И тажното е што нашите деца примаат вештачки д3, оти сме во земја со 300 сончеви денови, не сме Норвешка. Ама ретко кое дете е на сонце до 12 саат секој ден.
@Серотин иако ми е во матно сеќавање, да, се сеќавам дека читав извештаи од лабораториите кои тестираат производи и кај дове имаше дискутабилни состојки. Истото и за бекутан го имам читано, дури и на форумов на некоја тема се имаше дискутирано, дека нема добри состојки. Не знам колку се актуелните цени, но мислам дека бејбилове и алверде од дм се со прифатливи цени а квалитетни. Тука, Германија, само вит Д даваат за бебиња. Омега јас потоа на своја рака, молерс давам. Од тука прв пат читам дека е задолжителна за бебуши.
И капкине за грчеви се голем бизнис ама ај .Моето немаше ептен големи грчеви ,му давав привремено диастоп (500ден ) Познавам мајки на кои децата им имаа страшни грчеви,се изнададоа пари за различни марки,и резултат само пропаднати пари . Кај тие дечиња грчевите се смириа сами од себе со тек од времето ,а не од бизнисон на капки.
Па убаво си напишала, немало многу грчеви. Јас до ден денес барам решение. Маркетинг, профит или не, не можам да го гледам како се мачи. Ќе пробувам се и сешто. Што повторно се доаѓа до заклучок дека трошоците се индивидуални, што по потреба, што по избор.
Штом велиш дека бараш решение значи многу производи си пробала и ниеден не помогнал. Што значи... Сепак и не е до капките, сите деца го минат истото. Можеш термофор да му ставеш и масажа да правеш. Кај моите масажа помагаше. Братучетка ми сите капки ги купи и од ниедна немаше ефект
Не е на темата, кога почнав со храна, му се среди мешето и убаво кака. Исто,највеќе подобрување осетивв кога прекинав со се, не давав ни пробиотик, ниту за грчеви. Е сега може не сум репер, зашто него и од антибиотик пиење му се напраи лом мешето на 4ипол/5месеци.
Во странство кај што живеам, на заминување од болница добив на рецепт само вит Д, апсолутно ништо друго. Вит К добиваат одма по раѓање, со инјекција. Никој не спомна дека К витамин мора и понатаму да продолжи да пие во комбинација со Д витамин, овде читам повеќето така давате на бебињата. По препорака на патронажната воведов пробиотик дури откако му почнаа грчеви. После три месеци, решив да паузирам и со пробиотик, значи моментално давам само вит Д во форма на спреј, бебе е скоро 4 месеци и супер напредува. Ни педијатар, ни ниеден друг доктор не ми спомнал дека мора да се дава омега 3, К1, не знам какви мултивитамини, сирупи што гледам дека на сите ви даваат. Малиот имаше и ковид (прифати од мене), и матичната и на ургентно ни рекоа само доење и чепче парацетамол доколку му се качи температурата над 38, апсолутно ништо друго. Каков бизнис си прават кај нас со суплементи, како и со сѐ друго за бебиња, неверојатно. Не случајно бизнисот со производи за бебиња е еден од најлукративните, фаќаш млади мајки на сентимент и апсолутно сѐ можеш да им продадеш зашто која мајка сака нејзиното дете да биде лишено од нешто и да нема сѐ што треба, па така ќе купи и проба сѐ, поготово нови продукти препорачани од доктори поврзани со фармацевтски компании и дистрибутери за кои е јасно ко ден дека добиваат процент од продажба.
Е да си ми жива и здрава за муабетов. Заклучок на темава. Се е бизнис и се е реклама, така било и пред 30 години кога јас сум се родила и сега кога ќерка ми се роди. Со тоа што за разлика од мајка ми, јас имам интернет и милиони информации на дофат, па со еден клик можам да прочитам дали нешто е навистина добро за моето дете или само некој добро заработува на мој грб. Изборот е ваш.
Ние сме во иста држава, која води огромна грижа за децата, особено новороденчиња. Освен витамин Д, друго не треба. И си го добиваш на рецепт. На толку мало бебе греота се сите оние вештачки суплименти. Ич не ми е намерата да внесувам тензија и друго, ама прилично треба да се размисли и да се испита зошто Мк дава волку суплименти на бебе. Посочете друга држава која вака прави. Еве, не има членки ширум светот. Не дека има штета, за ова не сум доктор, ама ве удара и те како по џебот.
Не би да навлагам, не е тоа темата, а и не сум стручна, ама според се што имам прочитано и што ме имаат советувано, секако дека толку суплементи прават и штета. Тие што имаат близок во аптека, треба да знаат за целиот тој бизнис.
Искрено ќе кажам, не ме тепајте, за надвор од форумов како се осеќам. Давам само д3, и во разговор со мајки што ги среќавам се осеќам ненормална, како не давам друго... Мода е тука. И да. Само тука.
Скоро се е бизнис. Еве и за садовите од бамбус што испаднаа дека се штетни, а се рекламираат како многу добри. Што им фали на садовите од кои јадеме сите ние, па мора бамбус да е? Искрено прашувам зошто садовите од бамбус се подобри од керамика,порцелан,стакло?
Ваљда дека се убави шаренки, не се кршат... да не се исече бебе... Не знам, немам, од наши тањирчиња јаде и некои од дада му што останале. Чак и директно од лонче јаде да не прљам повеќе треба и да се мие
Верувате дека се што многу се рекламира, ми е страв да го купам. Пред 7 години коа беше мала големата Babylove беше непозната марка скоро. Нит реклама имав видено, нит цени до плафон. И сеуште нема. А е со ниски цени. И ден денес знам да се воодушевам на производ шо прв пат го гледам, а чини 100 ден. Дали знаете дека имаат чај за доилки од 89 денари дпста ефикасен? Не е 200 ден. А за Бекутан, да ви кажам право само тој мирис ми е мирис на бебе. Можеби потсвесно од детството. Користев за ќерка ми, тогаш за мекици Бекутанчиња изнадобивав. Бебе нејќепе никакп да се бања, пишти, очите жар црвени. Почнав јас да се бањам со бекутан. Така сфатив колку лути. И ден денес знам да си купам помада, млеко за тело, ама за себе, не го мачкам бебе. Е сеа прашакот за бебе го користам Бекутан, кажете некој пристапен за џеб а нетоксичен?
И мене вчера ми го фалеа Виолета. Се чудам како не ми текнало да го пробам, со оглед на тоа дека Виолета влажните со вода ми е најдобри. Ама и Зегин не се веќе тоа шо беа. А дадат прозивод на акција, одма го нема. Ресовно следам акции, попусти, и оваа недела во Зегин единелно паковање влажни Виолета бели е 51 дена. Оди маж во аптека, се потрошиле као. А 3 заедно се околу 190 ден.
Не го сака за жива глава Принцезата само на Babytol отвара уста Ќерка од Виолета се исфрла. Персил користиме ние
Ааа тоа е веќе нешто, мора да земе. Секој денар е битен, а реално скапи се по редовна цена. Ептен се исплатат вака. Фала ти.