На Sleepy се убави влажните марамици и многу поефтини за разлика од Виолета,Persil sensitive детергент користам од бебе до денес,во Кам 2.5л е нецели 500 денари.
Мене па апаратчето ептен ме спаси. Прво, Не фрлам веќе по пола пакетче од марамиците ( зошто не ги затворам убаво,поготово мм па на пола пакетче веќе се суви ) . Второ , детево не урла коа го бришам. Онака одвај успевав да го забришам, ич не трпи ладни марамици. @AngelOfArh и мене од Чаир ме испратија со еден куп ливчиња за витамини, ширупи , па дури и ми напишаа кои пелени ( канбебе ) и која козметика ( мислам Еко една беше ). Све фрлив на само излегување . Првиот месец давав бебитол со К2 после тоа само д3 Пливит . И ден денес само тоа давам Кога имаше грчеви давав малку пробиотик и капки ама тоа 2-3 недели. Сирупи за имунитет, омеги чуда врагови се уште не сум дала . Не знам од кога е тоа Вирантото, мислам од 2 год . Е тогаш ваљда ќе го почнам него
Влажните се топ. Ги немам сменето од раѓање, често ги има и на акција. И релативно евтини 3 пакувања 160 денари. Така нешто
Мене па ич не ми се свиѓаат. Не знам дали се истите, во картонска кутија, тие ли се? Не се доволно влажни, не бришат убаво, дебели се ептен, башка 50 бројчиња. Тие на Бејбилав што ги зимам се 320тина ден, ама се тенки, убаво бришат, само вода се и 4 парчиња во едно пакување со по 80, некако повеќе ми се исплатат. Бејбилав 1 пакување од болница до сега ми траеа, 10 дена, овие 1 пакување за 2 дена отиде, воопшто не ми бришат, а моево коа ќе се укака, мислиш јадел кари, жутаици е цел газ.
Кои конкретно на sleepy? Гледам повеќе врсти имаат со наводно 99.5% вода. Ние од почеток сме на виолета, страв ми е да менувам, ма да и малку марамици користиме, месечно 3-4 пакувања, повеќе на вода + babylove туфери сме или вода + тото суви марамици.
А да си жива и здрава за муабетов. Од порцелан нема подобро, се мие најлесно и најлесно се стерилизира, од кај сеа обоени тањирчиња пластични подобри од обична чинија.
Нее, не се во картонска кутија. Обично пакување Да не ти сликам колку се мокри, маж ми седнал будалата врз нив, не ги видел, шо ги наседнал сега шета со мокри пантолони По 60 парчиња има во овие
Каква шуга држава сме значи!!! Абре бизниси прават на сметка на најмалите, со производи со благокажано сомнително потекло, еј! Има ли закон во оваа држава?!!! НемогуЌе 90% од педијатриве да ги препорачуваат бејбитол и никој не земал да истражи што всушност препорачуваат и зошто? Гарант некоја многу битна фаца има дебел профит од ова. Туку... ај овие профитериве што профитираат, ама и мајкиве бре?! Па, не сте необразовани мајке му!!! Јас не знам како дозволувате некој вака да ве вози?! Не сте се запрашале зошто сме ние една од ретките држави (ако не и единствена) каде што на децата од раѓање им се препорачува Д3 со омега? И не ви е чудно што само една фирма во МК го има токму тој состав? Не ги знаете аферите за таа фирма? Не се одамна, пред неколку години се. Ако добро се сеќавам излезе дека „лекарствата„ на дотичната фирма се произведуваат некаде во некој подрум во Швајцарија или Полска беше? Некој со подобра меморија можеби подобро ќе објасни за тогашната афера и скандал. Беа повлечени Д3 со К чинам имаше комбинација од тоа време, ама еве сега пак со нов производ партал прават. Не се залетувајте туку така, размислете прво.
@An-na да, јас се сеќавам убаво, фирмата ја немаше во Швајцарија и само на наш пазар ги имаше производите, фабриката т.е подрумот беше во Полска. Не знам за сега, претпоставив дека е решено и дека било се легално штом ги препишуваат сите, зошто имаше мајки што испратија од капсулите за проверка што и како содржат. Тројца педијатри плус ортопед ни ги препишаа за малата. Од истата фирма се и лепенките Спиранто (респиратол) и Виранто сирупот што сите го користиме.
Ќе може некој линк да ставиш? Јас првпат слушам за ова, се стаписав. А со ова новиве мајки, стварно треба да истражувам за све шо ми препишале доктори и се продава во аптека? Па од болница кога ме испуштија ми препорачаа бејбитол д3 со к1, од болница!
Еве и @kristina.k погоре пиша за аферата. Ако најдам некој линк, ќе споделам. едит Еве најдов линк од дискусијата што се водела на форумов: https://forum.femina.mk/threads/Иск...рапии-медикаменти-прегледи-и-сл.27902/page-13
А како после они ќе го шетаат цел свет? Благодарение на тие дадени ливчиња на нас овците. Газдарица на аптека( ова да не го сфати некоја како навреда може има бизнис ист) секој месец, може и два пати шета некаде заедно со неколку докторки од градов. Нивната вработена кажува дека благодарение на овие ,,бизниси,, тие го прошетаа цел свет.
Не се овие. Ама за секој случај јас си земав пак Бејби лав. Не ми се свиѓаат овие. Ќе им дадам уште една шанса на овие твоиве па ќе видам. Инаку барав Слипи мало пакување 1ца, немаше, нема подолго време, а баш сакав да ги пробам. Ќе ги пробам здравје понатака, некако со цени ми се ептен фини. Ама зар не ви е јасно тоа со ливчињата? Чим има потпис и печат, тоа е јавна тајна веќе.
На тоа се сеќавам и јас. Упорно во Мк ми нудеа од нив витамини и секогаш ги одбивав. Златна Плива, ем поефтина, користат некои си сомнителни. Па и К даваат додатно, а бебињава примаат во болница инекција. Многу пати пишувам за преголемата употреба на витамини и секогаш наидувам на контра коментари. Лошо завршува дискусијата. Затоа и се откажав да споделувам. А јас и во Мк не давав дополнителни витамини. Ама еве си знаат мајките. Не се ни они толку виновни, секако ќе слушаш лекар. Ако сакате Омега, за деца над три години давајте Есприко. Многу се добри.