И ајде ќе напишам уште еден пост. Пишувате дека членките што читале косата ќе им се крене.. Еве не сум породена и правам пресметки колку ќе ме коштаат основни трошоци, се раѓа бебево и ете проблем со пелени, со повраќање па треба менување млеко (ние имавме таков проблем со рефлукс а знаете колку е скапо анти рефлукс млекото) имаат проблем со кожа и трошоциве излегуваат плус 150-200€, што ќе биде? Па подобро е да се знае пред време дека не секое дете може да помине со евтино и минимални основни трошоци.
Мислам дека @danichap кажуваше за истражувањето на дав .По една недела користење , во мокраќата на испитаниците нашле канцерогени супстанци . Дани ,ако сум се помешала сори.
Еве јас ја имам таа мака. Чисти Пливит го брише јазикот , со млеко во лажиче ги повраќа и тоа ќе се напне да поврати. Во флаша млеко не го пие млекото, а АД пие на Холе и е прегадно самото млеко, ама ете капките ги осеќа. Зинат пиела и сум немала проблем, ете незнам ама одма знае дека нешто не е како што треба да биде. Цеден цитрон нема гајле го пие , јаде и луто и кисело, чоколадо ќе касне еднаш и ќе ти го врати, ама капкиве на Пливит кај и да ги ставам она осеќа. Можеби да и ги давав од почетокот ќе беше ОК.
Купив процесор на Бош за 5000ден, Хуром да купиш може и 200е ќе те фати, ама имаш пристојни блендер за помалку од 100е. Оние пасатори како стикови се по 2000ден. Епа јас знам дете што му ја има изгорено кожата Бекутан маслиново, мене ми има изгорено кожа лосионот за после бањање... баш и не е безбеден избор. Мислам дека не е за тоа дискусијата, туку се почна од муабетот 500е, сумата, цифрата, а не ти и тоа ти што трошиш. Види ти можеш ако сакаш и 5000е да трошиш, апсолутно твое право, пишав и во првиот пост, не ме чудат цифрите кога гледам во темата Последно што купивме за бебето колку нарачуваат од Некст, па Бибс, па триста работи кои реално не се основни работи. Ако збориме за основни работи, особено за мајка која дава ад не дои, премногу е, не е реално. Чекајте малку другарки, од кога овој тренд со Омега? На големото не давав до 1г, после тоа излезе Молерс и давав. Јас го знам бенефитот од Омега и на своја кожа сум го осетила во фамилија, јасно ми е, ама толицко бебе, штоќемуе Омега. Јас да одев да земам се што ми препорачаа со тоа ливчињата од болница, рамно 100е немаше да ми стигнат, ќе почекам, ќе ми каже доктор што да земам и тоа ќе дадам, во болница ги заболе за моето дете, уште една бројка, матичниот ми е важен што ќе каже, а тој никогаш не ми дал ливче со негов потпис и печат и тоа ми е и повеќе од важно. За големото се даваше вит Ц и Д3, нит мулти нит Омега, сега ова на тежок бизнис ми личи. Јас на доктори што даваат ливчиња со печат и потпис не верувам. Мене дерматолог ми даде ливчиња за 4 креми за една едина точка на синко на раката, божем имаше којзнае каква егзема. Нормално дека ништо не купив.
@AngelOfArh омегата нели се дава за развој на мозочето? Зашто нели и во пренаталните ја има тогаш. И дајте стоп со препукување. Да имавме сите исти трошоци темава немаше да е отворена за дискусија туку ќе беше информативна само за читање. Секоја мајка троши онолку колку мисли дека треба. Не е грев да се користи скапа козметика иако нема реална потреба за тоа.
Има евтини и скапи. Секој треба да си одбере каков му одговара. Секако е трошок. Ако е супер евтино, супер брзо може и да се расипе.
Да ама од кај сеа наеднаш Бебитол извадија Омега и сите со ливчињата, кај беа пред 6-7г. Јас имав бебе пред скоро 7г и никој Омегата не ја спомнуваше за новороденче, понатака после 1г да, дури и нарачував од странство подобар Омега препарат, од кај сеа наеднаш Бебитол Д3+К1, само Д3 и Омега, у аптека израчунаа некни сите 3 препарати некои 1500 излегоа. И јас сум за да се прекине со препукување, ама здрава дискусија не е проблем мислам. Ама јас ти зборам за квалитетен блендер/процесор што го користат и во ресторани, 5200 од Нептун, муабетот е дека има поефтини а квалитетни, ти или било која ако сака и Хуром професионал од 600е нека купи, сеедно ми е мене. Инфо споделувам.
Нели бебитол Д3+ К1 се дава само на деца кои се дојат ,а не на тие што се на АД ? Моево не го доев,од болница ми беше заокружено Д3+омега,другото стоеше на дел доење. Јас му давам се уште Д3+ омега ,не го купувам тоа со само омега без Д3 Кога и да одам на лекар за бебето одма прашуваат што бренд на омега и д3 користиш..секако дека е бизнис.
Јас прашав педијатар, дали бебитол д3+к ми рече било кои, користевме на диетфарм. Д3 твист капсули не најдов други па земав бебитол.. никој не ми наложи дека баш тие се најдобри
Дојам јас. Добив ливче со сите 3 штиклирани плус Бебитол Неонато пробиотик ( тој секако сакав да го земам зошто најмногу препораки добив ) и плус Бебитол мултивитамини. Премногу мислам за бебе новороденче. Башка што е денот, а во мајчиното млеко има баш се. Не се правам паметна, само мислам дека повеќето од трошоците се наметнати од докторите кои добиваат од нас заработка па шараат само ливчиња.
Не знам зошто пред 8 год не ми кажаа дека омегата МОРА да се дава на бебе. Само Пливит д3 ни препишаа. Сега матичната ми рече до 3месеци, после да продолжам само со д3. Така и направив. Последно го пратив мм во аптека да земе д3 и аптекарката му рекла џабе ви се кога не земате омега. Маж одма ми звони на тел избезумен да купел. Се е ланец, поврзано, за бизнис.
Плус на сите им ставаат инекција витамин К по раѓање. И јас пред 7 години на големиот само Д3 Пливит му давав или Вигантол, ама сега истото ливче го добив во Плодност. И штом ќе ти речат одма ти е мисла и ќе купиш.
Се сестро, се, ливчиња еден куп, ги чувам утре на Виктор да ги покажам само и во канта. Ич не ми е на мисла, ич! Немам уште ништо купено, ќе си чекам педијатар да ми каже. Безрезервно им верувам.
Епа ако доиш не ти треба д3+ омега само Д3+к1 (пак прашај матичен ) А зошто бе бебитол мултивитамин..тоа е претерано за мало бебе.Бебето си добива витамини од твоето млеко /ад.
Апсолутно. Без нив не сум дала ништо. Не сме давале пред 6 години ниииишто. Само д3 и тоа според ортопед. К се даваше ама тој беше многу евтин. И не цело време. Мислам дека ги паничат мајките непотребно за д а даваат вештачки витамини, а млада мајка уште исплашена па ќе ги купи и најскапите. Доено дете само цицка и д3. Пелени и алишта. Не е скапо.[/QUOTE]
Леле сега ме замисливте со омегата.јас не давам..само д3 на големата..скоро 3 години ќе прави...ми нема кажано матичен доктор дека треба. На бебево повремено му давав и него престанав.