливит Д на рецепт се 30 денари. Ако е над година, мултиомега на Бекутан сируп ти е замена за бејбитол омега, 600 ден е трае 2 месеци. Бејбитол ептен фин маркетинг имаат кај педијатриве затоа сите го препорачуваат. Иначе вит Д си е вит Д, бил 600 или 30 денари, тоа е.
Off topic na temata, on topic za komentarot Eli vo pravo e clenkata, toa sto se slucuva po ohrid i struga po bolnici e haos, ne sekoj propust zavrsuva na TV. Eve jas sum bremena, od Ohrid sum i ovde i Struga dete ne nosam na pedijatar. Se izvinuvam za off topic-ot.
Нека ти е со среќа и со лесно Не знам стварно што да речам, не се завршува зошто народот ќути и трпи, во Охрид многу лошо искуство на педијатрија, фала му на бога што веќе не живеам таму, никаков однос ниту грижа за децава, заминав за Струга веднаш го примија, му направија брз ковид тест, имаше гној на ангина, примаше неколку дена инфузии, му посветија и внимание, ми го излечија детето, ова пред речиси година, имам и тука пишувано, мои роднини директ за Струга патуваат во критични ситуации.
Јас комбинирам бејбитол Д3+ омега со Пливит, така ни препиша ортопед. Нема омега за толку мали, ама ова е чист бизнис со капсулите, а погрдо нешто не постои. До пред неколку години само Д3 се даваше на толку мали бебиња, сега на сите ги препорачуваат овие. А имаше некоја афера ко беше големиот бебе со фирмата, ама еве пак се форсираат од докторите.
Само чиста Омега на бабутол имаш и плус ДЗ на пливит да земаш. Тоа малку поефтина варијанта е. Тие се 500 ден омегата , а Д3 на Пливит на рецепта 30 ден некаде. Ако си од од Скопје можеш да нарачаш понекогаш онлајн на Зегин страната имаат 30% попуст на Бебитол.
А да не ти кажам што ги имаат фаќано доктори и сестри што прават по соби кај што се сместуваат деца, а надвор редица се чека. Сестри седнати, разгракани внатре, дете им повраќа во ходник, мајкава се кара дека цел саат чека, а никој нема пред неа и не ја примаат, овие ја обвинуваат дека детето требала порано да го донесе. Не одам веќе офтопик, ама кај тие доктори и сестри дете не носам.
Може да си продолжите да дискутирате за реални трошоци? Ваши трошоци? Ниту ме интересира кој колку троши, ниту пак сакам да знам. Мислењето гледам ми останаа во темава и навистина немам што да кажам на неа бидејќи дискутирав за сосема друга проблематика. Секој си знае што му е потребно на своето бебе и секој се труди како знае и умее и колку може. Како што знам, не ви побарав пари на никој од вас тука за моето бебе. Трошам колку што сакам и сметам дека е потребно. Пак ќе потенцирам, греота е што се мисли дека 500 евра е голема плата. Но, тоа е веќе друга дискусија. Јас не се обидов да потсмевам некој со помалку, туку напротив сметам дека комфорен живот може да имаш со поголема плата. Кој како си сфати понатака не е моја вина. Убаво напиша една членка, Кардашијан троши само за трепки 500 евра месечно, па да земам ортома ако не. Ниту сум пишала дека некоја е помалку мајка, ниту ништо слично во таа конотација. Од друга страна, навреди еден куп упатени према мене. Живејте си го животот како вам ви одговара, јас ќе си продолжам да го живеам својот како мене ми одговара. Ако толку ви е полесно, не трошам цели 500 евра месечни трошоци за бебето, но поголемиот дел ми оди. Мислењето беше, поради потребите на моето бебе, јас сум во неможност да заштедам. Толку требаше да се сфати, а не матрици да се решаваат од мојот пост.