Има и спа или базени за бебиња. Овде има и масажи. Има и амбуланта за да ги учат да спијат. И не гледам лошо во тоа. Светот оди напред. Нормално е да има новитети. Еден ден ќе станат нормални.
Јас од старт давам само д3, пливит, па Вигантол. Многу јак бизнис е Бебитолот,можда чинат, можда не, не знам тоа, ама јаки пари се у прашање за д3 кое приватно кошта 100-150 денари, а на рецепта 30. А трае повеќе од 1 месец.
Ја за во Струга зборам, за Охрид не сум компетентна да кажам зошто незнам, само знам дека 3ца доктори од Струшка педијатрија се од Охрид, можат некако да направат да функциунира колку толку.
Види некој да ти донесе вигантол од Бг, Србија…. Пливит ептен горчат . Син ми ги повраќа не ги може. За омега мислам Антоние ми спомна молерс може од 6 месеца. Баш ќе прашам на следна контрола барем и двајцата ќе ја пијат истата. А и овие бебитол не сум сигурна дека сум дала цела доза. При отворање обавезно малку ќе стиснам и ќе истече.
За омега не знам, ама за Д3 поевтино излегуваат од Џејмисон зошто иако се околу 900 денари едно шишенце се користи неколку месеци затоа што има 360 капки во него. Една капка содржи 400IU. А и не горчат како Пливит.
ј Можеш Молерс Ели од 6м до 3,5 год. 2,5 мл.Мојот го пиеше до 2,5 год. Молерсот па се префрливме на друга омега.
Мене навистина ме интересира на што би оделе над 200 евра за бебе,освен за АД,него го тргам настрана,јасно е колку е скапо. Можеби ќе имаш еден месец повеќе трошок ако се разболи,ако купиш чизми,јакна...ама секој месец? Не може таков просек да се земе некако многу ми е,навистина би сакала некој да сподели.
Инцидентни трошоци може да доведат до 200 евра. Пример, треба јакна и скафандер у еден месец. Следниот треба преглед на доктор редовен на приватно, истиот месец одиш и на преглед ради болест, крвна слика и контрола. Ако одиш на приватно 4200 е еден преглед у Систина. Пресметај. Количката се скршила... Пак 200 ЕУ Блендер кога ќе прави 6 месеци за кашички. 200 ЕУ. Одмор, плаќаш на поскапо место ради локација... Да има доктор, болница и продавници за се во близина за да не притреба. Ама ретко е тоа и не секој исто прави.
Инцидентни баш. Е сега ова со прегледите јас не го зедов во предвид бидејќи одиме кај матичен а ортопеди добри исто имаме на државно тука во св.Еразмо,крвни слики се на државно. Во Скопје од тој аспект е полошо,ама па за здравје не станува збор,тука нема компромис. За блендер,рачен блендер или нутри булет мислам има секое домаќинство и пред бебе,така е во мојата глава нз,можеби грешам,добро е што се разви ваква дскусија.
Само памперсот е 3600 (три пакувања )ден месечно (памперс актив ) Марамици памперс 100 ден (еве на акција 400ден повеќе пакувања ) Ете ти 4000ден од старт .Еве јас не сум по готвењето до скоро 1година му купував по 3/4 каши /оброци .(една каша кошта 80 ден минимално) Овошје,зеленчук тоа е плус од кашичките. На сето тоа д3 капки 600ден месечно .Козметика 500ден минимум месечно...Не цицаше ,само на Ад е ,и после како над 200ев сме трошеле..
Па добро еве објасна,значи многу зависи и од стилот на семејството,тоа што не готвиш ти е многу поголем трошок за кашичките,не сум помислила и на ова,затоа прашав,сакам да прочитам разни мислења.
Кога сме кај алишта да дадам пример. Купувам боди од 200ден и од 400/50 Тоа што е од 200ден ,при прво перење ќе се собере и ќе го фрлам по две носења.Тоа од 400има подобар материјал ,и бебето барем 10пати ќе го облече.
Тоа дефинитивно е така,пробано ми е,поефтините се лош крој,неквалитетни и најнајлошото пуштаат боја...never more.
Земи пример за шишињата .Кога се роди му изнакупив скапи шишиња Нук ,и ми траеа мнолгу "долго " Оваа година ,свекрва ми му зема од марката Wee и ми се чини низ џам да ги џитнам .Не се чистат убаво ,некогаш мирисаат на пластика.Нормално дека повеќе се исплаќа поскапо шише,за подобро искуство.
Значи дефинитивно,многу повеќе "кошта" детето ако не е на доење,ниту шишиња ниту цуцли купував,само пред да се роди колку да имам за секој случај,после ништо не ни требаше,затоа не ми се јасни сумите на месечно ниво,сега вака кога размислувам има смисла.